Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

  • Креатор на темата Креатор на темата Струмикс
  • Време на започнување Време на започнување
Се продава ли во државава сузуку џимни? Се наоѓа ли такво кола
Или било кое оф роуд возило по пристапна цена што не е дастер(новите се канта)? Зборам гланц ново
 
Здраво,
Дали некој знае како може да се среди навигацијата на Сеат Леон 2018та? Кога одбирам навигација на дисплејот ми кажува database not available.
Читав дека треба да има СД мемориска картичка од која ќе се инсталира навигацијата, ама јас ја немам
35€ na Ebay i ce si kupish karta .
Ili kaj mene 10€ i pak ce si imash karta!
 
Мислам дека пехарот за ,,најдобра,, иновација треба да оди во рацете нна Пежо за потопување на ребраст каиш во масло.

Фторо(со Ф од Тошо фторото место со Оливер) место треба да оди кај Форд ради убацуење на 1.0 мотор во Фокус и 1.2 во Мондео. брилијантна идеа која дотогаш...види богати никому не му текнала

дегенерици одгледани во ,,болоњските,, факултети
 
И Форд го потопиjа каишот во масло каj Екобустот прва генерација.
 
Детските болести се најчесто заради неквалитетен дел од некој лиферант. Доколку е конструкторска грешка сигурно нема да биде болест туку смрт на моторот.
Фамозниот Wankel мотор што беше конструкторска грешка или неквалитетни делови? :pos:
 
Фамозниот Wankel мотор што беше конструкторска грешка или неквалитетни делови? :pos:

конструкторска грешка е еден дизајн на тип на мотор да не е добар. Како овој на ПСА со потопен каиш во уље.

Но кај Ванкел, тие мотори се сосема различен концепт на мотор каде имаш ротори место клипови. Ванкел моторите имаат многу предности како генерирање моќ и обртаи, но слабост во поглед на потрошња на уље, потрошња на гориво, и општо траење на моторот. И тоа е присатно кај сите верзии на тие мотори. Мазда конкретно вложи многу да ги развие, но не успеа. Иако ванкелот сеуште го користат Мазда ентузијасти кои имаат РХ-7 машини што со турбо развиваат преку 1000 коњи.
 
Како прво ретко кој Ванкел од првите што се вградуваа во NSU RO 80 може да помине 50000км иако на него се беше направено како што треба во смисол квалитетни материјали и возење без дефекти на моторот бидејки имаше помалку делови од стандардниот.Како второ Мазда за влакно ќе пропаднеше поради тој мотор па ја спаси Форд додека Мерцедес и Цитроен навреме се откажаа од експерименти со него.Последно што имаш слушнато е дека на RX 8 спортскиот модел кој исто користи таков тип јапанците внатрешноста во блокот ја обложиле со кристали па успеале да го продолжат векот на моторот дури до 300000км.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom