Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Ај не заебавајте бар кога се работи за пеглица, со нејзе пољацине ја прошетаа цела европа а богами при крајот на деведесетите имав и јас прилика да ја извозам скоро цела бивша ЈУ ,сега јес да е неудобна и има лоша вожња али за прегрејување и трокирања никогаш не станувало збор, чим тара ја качи во сред лето без проблем за друго не праам муабет, туку и кај нив се е до лимовите и турбината а да и многу битна работа лимовите шо го затвараат моторот одоздола и посебно лимчето над алспух ако тоа го нема си еба мамата
 
Токму тоа :) Мора се да биди исправно, да биде функционално. И Бубите не прегрејуваат, ама ако нешто не е во ред, ќе прегреат.

И друга кола да е, ако ти се скине црево за ладење...како ќе ладиш :))) така и ова.
 
кога ми прегреваше се дешаваше за мене една необјаснива работа... во лер и во место работи мирно, ама кога ке дадеш гас не прима... максимална брзина на прегреано е 55 на саат и тоа ти треба време да ја залеташ... врти-сучи не си на улица со кренат капак, пак си тераш по патот. важно ке ме однесеше кај што сум тргнал. и дојде есен, почна да се губи тоа прегревање. со доби на сила и се тоа, и една убава вечер, една пијана кокошка, не застана на семафор... така добро се укуцавме еден во друг... ПАРТАЛИ... потрес на мозок имав, неможев да стојам на нозе 3 дена... мамата да и ја еб*м... море нејзе да ја еб*м, младунка беше докај 27-8 години....
 
Дечки кои се потрошни материјали на еден плински систем,или делови од системот што можат да предизвикуваат трокирање на нејзе на одредена обртажа бидејки оние од плимонт 2 пати им ја носам колата,и ми викаат-Незнаеме што и е (wtf) ,првиот пат не ми текнува што направија,вториот пат го расклопија и го склопија уредот и се направи.....Иначе плинскиот уред е обичен Ловато на Шкода Фелиција ставен пред некои 4 години така нешто...
 
Што мислите за Rover 420 tdi ? мислам дека истиот мотор е од BMW што се вградуваше на роверите

за 1900-2000 евра мислам дека колава вреди пред се ради внатрешноста

Вреди ли да се купи ? мене ми прави мерак, го немам видено во "живо"

http://www.pazar3.mk/ViewItem.aspx?itemId=950557

2f28692b-06a7-4628-b9f7-a0815b4343a9.jpg
 
Момци кој од вас има искуство со МОНБАТ акумулаторите што ги продаваат на макпетрол дали се добри?
Инаку кој се разбира нека ми помогне при изборот се мислам измеѓу МОНБАТ,ТОПЛА и Black Hourse.
Само некој да не ми казе дека САП,Весна се добри пошто мојот е мртов а само што му истече гаранција пред еден месец а и онака зиме заебаваше :))))
 
сите акумулатори се со ист квалитет, и купувањето на нив е чиста лотарија. шансите да ти се погоди добар се 50-50... било која марка и модел... така да, барај што ти е поевтино...

--- надополнето ---

Дечки кои се потрошни материјали на еден плински систем,или делови од системот што можат да предизвикуваат трокирање на нејзе на одредена обртажа бидејки оние од плимонт 2 пати им ја носам колата,и ми викаат-Незнаеме што и е (wtf) ,првиот пат не ми текнува што направија,вториот пат го расклопија и го склопија уредот и се направи.....Иначе плинскиот уред е обичен Ловато на Шкода Фелиција ставен пред некои 4 години така нешто...

мембраните на расплињачата се потрошен материјал, исто така и вентилот за лер гас во нејзе кој воедно е и за проток. понатака треба да си провериш да не почнало од негде да влече фалш ваздух, а и каблови и свекици да си провериш т.е смениш. трокирање на плин може да биде од овие работи, под услов на бензин да си работи добро.
 
Момци, да не знае некој кај се наоѓа продавницата Еуростил во Скопје ?? Продавницата е за козметички препарати за коли. Имало се и свашта. :)
 
Дечки централната на Матизот кога ке свртам клуч како да забушава,не заклучува убаво,забавува,некогаш не ги затвара сите врати и вака прави на поладно време како да лепи или нешто,мислам дека ме сфакате.Чаре ? :)
 
nema care mora da se otvorat site tapaciri da se vidi da ne se izmesteni motorcinja edno drugo
 
nema care mora da se otvorat site tapaciri da se vidi da ne se izmesteni motorcinja edno drugo

Не ми изгледа баш до моторчињата туку онака на ладно време како да лепат,одат побавно правилно да ти опишам се движат со мало закаснување млитаво,како да биле посипани со мед :)
 
епа што де,централната појма немам затоа прашувам,дали има некое средство ко за одмрзнување,подмачкување :) ....
 
Момци, да не знае некој кај се наоѓа продавницата Еуростил во Скопје ?? Продавницата е за козметички препарати за коли. Имало се и свашта. :)

Во железара

ул. Тајмишка бр.30
Скопје / Р. Македонија
тел. 02 2612 566
факс. 02 2619 611

lokacija.jpg
 
мислам дека имаше и кај чичко стоилко во гтц... не сум сигурен...

--- надополнето ---

Дечки централната на Матизот кога ке свртам клуч како да забушава,не заклучува убаво,забавува,некогаш не ги затвара сите врати и вака прави на поладно време како да лепи или нешто,мислам дека ме сфакате.Чаре ? :)

овакви проблеми се појавуваат во принцип после 3-4 години на поевтините коли. бидејки матизите се ниска класа на возила (во цена) колку пари толку музика се вика, па според тоа и толку е употребено за заштита од прашини и ѓубре да влезе во механизмите и бравата. нема ништо изместено и расипано туку во зглобчињата и носачите на шините има влезено и запечено прашина. која понатака го исушила маслото за подмачкување за истите и тие се кочат на по ладно, бидејки подмачкувачот се стврднува.

решење:

се вадат сите тапацири, и се убаво се испрскува (се удавува) со ВД40 или 80. целиот механизам за заклучување со се бравите комплет. значи 1 голема боца од 750 милилитри ја трошиш. па се остава 24 часа да испари убаво. после ке си земеш од она спрејот за подмачкување ланци на мотори, па со него се ке испрскаш повторно се, и затвори ги-врати ги тапацирите. следните 3 години си мирен. после повтори ја процедурата и така се додека не го продадеш матизот. на моето рено ова се случи после 18 години старост, прошлото зимо. го направив ова тогаш и до сега сум мирен. истово ова го имам направено на уште барем 10 коли.. се разбира за пари... ако сакаш донеси во гаража кај нас, цената ти е 100 евра, со тоа што нема да употребиме стандарден ВД и да ти остане колата кај нас 2 дена туку брзо испарувачки чистач кој наместо да се чека 24 саати, испарува за 2 саати. строго не ти препорачувам да користиш и да бараш брзо испарувачки чистач, прво бааги поскап е а второ и побитно е што доста опасни се испарувањата и силно-лесно запалливи, дури и од индукција на неонка може да се запали. бетер е од плинот. се работи исклучиво на отворено, понастрана од возила.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom