„Со кого си - таков си!“ - Дали е така?

  • Креатор на темата Креатор на темата Fortune
  • Време на започнување Време на започнување
Не мора да значи..ако си немаш добра воља...таков ќе си ... ако си цврст и ако имаш добра воља нема да си таков :)
 
Не е така,затоа што јас скоро секогаш се дружам со луѓе кои се различни од мене (било да се размислувања ,облека, музика,места за излегување) ,затоа што едноставно ми се поинтересни,повеќе теми има за разговор, најинтересни ми се компромисите кои се прават , има многу работи кои можат да се научат ,никогаш не може да биде досадно и се развива некоја чудна взаемна енергија на поврзаност без реално заеднички работи .
 
Голем дел во животот имаи друштвото дефинитивно,бидејки како шо читнав нагоре сите секако се согласвуаат со тоа дека при одбирање на друштво се бараат слични особини и карактеристики,ама огормен удел игра и карактерот затоа што ако јас не сакам да правам нешто неможе да ме натера никој....ама сепак знам примери каде што би рекол тоа „СО КОЈ СИ ТАКОВ СИ“ е вистина.
И плус во нашево општество најчесто лугето што ги среќаваме очајно бараат внимание и не бираат начин како да го добијат...
 
зависи ..јас не го делам 100% мислењето дека ским си такав си...имам пример:мојата другарка трчаше по машки а јас не(мислам нормално меѓутоа во тој период имав дечко и не ме интересираше тоа.) и до ден денеска така е не сум се променила(еве и слободна сум меѓутоа не ми е дојдено баш и до љубов)...Нормално секој другар/ка има влијание, меѓутоа ако станува збор за голем контраст јас сум таа која заминува на фин и леп начин...Друшство како друшство влијае меѓутоа мислам дека се зависи од своето јас и од карактеро што кго имате .Стварно сум имала различни другарки но некои од нив сум ги напуштила за многу краток временски период така што изборот во се е наш...
 
Не.
Никад не сум се приспособуел на околината, секад сум се трудел они да се приспособат кон моите услови. Затоа и си се гордеам со епитетот контраш! <3
 
Порано строго контрирав на ова, али као што растев сфаќав дека има многу вистина у оваа навидум глупа фраза.
 
Когаа сум со Heahy, тој е дел од мееенее!! Тој ме прави мееееенеее најбогааат на свееееет :хаха:


Зависи кога како каде што и зошто ... :)
 
Интересна тема:)
Има вистина во ова,според мене друштвото многу може да влијае на тебе па според мене ским си такав си али немора да значи има и исклучоци.
 
па и не мора да значи тоа, се зависи од личноста ако себе си сака да се класифицира или да се гледа како нив сметајќи дека можеби тоа би била поинтересна варијанта тогаш би станала ко нив,но доколку самата оцени дека тие луѓе не се за неа негативно влијаат или пак не би го имале она во што таа самата се гледа себе си нормално ќе се отргне од нив:helou:
 
Какви ти се гените - таков си.
Ако гените ти “препишале“ каректер кој се менува според насоката на ветрот, тогаш - карактерот ќе го менуваш според насоката на ветрот :toe:
... И така се додека не достигнеш ниво на кое ќе ти се смачи од промени.
Да се приспособуваш кон луѓето, немора да значи да се менуваш себеси, доволно е да ги прифатиш такви како што се претставуваат. (Не, немора да значи дека начинот на кој се претставуваат, е она, “такви какви што се“)
 
Не се сложувам со тоа. Значи ако ти си добро воспитан, имаш свои ставови за животот, што и како е, тебе неможе да те промени некој друг, и неможеш да се смениш за да удоволиш на некого, според мене тоа е знак на не принципиелност и за луге без карактер. Е сега има и некои исклучоци, кога мора некој да се промени, ама во однос од лошо во добро...е тоа вреди.:)
 
Секогаш блиското окружување влијае на карактерот, но не значи дека игра пресудна улога.
Тоа со кого си таков си значи дека одреден тип на карактери се здружуваат со слични ним, отсекогаш било така, и тоа е чисто етничка група на слично или истомисленици...доколку се најде исклучок т.е. да упадне карактер различен од карактерите на групата, нема долго да се задржи во истата...само слаб карактер може да се задржи подолго во група туѓа нему, и да потпадне под целосно влијание и со тоа да го потврди насловот на темава...:toe:
 
Колку според вас во ова има вистина? Денес се` повеќе се соочуваме со ситуација неприфатлива (за кого повеќе за кого помалку), се` повеќе има деца кои се оддале на некои пороци. Дали мислите дека друштвото е пресудно за вакво нешто? Дали ако еден другар е наркоман (алкохоличар, што ти знам јас таму, ова само како пример), под дифолт и сите во негова близина се?

Дали ако за некого имате оформено некакво мислење, тоа ви влијае и за оценувањето на личноста на другарот/другарката? Пример друг.. дали ако некој/а е со „кренат нос“, тоа истото важи и за останатите од неговото/нејзиното друштво?

Дали важи онаа српската „С ким си - такав си“? Дали ги оценувате луѓето според другите?

Дали има/нема исклучоци?
Според мене не е така имам неколку другари и сите сме различни....
А и за другите не, не ги судам според нивното опкружување. Но за секое "правило" постои и исклучок така што некои луѓе во друштвото се исти како јајце на јајце...
 
Јас половина се согласувам а половина не. За да се формира едно друштво пред се` мора да се има заеднички интерес-тоа ја потврдува тезата „Со кого си - таков си!“ но на крај краева сите сме различни меѓу себе. На пример едниот пријател сака црна боја а другиот сака бела, но и двајцата ја сакаат црвената боја :wink:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom