Скопје calling... асална Архитектура needed!

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување

Дали ви се допаѓа архитектурата во Скопје?


  • Вкупно гласачи
    236
Нема потреба да живејме во минатото, за промена можи да почниме да живејме во сегашноста и да сфатиме дека Александа македонски не е Македонија.
 
Додека луѓето одат напред и почнаја да градат шо се вика хотели шо лебдат во воздух ние се враќаме назад и градиме тоа шо некој го изградил многу години пред нас. Јеби га кога требало не сме имале градби какви шо имале грците, кога Наполеон градел триумфални капии ние овде со српови сме се бореле со турците. Сега таман ќе си заличиме на времето во кое живееме, додека сите живеат во 21 век ние живееме во 16 ти. По 5 века очекувајте островчиња во Охрид какви шо има сега во Дубаи.

Епа ќе се враќаме назад кога немаме сочувано ништо од историја.
До вчера имаше само 2 споменика у Скопје.. пред влада и у градски парк споменик на Гоце Делчев поклон од Бугарија :uvo:
Ја незнам како неможете да сватите дека држава без култура и историја не е и НЕМОЖЕ да опстои како држава..
па после грците ни биле криви, бугарите,србите кога не дупат дека сме творевина од 91 година.
Треба да ставиш прст на чело па писле да пишеш другар.
 
Нема потреба да живејме во минатото, за промена можи да почниме да живејме во сегашноста и да сфатиме дека Александа македонски не е Македонија.
чекај да погодам ТИ СИ МАКЕДОНИЈА:salut:
 
работава се сведува на:

- кога нема зошто нема
- кога се прави зошто се прави
- кога ќе се направи зошто така се направило

резиме

КОЈ го прави!

неколку века требаше некој да го послуша Пиколомини )))))))

од сето ова мене ми смета што на сметка на скопје внатрешноста на некој начин е запоставена.


во контекст на ова,

Македонскиот национален идентитет ќе биде загрозен доколку Груевски остане на идејата да го гради центарот на Скопје како што замислил, смета лидерот на опозицијата Бранко Црвенковски.
Побара власта да распише референдум за да го слушне гласот на народот за оваа, како што ја нарече, фараонска идеја.
„Се обидуваме за разлика од некои други држави, некои други главни градови кои што ја негуваат својата историја, ние од 2010 година да измислиме наша историја. Вакви градби во ваков стил, никогаш во Скопје и Македонија не постоеле. Ова е обид на еден вештачки начин да се создаде, наместо да се гради сегашноста и да се гради иднината, да се создава во 2010 година нова историја на македонскиот народ“, вели Бранко Црвенковски, претседател на СДСМ.
Во ситуација на општа сиромаштија и економско пропаѓање, рече Црвенковски, не е време да се трошат стотици милиони евра народни пари за задоволување на лични хирови и фрустрации.
„Господине Груевски, дали знаете во која држава живеете? Дали воопшто ја познавате историјата на сопствениот народ? Дали знаете колку болници, колку градинки, колку училишта, колку фабрики, лежат и се кријат во овие ваши градби“, вели Црвенковски.


а истиов самонаречен државник не најде за сходно да размисли за референдум или за губење на национален идентитет кога покрена инцијатива :


08.05.2005 00:00
Претседателот Бранко Црвенковски во чест на јубилејот предлага во центарот на Скопје да се крене споменик на Јосип Броз Тито.
Иницијативата претседателот ја достави денеска до владата, сојузот на борците и градоначалникот Костовски.
Јосип Броз Тито е еден од неспорните лидери во борбата против фашизмот во Втората Светска Војна и историска личност што даде исклучителен придонес за македонското национално прашање и градење на македонската државност, ја образложува Црвенковски својата иницијатива.
Премиерот Бучковски овој пат се согласи со претседателот, Јосип Броз има позитивна улога и придонес за независна Македонија, изјави денеска Бучковски. И градоначалникот Костовски во основа се согласува со иницијативата, и додава - тоа би требало да покрене научна дебата за да му се даде соодветен третман на Јосип Броз и неговата улога во македонската историја.
 
работава се сведува на:

- кога нема зошто нема
- кога се прави зошто се прави
- кога ќе се направи зошто така се направило

резиме

КОЈ го прави!

неколку века требаше некој да го послуша Пиколомини )))))))

од сето ова мене ми смета што на сметка на скопје внатрешноста на некој начин е запоставена.
па добар дел од внатрешноста живее во Скопје(на неодреден или неодреден период) и како што трнала дебатава за темава ќе заврши со зашто во Скопје,а не во остантиот дел од земјава:smir:
сите можни причини/поводи ЗА и ПРОТИВ,ќе бидат дискутирани

Остатокот од мислењето е избришано од модератор
 
Се додека се употребува политика во секој сегмент од животот и се додека сите се праиме сезнајковци ќе си тупкаме у место......проектов е напраен од стручни лица во својата област а не е направен од економист,правник (пошто сите у парламент се од оваа струка).....и се додека се правиме поголеми стручњаци од стручниве лица нигде не стигаме.....сигурно јас како сообраќаен инжињер (уше малце) не сум компетентен да давам стручни искази за овие работи....него само можам да кажам да ми се свиѓа или не, не ми се свиѓа.....а да продавам демагогија дека ова нечини или она онака треба да се напраи мислам дека е стварно излишно......Исто така имаше еден пост александар не бил македонец......јас би го суветувал истиот тој да земе историја да прочита пред 1930 година.....пошто македонија не е од 1930 година настаната него многу одамна.....
 
Поентата ми беше дека и да се изгради се тоа пак ќе серете. Најдете прво соодветна критика па после зборувајте, како на пример дека е кич што држи вода.
Направија ВМРО многу работи за Скопје и покрај тоа што собираат огромен арач од народот (што и самиот овца од народ си е крив зашто не научи да се спротивстави), ама важно вложуваат колку толку во изградба и обнова. Инаку стварно нема потреба да вреѓаш тука се дискутира, а тоа деке било донација може да се однесува само за музејот на холокаустот.
 
На сликите не изгледаше многу лошо, ама ептен ме потсеќаа на град, што не е Скопје. Мене, не ме нервираат многу историските споменици, колку што ме нервираат шмизлите, просјакот, чистачот на чевли, детето на пешачкиот (што секогаш ми личи на детенце што сака да се стрча преку улица без да погледне лево-десно). Ама, вака како што е не смее да остане. И де нек погледнат малку пошироко... Скопје не е само плоштадот.
 
На сликите не изгледаше многу лошо, ама ептен ме потсеќаа на град, што не е Скопје. Мене, не ме нервираат многу историските споменици, колку што ме нервираат шмизлите, просјакот, чистачот на чевли, детето на пешачкиот (што секогаш ми личи на детенце што сака да се стрча преку улица без да погледне лево-десно). Ама, вака како што е не смее да остане. И де нек погледнат малку пошироко... Скопје не е само плоштадот.
а може да објасниш како изгледа/ло Скопје:smir:
 
И мене ме интересира. На сите кои се контра визијата за Скопје 2014 единствен аргумент им е дека Скопје немало да личи на Скопје. Ме интересира како денес скоро безлично Скопје, нема да биде подобро кога ќе му се создаде лик.

И најмногу од се ме иритираат ликовите кои протестираат, едни те исти за секој протест што се организира во Македонија, со едни и исти самобендисани ликови, кои личат повеќе на отпадници од општеството отколку на интелекти и кој фактор се тие за да бидат баш тие сослушани, заборавајќи дека Македонија и другите граѓани се поголеми и повеќе од нив.

Еве едно аматерско видео од денешните протести а ла кафе муабет:
http://qik.com/video/4758831
 
Не ми е јасно на кој дроги се овие.Забегале со проектов до максимум.Иако некој ствари изгледаат убаво,џабе е кога ке биде се натуткано на мал простор.
А споменици...милион...наводно целата историја на македонија ќе ја има на плоштад:Историја се учи во книги...а не да го претвара плоштадот во музеј.
КАКО ШТО ТРГНАЛЕ СО СПОМЕНИЦИВЕ ИМАМ ЕДЕН ПРЕДЛОГ ЗА ВЛАДАТА:
ПОЗАДИ СПОМЕНИКОТ НА САМОИЛ НЕКА НАПРАВАТ 10000 СТАТУИ ОД ОСЛЕПЕНАТА САМОИЛОВА ВОЈСКА И НЕКА ГИ РАСПРЕДЕЛИ ДО СТАРА ЖЕЛЕЗНИЧКА.Ваљда тогаш ке се заситат од тоа спомениците грди...да им е**м простаците неписмени!
 
Плоштадот не е место за молење има 1000 цркви па одете таму молете се не мора на среде плоштад, а споменици треба да има на соодветни места а не 50 споменици на 50 метри квадратни. Наместо тоа можат да вложат појке пари во археологијата и да ги изградат археолошките наоѓалишта. А ако изградат и џамија на плоштад и да рика 5 пати во денот на среде центар тогаш слободно можи да ги турните панталоните и да му се посерите на кутрото Скопје.
 
Генерално имам доста позитивно мислење за иницијативата да се гради во центарот на Скопје, но имам и некои забелешки (вака на прв поглед)

Некои од објектите се и преку потребни, како градсата куќа (стариот офицерски) бидејќи срамота е градоначалникот на главниот град да прима гости од странство во тие бараките во парк. Колку и да не го сакаат/ме моменталниов градоначалник институцијата си заслужува репрезентативен објект.
Црквата каде моментално што е претставена ми личи дека е со малку утната местоположба и по мое треба да се помести 50-на мети поназад на местото од чирот (израсокот) што се изгради на поранешната коцка. Тоа е и оригиналната местоположба на црквата срушена шеесетите. Може и без неа ама ако се гради нека се направи бар на соодветното место.
Капијата исто така не ми се вклопува баш ама ај ако ја направат добро ќе помине.
Спомениците сами по себе не треба да се коментираат тие секако се потребни само добро да се направат.
Идеите за од другата страна на вардар се одлични само не ја разбирам потребата од мост до секој објект посебно на толку мало растојание до камени.
Реновирањето на фасадите на околните згради е одлична идеја, само не треба тука да се застане треба да се средат фасадно (ако не и повеќе) и останатите сиви безлични бетонски грдоссии (НБМ, факултетите, студентскиот итн.)
 
Пак службено: Под-форумов е насловен Архитектура, дизајн и уредување. И ако имате да се изјасните нешто во врска со овој аспект, бујрум. Ако не, немојте да валкате теми со пцовки и мешање простачка кафанска политика. Ојте во некоја биртија, испијте некоја жолта и пцујте, те по комуњарите, те по вмровците - колку ви се сакат. Овде, одсега натаму, за вакви мислења следува бан.
 
Капијата исто така не ми се вклопува баш ама ај ако ја направат добро ќе помине.
?Што воопшто значи оваа реченица??

Бај д веј, го видовте проектот за плоштадот во Струмица? лолололол кои се сега сељаци, Скопјани...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom