Комплетно уништување на Star Wars од кога го купија дизни.
Прво, грешка во чекори при правењето на сценаријата, како за илустрација помеѓу првата и втората сите епизоди се најмалку 3 години разлика. Сценариото треба да одлежи, да е прочитано од неколку стотина пати и толку пати анализирано. Дијалозите од 1-6 не се нешто сјајни, но барем сценаријата имаат правец и над 90% од нештата се со логично објаснување и знаеш за мотив кај карактерите и зошто некоја работа е таква каква што е, а тоа е така затоа што неколку луѓе седнале и добро ги анализирале сите аспекти на сценаријата, а за тоа треба време што во случајот на Star Wars е најмалку 3 години.
А дизни што направи ? Купи ги правата и одма филм за 1 година и трилогија во најава за 4 години.
И за тоа новите е толку лоши филмови, сценаријата им се многу лошо напишани и без правец. Кога го гледав TFA, на моменти си вика ова е ко пародиите во 90тите (Scary Movie 1,2,3 ...) Многу не сериозен пристап, посебно за Star Wars филм.
Се купуваат правата, се викаат сериозни сценаристи, се плаќаат дебело и се пишува скелетот за трилогијата и можните насоки за франшизата во наредните 10 години. А дизни оди со стратегијата плукни залепи и затоа после 4-5 години сите ќе заборават на една од најпрофитабилните франшизи.
Star Wars има толку посветени фанови што секој нов филм може да прави профит барем 1 милијарда, ама секој добар филм започнува со добро сценарио