„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Колку според вас во ова има вистина? Денес се` повеќе се соочуваме со ситуација неприфатлива (за кого повеќе за кого помалку), се` повеќе има деца кои се оддале на некои пороци. Дали мислите дека друштвото е пресудно за вакво нешто? Дали ако еден другар е наркоман (алкохоличар, што ти знам јас таму, ова само како пример), под дифолт и сите во негова близина се?

Дали ако за некого имате оформено некакво мислење, тоа ви влијае и за оценувањето на личноста на другарот/другарката? Пример друг.. дали ако некој/а е со „кренат нос“, тоа истото важи и за останатите од неговото/нејзиното друштво?

Дали важи онаа српската „С ким си - такав си“? Дали ги оценувате луѓето според другите?

Дали има/нема исклучоци?

Факт е дека кога се дружиме со одредена група на луѓе, мора да постои некој фактор што не врзува за нив. Дали е тоа жанр музика, слични ставови, образование, нешто мора да имаме заедничко. Но, ако имаме нешто заедничко не е правило дека сите негативни страни што ги има таа група дека се однесуваат и на нас. Милиони исклучоци има, на луѓе што се дружат со пушачи, а самите не се, на пример. А и мораме да се потрпреме на фактот дека сепак сме сите индивидуалци, дека факторите што не врзуваат за една група луѓе се сепак само еден аспект од нас, дека сме секако посебни личности и да не се суди исклучиво само по тоа со кого се дружиме...
 
Ако имаш 2чисти во глава не би било така (барем,според мене ).
 
Има вистина во тоа.Иако,се е до карактерот,сепак поголемиот дел се такви,какви што им е друштвото.

Во мојот круг,има од се по нешто...од деца пи..и,до маалски тепачи,од џанаци до спортисти,од деца на криминалци,до поштени деца.Па,сепак ништо лошо немам попримено од нив,само доброто....

Се е до човекот :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom