КиреМали 1911
Модератор Неимар
- Член од
- 23 јуни 2007
- Мислења
- 1.313
- Поени од реакции
- 223
- Возраст
- 39
Бујрум, читајте. Или, и овој наш мајстор и великан на архитектурата ќе го сместите во „комуњарите“ и „архибригадирите“?
Борис Чипан - Каква власт таква архитектура
Целиот текст овде:Каква власт, таква архитектура. Под поимот власт не ги разбирам само политичарите, туку и владејачката финансиска олигархија. Во секоја епоха архитектурата е продукт на финансиери. Некогаш тоа беа тирани и апсолутисти, просветени монарси, а од 19 век, капиталисти. Денес е актуелен зборот демократија, кој звучи политички прогресивно, но зад кој се крие финансиска моќ со принудни отстапки кон демосот во вид на високи животни стандарди. Тоа е ситуација во т.н. свет на најразвиените држави, идеал и на нашава државица, но ние сме на самиот почеток, сличен на капитализмот од 19 век, од некои социолози наречен „палеотехнички пекол“.
А, лошата среќа е ниското културно ниво на инвеститорите. Наспроти нив, стои веќе едно мнозинство на талентирани македонски архитекти, кои (ретко) во странство докажуваат висок квалитет, а дома се принудени да прават компромиси со претенциозни каприци на новосоздадените богати нарачатели. Токму затоа, во денешново архитектонско творештво се соочуваме со кич-архитектура, но и со тврдокорни творби кои звучат како пораки за иднината. Лошата среќа ќе чека промена на културното ниво на инвеститорите.
Борис Чипан - Каква власт таква архитектура