Star Wars

  • Креатор на темата Креатор на темата џимеј
  • Време на започнување Време на започнување
Note to myself: Немој да користиш Kappa надвор од Twitch пошто никој нема да те разбере :D

Иначе најдов нешто прилично интересно.

5 Reasons Rogue One: A Star Wars Story is a Dark Forces Movie In Disguise

Да се надеваме дека претпоставките се точни и дека ќе видиме некоја верзија на Kyle Katarn во Rogue One, макар и со сменето име. Jyn Erso звучи премногу слично на Jan Ors за да биде случајност.
 
Ете конечно и јас го изгледав The Force Awakens, и првите импресии ми се онака, мех.... не викам дека филмот беше лош, напротив добар беше, ама не до толку да го фалат како првите делови правени во 70-те и 80-те. Премногу се хајпна филмот, се разбира имав големи очекувања, и на крај си останав разочаран до некој степен.

Имаше многу клишеа во филмот, почетокот ми делуваше исто како The New Hope од 1977. И незнам зошто, ама Реј и Финн постојано во текот на филмот ми одеа на нерви. Воопшто не беа добар пар на екранот, нивната ај да ја наречам "љубов" што постојано ја верглаа повеќе од 2 часа стварно го расипуваше филмот... никаква хармонија меѓу двата лика.
Кајло Рен беше добар, се додека не ја извади маската, и не го покажа тоа педерастично лице... каде бе одбрале таков актер со таа нежна фаца? Како го одбрале? Зошто го туриле во филмот?
Други недостатоци се тоа што C-3PO и R2D2, нели како култни ликови во франшизата, не се појавуваат доволно на екранот. Ги ставиле таму, ете колку да не ги заборавиме (n). Од друга страна пак BB-8 беше симпатичен :X3:

Доброто во филмот се ефектите, стварно немам замерка за тоа. Додади ги и тука старците од првите три дела. Леја премногу е изменета, гласот и мутирал до непрепознатливост (ваљда ради дрогите што ги земала после Return Of The Jedi). Харисон Форд ис биинг Харисон Форд, страшен тандем си останаа со Чуи. Скајвокер остарел достоинствено, штета сакав повеќе да го видам во филмот, а не само во последната минута :(

Се на се, како што пишав добар беше филмот, ама имаше недостатоци, од мене 7/10 оценка. Незнам дали да ги гледам новите Стар Ворс филмови што ќе се прават, некако ми изгубија смисла, има право некој што пиша поназад, ко шпанска сапуница станаа. И како да кажам ова.... кај иде бре Стар Ворс без Хан Соло :place: Пу да ти ебам Фордот, како остаре како се запусти :(
 
(y)(y)
Cfh4SNZVAAAgpbA.jpg:large
 
Криво ми е шо овој исто ќе биде прејак, а тоа хејтерите хипстерски пак ќе го хејтаат. Едвај чекав ваков некој spin off да излезе, и супер е што живееме у golden age за Star Wars фанови, кај што добиваме квалитетна визуелизација на све што сме сакале.

Освен хејтерите шо хејтаат само пошто се хејтери, хејтерите се говна, стоп за хејтери.
 
Мyeah, се има некаков по дифолт репулсивен пристап кон блокбастерите на Холивуд, без да добијат истиве шанса за реална оцена.

Се створи огромен хајп околу SW7 со маркетингот околу филмот кој беше глобален, тотално насекаде го имаше... ама и оправда огромен дел од очекувањата.:toe:

JJ.Abrams напиша предобро сценарио и направи огромен потег со тоа што створи простор за премин и продолжување на Ѕвездените Војни во нов правец, без притоа да го наруши концептот и трејдмаркот на франшизава која веќе има естаблирана фан база која очекува некои стандарди да бидат исполнети. Job well done JJ.
 
Конечно и јас го изгледав The Force Awakens, и нормално, ред е да искоментирам. :)

Филмов воопшто не е лош, но не можам да го наречам ремек дело. Ќе треба да помине малку време да ги средам впечатоците, па и да го гледам повторно, но сега за сега ќе кажам дека е ок. Се уште имам поделени чувства околу тоа дали воопшто требаше да се снима нова трилогија, или ако веќе се снима, дали мораше да се поврзе приказната со старите ликови. Зашто сите работи што не ми оставија добар впечаток се поврзани со таа конекција со старите ликови.

Хан и Чубака уште се закон. Мислам дека колку и да снимаат Star Wars филмови во иднина, пак нема да се појави поголем фраер од Хан Соло. Еден од најголемите филмски ликови во историјата. Е сега, кога веќе го враќаш во приказната на толку стари години, логично е да умре. Уште пред да го гледам филмов бев информиран дека Хан умира, па може затоа не се потресов многу поради ова. А и сцената со нeговата смрт беше една од најдобрите во филмот. Мене повеќе ме потресе тоа што Хан и Леа не се баш заедно. Точно дека она со синот има влијание, но сите замислувавме дека си живееле среќно после епизода 6. Тие се еден од најјаките филмски парови, па не беше лесно да ги гледам вака стари и со толку многу проблеми меѓу нив. Лук ќе го видиме во следните филмови, премалку беше во овој филм за да се коментира било што.

Новите актери испаднаа добар кастинг. Реј и Фин се интересни ликови. Добра е и идејата еден од главните ликови да биде одметнат stormtrooper. По Дамерон го видовме премалку, се надевам ќе биде тоа исправено во следните филмови. ВВ-8 е закон, мене дури ми се допаѓа повеќе од R2-D2 или C3PO. Инаку за потеклото на Реј, мене мислите ми се во правец дека или е ќерка на Лук (што би било невидено клише и премногу очигледно), или е во некаква роднинска врска со Оби-Ван Кеноби (не знам дали се врти ваква теорија, мене ми се чини возможна).

Кајло Рен е добар негативец, а има уште повеќе простор да стане уште поголем badass. Едвај чекам да го видиме со полн тренинг. Е сега не мораше баш да биде син на Леа и Хан, не мора се’ да се врти околу една фамилија. Може ќе беше подобро да биде само одметнат џедај, опседнат фан на Вејдер. Ме изненади моментот со вадење на маската, пред тоа мислев дека и тој има некаква лузна или изгореница, па тоа е една од причините што е опседнат со дедо му.

Најголем минус е што приказната е многу слична со A New Hope. Очекував нешто поголема оригиналност од Џ.Џ. Абрамс. Но, можеби намерно се отиде со проверена формула, да им се даде на фановите она што веќе го искусиле и што го сакаат во франшизата. Па во наредните филмови се надевам ќе ни подготват повеќе изненадувања.
 
Вилијам и Хари биле во посета на Е-VIII сетот .. #LuckyRoyalBastards #LifeGoalAchievement #HugTheHellOutOfThatFurBallSinceLeiaDidnt :place::place:
13047752_1006318852749994_470499968945775821_o.jpg
 
После пола година од премиерата, конечно го изгледав :love:
Бев дисциплинирана и не ја отворив темава ни еднаш, ама и без тоа ми ја спојлнаа смртта на Хан Соло (n)
Како и да е, малку импресии сега...
За разлика од поголемиот дел овде, јас Абрамс не го ценам многу како режисер и искрено очекував дека филмов ќе ме разочара и ќе ми ја сјебе цела франшиза до сега, на моја голема радост тоа не се случи и филмов rocked my world.
Стварно мора да ги пофалам сите за реализацијата, дури и Рен, за кој што бев скептична, зашто well не е баш intimidating лик. Дури и кога ја тргна маската искоментирав дека е како Prince Charming, меџутим како што после установивме крв није вода, а ликот е сепак син на принцеза, па мора да има и нешто princessy во него.
Реј беше одлична, Дејзи го долови fierceness-от на Skywalker линијата фантастично, најголема 10ка за неа.
Аll in all многу убав homage на A New Hope беше, многу сум задоволна.[DOUBLEPOST=1463181073][/DOUBLEPOST]
Се на се, еден пристоен филм од серијалот на „Ѕвездени војни“.

Ако веќе се залагаш за превод на англиски наслови, get your facts straight и не измислувај.
Star Wars e веќе преведен на македонски како Војна на Ѕвездите, твоите аматерски преводи никој не сака да ги чита as it is...
 
Последно уредено:
Срце, ај прочитај што си напишала уште еднаш и пробај да го разбереш тоа. Јас не успеав, а ни гугл преведувачот не успеа да го пронајде јазикот на кој пишуваш.
 
Логиката вели дека Star Wars би се превело во „ Ѕвездени Војни“.

Реалноста вели дека Трпе Грозни е смор, што не ја сфаќа иронија на неговото алтер его на форумов.

Ајт, замина на игнор !:drk:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom