Star Wars

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.223
Најубаво ќе биде да не биде поврзана со никого, онака рандом џедај што покасно и се разбудиле моќите. Ептен шпанска серија ќе се направи ако испадне внука на оној или ќерка на овој.
 

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.829
Поени од реакции
24.223
Е ова е тоа што требаше да биде Star Wars VII минатата година. Значи прејак е филмов, најдобар Star Wars movie до сега (океј под импресии сум, сеуште најдобар Star Wars ми е Empire Strikes Back). Значи не дека Episode VII ме разочара, али после пост од 10 години без Star Wars филм, кога сите бевме во исчекување за нешто најјако на свет, токму Rouge One е тоа што требаше да го добиеме.

Од карактери, до акција, до приказна се има филмов. Буквално одличен (5) оценка му давам. Нешто ново е, ама сепак го има оној шмек што го имаа првите Star Wars филмови, шмекот на оригиналната трилогија. Го гледаш филмот и си викаш, абе се е супер ама ми фали малце light saber action и ја покажуваат последната сцена кога се избацува Darth Vader и целиот тој начин како го спојуваат филмот од Episode III до Episode IV.

Браво, стварно не знам кој е режисерот, обично не ме интересирале вакви ствари, али си ја завршил задачата многу добро. Се надевам дека ќе режира и други филмови на Star Wars во иднина.
 
Член од
5 декември 2014
Мислења
379
Поени од реакции
384
Све беше pitch perfect изведено, освен клучното, карактерите. Од тоа пати цела франшиза веројатно, се постави недостижен стандард во блендот на оригиналните ликови, но и покрај тоа овие во Роуг 1 немаа вистинска прогресија и обработка. TFA иако тежок рихаш сосема задоволително втемели нов дух на ликови и нивно поврзување. Ниеден силно впечатлив лик ако се иземе Вејдер, Креник беше тажен во улога на антагонист, од сајдкарактерите може да се издвојат само дроидот и пилотот дезертер, протагонистот еднодимензионален.... плотот без сериозни проблеми, темпото,раскажувањето све супер само што не се успеа тоа да го пресликаат во карактерите уверливо, а тоа апсолутно не е вина на актерите туку на текстописците.
Што се однесува ефектите,cgi и физички, ко што кажав перфекција... режија,сетинг,визуелни а пред се звучни ефекти(со акцент на чекорењето на теренците) беа страотни, ретко добро озвучување за некој филм во синеплекс.
Голема пофалба и за 3дто, само во Civil War i Mad Max во последно имам видено толку длабински и неприлепувани сцени.
Ова е филм кој ги усмерува сите можности на технологијата во своја полза, филм кој додава на вредност гледан на платно и повеќе од тоа не треба да се очекува.
севкупно препорака за на кино во 3д.
 
Последно уредено:

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Филмот беше интересен, али воопшто не даде нешто конкретно, туку си беше и самиот филм таков каква што беше неговата намена, едноставно некакво надополнување.

Ликовите беа безвезе, со многу непотребни ствари (Форест Витакер cameo-то на пример). Искрено не запамтив ниедно име освен она на Jyn Erso (а верувам дека немаше ни тоа да го запамтам ако не читав ништо за филмот пред да го глеам). Може вода да им носат на ликовите у седмицата. Меѓу нив немаше никаква хемија, едноставно беа mashed up together, не ни одвоија време за да имаат некаква меѓусебна комуникација, делуваа ко дечки што случајно се нашле у лифт и не им се праи муабет меѓусебно, али ајде пошто мора да пројдат некое време у иста соба заедно па праат некој лаф муабет.

Исто така, не дека го хејтам дроидон K или нешто, али цел ебан хумор го стаија врз него. Онака, ликот беше само за да праи заебанции. Tell us something funny bro! Не иде тоа така, не моеш да имаш само еден pun guy у филмот, а другите да се без врска. Мислам, да се вратиме на сите ликови порано, па дури и Phantom Menace се дешаваше Qui Gon, Obi Wan, било кој да напраи заебанција, иако Jar Jar беше дворскиот шут у филмот. А овој K испадна Jar Jar за сиромашни, бетер и од него. Мораше да го жртвуваат на крај едино за да се деси нешто океј со ликот, а да не биде stand-up comedian.

Приказната беше просек, али ајде, тука може да се рече дека немаа многу со што да работат, пошто знаевме од New Hope што се десило со нив. Мислам дека го искористија максимално потенцијалот во тој поглед. Сепак не осетив многу емоции дур го гледав, не ме болеше кур ни за Форест Витакер, ни за родителите на Jyn, ни за слепиот и другарчето му. Едино може само крајниот дел, кога ја рокнаа базата и умреа двајцава главни направи некаква емоција. Од друга страна, апсоултно се согласувам дека добро беа изведени ефектите и начинот на кој се случуваат работите. Најинтересно беше кога бунтовниците се бореа против империјата, и еден stromtrooper ги нарече terrorists. Чисто онака интересно беше да се види аспектот, како се гледа на бунтовниците од нивна гледна точка и дека не е све црно и бело. Во овој контекст ќе го ставам и Moff Tarkin. Прејако беше направен и супер беше да се види модерна верзија, истиот аутфит, дизајн и све тоа, али модерно направено тоа што го гледавме у оригиналната трилогија.

За крај исто така најбитно а да се напомене крајот (no pun intended). Крајот беше фантастичен. Сакам жими све последните 10 минути уште минимум стоп пати да ги изгледам. Филмот му даде една нова димензија на Vader, да го видиме at the peak of his power, и поврзувањето со New Hope беше маестрално изведено. Али тука имам друг проблем, а тоа е дека да не беше овој дел, филмот ќе беше многу потпросечен. На крајот сепак испадна дека овој филм премногу се потпре на New Hope и од него ги извади позитивните ствари за да добие позитивна оценка.

Како и да е, ја нема да бидам хипстер и секој Star Wars филм ми е добредојден. Не бев у афект од крајот на филмот ко што беа другариве со кои што го гледав и да викам дека е најдоброто нешто на свет, али дефинитвно е топ филмче и е welcome addition за секој Star Wars фан.
 
B

beaverknight

Гостин
Дизни се испосраа на Star Wars со dei ex machina, predictable plots, и le xD meme ликови ко глупиот робот.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Точни биле оние коментарите на интернет пред да искочи Rogue One, дека завршува 15 минути пред да почне A New Hope. :D

Мене ми беше сосема океј филмот, не ни очекував нешто превише. Не очекував акцент да се стави на карактерите (за разлика од Force Awakens, сепак, истите карактери ќе не' дружат уште два филма). Според мене, добри беа сцените со борбите, конечно ја видовме прецизноста на стормтруперите (барем оние црните, гардата на Креник). Штета што знаевме дека ќе се појави Вејдер, иначе ќе беше убаво изненадување.

И да, Кери Фишер некако ко да е подмладена. :D :D
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.093
Поени од реакции
9.009
Добар беше, баш ја имаше онаа Star Wars атмосфера. Ликовите беа слабата карика, т.е. не беа доволно допадливи како оние во епизода 7 (фер споредба пошто и тие и тие се нови ликови). Мене хајлајт ми беше што го вметнале Tarkin како CGI лик, она коа го видов осмех до уши. :) Јако беше, небитно што се познава апла дека е CGI, кудос за потегот. Нема да го тупам многу, генерално ми се допадна и имам замерка само за ситници (како лошиот хумор на роботот рецимо) за да му дадам највисока оцена.

8,5/10
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
Сега баш го гледав. Ако збораме за визуелни ефекти да ок, ама филмот не е само сценографијата и визулените ефекти на кои некако се става цел акцент во продолженијата на сагата. Филмот во глобала безвезе, цело време тепање, трчање, пукање, тепање и се така во круг. Како да се брзаја што повеќе да прикажат за најмалце можно време, а сторијата посебно на овој филм можеше комотно да се истегни во неколку продолженија, малце да се обработат ликовите, вака ништо. Се шлепат на стара слава ама до кога. Големо разочарување ама некако и си се навикнав со секое ново продолжение така да и не очекував којзнае што. Како да се натпреваруваат кој повеќе ќе ја заеби сагата и сега засега сосем добро им оди.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Ко да сте заборавиле дека филмов немаше наслов Star Wars: Rogue One, затоа немаше ни интро што е карактеристика на 7те Стар Ворс епизоди, ја немаше ни музиката, освен Imperial March во сцените со Вејдер. @мкд владе воопшто немаше потреба од повеќе продолженија за овој филм, кој едноставно ни прикажува како Бунтовниците ги украле плановите за Ѕвездата на смртта, што знаевме дека се случило, само не знаевме како.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
Ко да сте заборавиле дека филмов немаше наслов Star Wars: Rogue One, затоа немаше ни интро што е карактеристика на 7те Стар Ворс епизоди, ја немаше ни музиката, освен Imperial March во сцените со Вејдер. @мкд владе воопшто немаше потреба од повеќе продолженија за овој филм, кој едноставно ни прикажува како Бунтовниците ги украле плановите за Ѕвездата на смртта, што знаевме дека се случило, само не знаевме како.
Како да си заборавил дека за вкусови не се расправа.
Туку што мислиш за следното продолжение или како да го наречам, што ќе биди темата?
Како го зачнале Хан Соло пошто нели сите знаеме дека се случило, само не знаеме како и од кој ;)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.862
Поени од реакции
11.484
Како да си заборавил дека за вкусови не се расправа.
Туку што мислиш за следното продолжение или како да го наречам, што ќе биди темата?
Како го зачнале Хан Соло пошто нели сите знаеме дека се случило, само не знаеме како и од кој ;)
8мата епизода? Продожение на настаните од 7ма епизода, а на гравче не гледам што ќе се случува. Филмот за Хан Соло ќе биде за 2 години, тоа па ич ќе нема врска со приказнава и е тотален сипн-оф филм.
И да, никаде не дадов коментар за твоето мислење дека не ти се допаѓа филмот. Коментирав тоа што кажа дека требало да биде со повеќе продолженија и искоментирав за самото име на филмот дека не беше поентата ова да е класичен Стар Ворс филм со сите оние сегменти од 7те филмови.
Како и да е, полошо од глумењето на Хајден Кристенсен не може да биде.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.764
Поени од реакции
21.157
8мата епизода? Продожение на настаните од 7ма епизода, а на гравче не гледам што ќе се случува. Филмот за Хан Соло ќе биде за 2 години, тоа па ич ќе нема врска со приказнава и е тотален сипн-оф филм.
И да, никаде не дадов коментар за твоето мислење дека не ти се допаѓа филмот. Коментирав тоа што кажа дека требало да биде со повеќе продолженија и искоментирав за самото име на филмот дека не беше поентата ова да е класичен Стар Ворс филм со сите оние сегменти од 7те филмови.
Како и да е, полошо од глумењето на Хајден Кристенсен не може да биде.
Јас пак онака лупнав за Хан Соло:)
Види веќе кога почнавме, овој филм како сакаш речи сепак е тесно поврзан со Стар Ворс во сите погледи и неможеме да го гледаме како посебен филм. Да не беше поврзан и да беше некој рандом филм би одел да го гледаш ? Каков впечаток би ти оставил? Комотно сите глумци од кои рака на срце на крајот од филмот имињата им ги заборавив и незнаев кој е кој можеа да загинат на сред филм и пак никому ништо ке беше. Немаше ни да сетам дека ми фали некој. Ако на филмот цела поента беше за крадењето на плановите , реално имам гледано многу многу подобри филмови со грабежи кои немаат буквално никаква поврзаност со Стар Ворс.
 
B

Blade Torch

Гостин
Ајдее пак маани. Реално 7.5 оцена, навијачки може и 8.0.
Фелисити полн погодок беше:love:, како и сите останати ликови освен типот што личеше на Борче Начев. Мислев дека во секое време од нигде некаде ќе извика: Мамиии!
 

Kajgana Shop

На врв Bottom