Се фативте и двајцата за големината на плескавицата, избегнувајќи што е суштината на муабетот. Хигиената, начинот на работа, вработените, утнувањето нарачки, чекање по 10-15 минути (за нешто што им е однапред готово е апсурд). Тоа не се стандарди, тоа се залажувања. За Менетхил не знам, ама барем ти кано како што збориш го имаш цел свет прошетано, и сам знаеш дека храната во мекдоналдс е ѓубре и јаде најсиромашниот народ таму. Тоа што секогаш е исто, не значи дека е природно и добро. Не знам како тоа може да ви е репер за стандард. Со секакви хемикалии за да остане исто, не е поим за стандард, туку криминал. Локално месо? Ваљда само за плескавиците збориш. Колку што знам и похованите нагетс се месо, па тие не беа германски туку унгарски.
Само види ги по ривјуа и општото мислење на народот. Отвори прочитај, од утнати сендвичи, до ладни камен донесени, бајати и слично. Или вие јадете у некои ВИП Мекдоналдси, не знам.
Не може да зборите дека у седмица има коњско месо (иако мене седмица ми се катастрофа) а од друга страна да го браните прскањето/потопувањето на компирите у некакви хемикалии што ни името не знам да им го прочитам? За лебот да не правиме муабет. Да ти дадат 3 дена бајат леб у седмица, ќе се буниш, ама да ти дадат 3 дена стар леб (од носењето у мекдоналдс, а којзнае кога е произведен), има да јадеш со сласт и да викаш какви се овие стандарди, лепчето е секаде исто.
Дискусијава може да се префрли во Мекдоналдс темава, да не ги труеме луѓето со најквалитетниот фаст фуд во светот.