„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Па мислам дека важи.
Кога си во едно друштво, секогаш сакаш да се вклопиш. А тоа значи да се приспособиш на новите работи, и можеби да наликуваш на другите од друштвото за да те прифатат.
А тоа мирно и повлечено девојче, со тек на време ќе се смени кога е во друштво на
"поопуштени" особи, бидејќи неможе да не прави муабет со никој на една маса доколку сите се зборлести.
Но не е секогаш така, има некои со поцврст карактер кои доколку нив не им се допаѓа нешто што го прави поголемиот дел од друштвото, тогаш нема да го прават тоа и да потпаднат под влијание, да прават нешто што несакаат.
 
Делумно, да, посебно оние личности со слаб карактер веднаш паѓаат под влијание на друштвото. Сепак, оние со повисока интелегенција и кои имаат изградено карактер, не се плашат да ги искажат своите мислења и желби пред останатите во друштвото и се разликуваат од нив во многу аспекти. Се зависи од самиот човек.
 
НЕ! НЕ! НЕ!
немора да значи дека со кој си таков си. од лично искуство зборам.. се дружев со еден куп наркоси но никад не сум пробал... ме направија најголем наркоман у маало дури моите сакаа и да ме носат на нарко тест!!! нормално со душа чекав да ми речат само АЈДЕ ИДЕМЕ.. одма ке отидев ич немаше око да ми трепне!!!

познавам личности кои што се разликуваат од своето друштво од многу гледни точки но не се како останатите. на некој начин секој си е свој. ским си такав си ме потсеќа на она старинсконо оговарање и трачарење по цел комшилук... поготово коа станува збор за некоја "лоша" работа да ја кажам..
 
Зависи колку често си со него. Ако поминуваш подолго време тогаш дефинитивно е вистина. Сепак се зависи од самиот субјект. Нормално до некаде има влијание и возраста. Можеби може да се влијае на тебе кога имаш 16 17 или 18 години , али кога веќе ќе наполниш 20 , 21 речиси никој нема да може да влијае на тебе ако имаш изградено став спрема тоа што треба односно нетреба да се прави
 
Донекаде е точно. Не можам нај јасно да се изразам на темава, затоа што сум имал и такви и такви искуства, т.е. искуства кои даваат различни коментари на темава =)
 
тоа зависи колку имаш карактер и свое јас....
ако ги немаш ке потпаднеш под влијание....
 
Moжеби така не гледаат другите, но што сме ние навистина, сами си знаеме. И има право Слеш, карактерот детерминира многу.
 
Се согласувам дека и карактерот има многу битна улога!
Може не е место, се извинувам, ама морам да ве прашам зошто не ми се појавува аватарот??? :nesum:
 
Зошто на крај треба Сочувај ги промените да стиснеш.:smir:

Иначе, карактерот има најважна улаога, околу мене сите пушеле не значи дека треба и јас ајде да се лажам.
 
Па и не мора да значи.. Може да се дружиш со некој а да си сосема друга личност со други морални норми и слично. НО како и да е, дефинитивно некои работи утре можеш без проблем да ги пропознаеш и да не наседнеш на нив заради тоа што си се дружел со такви личности. (лицемерство,лаги,манипулација).
 
Не, не е така.
Секое човечко суштество со здрав разум може да процени што е добро и што не е добро за него, и да се вклопи во средината без да ги присвои тие навики, притоа гледајќи што на него му одговара. Додека ако една индивидуа се прилагодува според потребите на другите, тоа значи дека истата таа индивидуа ќе направи се што е во нејзините можности за да се прилагоди на средината, а шансите да не биде искористена се минимални, затоа што оди во корист на мнозинството.
 
Јас мислам дека колку и да си сигурен во себе, можеш многу лесно да потпаднеш под туѓа волја...
 
Не мора да значи....ако имаш свое ја .. ако имаш добра воља нема да си ... ама ако малку паднеш на тоа ниво како другите можеш да станеш како нив.. нормално...
 
Ским си, такав си. Тачно. Со какво друштво да си, се уклопуваш и праиш шо и тие праат. :)


а друштвото ако праи лоши работи!? Ако е така кај моето друштво би го баталил.Али моето друштво ок е. :wink:
 
Не мора да значи, не секој е ист како неговото друштво, но сепак сите други што не те знаат ќе си мислат дека си ист како оние со кои се дружиш.
Мене многу често ми замеруваат, сум била во „лошо друштво“. Мене лично, не ми влијаат. Немам, ама баш ниедна допирна точка со нив. Различна сум од нив и тоа многу, ама сите околу што ме гледаат со нив мислат дека сум иста како нив. Можеби да, јас навидум се вклопувам со нив, ама ниеден став не ни е заеднички.
Така да, луѓето околу ќе гледаат од тој аспект „С ким си - такав си“, а тоа дали јас сум како нив воопшто не ги интересира.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom