Star Wars

ob1

Член од
7 март 2010
Мислења
8.842
Поени од реакции
24.275
Кери Фишер или попозната како Принцес Леиа починала денеска, ќе остане запаметена.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.587
Нека почива во мир Кери... Многу големи луѓе заминаа оваа година...
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Така е, супер беше седмицата, нема простор за дискусија тука.
 
Член од
13 април 2008
Мислења
7.589
Поени од реакции
6.945
Далеку сум од Стар Ворс нууб (за разлика од супер-хероиве) и освен филмовите шо ги имам гледано по неколку пати, не сум запознаен со СВ митологијата преку никој друг медиум .. BUT, Роуг-1 за мене е најдобар СВ филм до сега! Сношти го гледав, кога видов дека има ХД снимка излезено и уживав како во никој СВ филм предходно. Се сеќавам дека се погодив да бидам во СК за премиерниот викенд, но не го гледав ЈЕР толку ми е дојдено до СВ, за што сега се каам. Прекрасно снимен филм, прекрасни локации, прекрасни ефекти, убава приказна. Огромен минус за испуштеното кино искуство.

Колкава заслуга за квалитетот на филмот отпаѓа на Герет Едвардс, колкава заслуга се препишува на Тони Гилрој како корс коректор, колкав дел од иницијалниот кат што го одбрусија критичарите и Дизни има завршено во канта, за колку степени е превртен финалниот акт на филмот и кој се' од протагониситите требало првично да преживее .. Ама ич не ме занима, и во крајна инстанца не е ни битно, бидејќи конечниот производ е малтена петка. Бонбона. Со исклучок на пар ситници и непотребни фен сервис силувања. Битно, благодарение најмногу на страшно напреднатите специјални ефекти, го видовме најдобриот воздушен напад на бунтовниците, врз Империјата. Екс-Вингс пилотите во полн сјај, со формациите, со пожртвуваноста, со се' .. Ма целиот трет акт, последните половина час се право уживање.

THE REBELS - како пара-воена групација со крајно инфериорна инфраструктурна и човечка база за операции, а делуваат како најдбрата well-oiled машинерија, која константно ја клеце Империјата во сите нивни планови со три Екс-Вингс авиони пуштени во мисија и ја така ја штитат Галаксијата .. Овие луѓе за прв пат јас ги доживеав хумано. Како прави човечки битија, со свои ставови, несогласици, багажи позади себе, морално дубиозни и со свое јас. Предходно ми беа, табула раса фаци за кој к*р ти дреме кој се срушил, кој преживеал. Овој филм убаво покажа дека овие ''бунтовници'' не се случајно во тие редови од небо паднати, туку лоши и заебани приказни влечат тие луѓе и имаат носат прилично лабилен емотивен компас со себе, се' со цел да се спаси мисијата и зачува мирот. Мислам, воведната сцена на Диего Луна кога го кокна повредениот и успаничен доушник, беше ептен ладнокрвно и дарк за еден СВ јунак и протагонист. И тој, и командантот шо ''од страна'' му ја дообјасни мисијата на Ииду и што ТРЕБА таму на превземе, беше недвојбено шејди и ја покажа таа ''сива зона'' помеѓу хероизмот и антагонизмот. На ова и Хан Соло, шо важи за највечи одметник тука, би кренал веѓа. Роуг-1 е филм со јаки карактерни црти и побуди, каде нема тотално јасна дистингција помеѓу црно и бело, што е добро, а што лошо. Бунтовниците си водат своја политика и бизнис, истото важи и за Империјата. Сивата зона владее постојано, додека двете страни со свои ставови и оправдувања си ги бранат каузите ..

THE EMPIRE - да се надоврзам на нив, кога веќе стигнавме тука. Империјата за прв пат е прикажана како строго политизирана и бирократски подредена партија и сила, која има своја позадина и своја замисла за тоа како треба да воспостави ред и мир во Галаксијата и дека они се најподобни за да седат на возачкото седиште. Креник, нај-awesome стилизираниот негативец у последно време шо го толкуваше Бен Менделсон(y), беше класика негативец со наивна душа и преголема моќ абсорбирана во негови раце, од шо и самиот е свесен. Но, не доволна. Моментите кога го фати во двете лаги, му прости и го поштеди Гејлен во интрото од филмот, горчината на инфериорноста што ја имаше кон Таркин, гордоста кон оружјето шо го направи, конфронтацијата со Вејдер .. Се само слој, врз слој на неговиот совршено погрешен профил како негативец. Убав и глорифициран беше начинот на кој што замина и моментот кога си го виде своето животно дело на хоризонотот. Прекрасен кадар. Карма ис а бич на најболен можен начин. Изненаден беше кога виде колку ефективно му функционира оружјето врз Џеда, посебно со целата катаклизмична нус-појава после првиот импакт, на што мислам дека кажа ''It's so beautiful''. Па, имаше среќа да ја осети истата убавина и од друга страна на биимот.

Ликовите се исто богати и тие всушност го продадоа филмот. Упали таа мала, а сепак битна, карактерно водена приказна на неколкуте неопеани херои:D во големиот СВ Универзум. Некои ќе речат филмот е крајно небитен, се врши само голем фен сервис, непотребно штанцање инсталации во глорфицирани и хајпнати франшизи .. Шо знам, јас препознавам само добри и лоши филмови. Овој беше добар. Ептен добар. Кога добро сработени и допадливи ликови, ќе се најдат во добро структуирана приказна, филмот пали. И да немаше залепено СВ потпис долу под него, овој филм ќе беше супер сај-фај приказна. Пораката е дека треба да се собереме, да се потпираме еден на друг и да направиме нешто поголемо од нас. То је лепо. Џин и Касијан беа многу квалитетни и како лоунери, а имаа и јака хемија меѓу нив како неофицијален пар. Тоа што не се залапаа (шо ќе беше ужас) и во прегратка отидоа во заборав, беше одличен коол(y). Симболика на место. Хуморот беше добро носен од тоа роботот и слепиот кинез, кој како ќор за стап:ROFLMAO: се имаше фатено за форсот. Лош хумор, сори:(:(:( бед-есс беше ептен типот. Исто и тој роуг пилотот шо им го измисли името, како се развиваше и се ближеше кон крајот, ми стана баш интересен во групата.

Во суштина, Роуг-1 ми се допадна ми бидејќи делува и постои како еден филм со мал скоуп, во инаку претерано големиот СВ Универзум, на кој јас никако не можам да му го фатам крајот. Затоа и тој првиот кадар со Вејдер на Мустафар, се осети доста како да е ''out-of-place'' и пре стар ворс-и за мој вкус. Можеше филмот комотно да помине без таа сцена, а Вејдер само да го видиме во кил моуд, последните три минути. Се' додека опсегот се држеше тесно и блиску до приказнта, филмот возеше добро.
Такоџе, јасно беше прикажано кои се овие луѓе, што бараат тука, зошто одат од таму до таму, која им е целта, што се подготвени да направат за да дојдат до неа. Лајнот на Џин, кога му рече на Касијан ''Trust comes both ways'' е сржта и главната порака на филмот. Пак ќе се повторам, за некои филмот е непотребен .. Но без оваа приказна за довербата и жртвата помеѓу овие несреќници, не може да осетиш каде и како ''Новата Надеж'';) почнува. Тоа му дава тежина и важност на филмот како посебна единка, и како дел од поголемата франшиза.

Се надевам дека и идните вакви спин-офф/приквел/сиквел/соло СВ приказни ќе бидат подеднакво квалитетни и ќе им дадат run for their money на Епизодите. Поштено, Форс Авејкенс изгледа како мачји кашаљ, спрема Роуг-1. Пиис.
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.515
Нема ништо подобро од оригиналната трилогија. Според мене Empire Strikes Back најдобар, па New Hope и Return of the Jedi на крај. Ама сите тука некаде како најдобри, добро сеа не дека другиве се срање ама оригиналните три ми се нешто нај, за тоа време такви филмови, врв. За малку ќе се заебев и ќе почнев од Phantom Menace да ги гледам, вака оригиналните прво и испадна баш онака најсупер. Пак ќе кажам, Empire Strikes Back врв, нема подобро за мене.
Исто така не беше лош и Forse Awakens, Rouge не сум го гледал а сакам. Ама мислам дека некако премногу ќе ми е, што знам.
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
Јас уживав во цел филм, they gave us new hope <3
 
Член од
14 ноември 2013
Мислења
6.372
Поени од реакции
19.955
Има HD верзија а. Епа топ едвај чекам да се вратам во Скопје. Се надевам да е добар, SWTFA ми беше ептен разочарувачки.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom