Што посебно ве нервира во сообраќајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
возачи што не застануваат на пешачки и пешачи што претрчуваат одеднаш пред коли
 
Заборавив да напоменам, а верувам на многу ви се има случено и ужасно нервира кога возиш зад таксист и одеднаш застанува и ја блокира цела лента, а во другата поради гужва неможеш да се престроиш. Често се дешава на сред рекорд.
 
Таксисти дефинитивно. Прееска за инат сјебав еден, ради мене се заглави меѓу ленти, му требаа 2-3 минути да си продужи нормално. Срцето ми се испуни :D
 
Најмногу ме нервира кога стојам на пешачки со повеќе пешаци кои чекаат да поминат, и се избацува некој пешак што преминува улица на црвено, пошто нема коли, и сите други почнуваат да го следат, да преминуваат, а ја останувам како некое штреберче, демек чесен човек, чекам све по пропис, да се појави зелено па да пројдам.
 
Најмногу ме нервира кога стојам на пешачки со повеќе пешаци кои чекаат да поминат, и се избацува некој пешак што преминува улица на црвено, пошто нема коли, и сите други почнуваат да го следат, да преминуваат, а ја останувам како некое штреберче, демек чесен човек, чекам све по пропис, да се појави зелено па да пројдам.

и тогаш се чувствувам како магаре :D
 
Секое сабајле кога пешачам накај работа, има место кај кое што треба да преминам улица баш на ќоше. Околу куќата на тоа ќоше има жива ограда која ми иде да ја запалам, не се гледа од неа дали иде кола.
 
Шабани, кои свират само за да се истакнат и муабетите за тоа како „они биле дваесет години шофери“ и никогаш не си дозволиле грешка, а гледаш веќе наредниот момент веднаш почнува да свири како улав.На тие луѓе не им кажале по се изгледа дека се свири само по потреба, а не кога ќе им текне....И ме нервира кога свирката од автомобилот се употребува како инструмент за славење на некоја свадба по улиците.Демек свадба се спрема, простотилук невиден......
 
Koга ги мукаат навечер колите и моторите со сета сила на фрекфентни улици каде има раздвижение.
Кога некои старчиња возат бицикли од десната страна но шантраат лево десно, па мора да пазиш да не ти паднат пред кола.
 
Прва работа е тоа што кај нас по маалскиве улици се знае едната страна е секогаш испопаркирана со коли... Втора работа се пешациве што летаат и прескокнуваат булевари... Голема грешка се оние семафори само за пешаци, некакви надземни премини би биле многу подобро решение плус на средишниот дел една ограда за да не може да прескокнуваат. И трета работа шерифи со јаки коли, меѓу кои и моторџии опасни батки за кои законот не функционира...
 
Пешаците како камикази се фрлаат на улица , доволно е да видат пешачки премин и ни една секунда не чекаат.
Ако порано автомобилите не даваа предност , сега пешаците,
 
Абдали од интергалактички епски димензии познати како сообраќајна полиција и таксисти.
 
Најново - полицајци што не поштуваат ни црвено, ни забрането полукружно, ни пешачки.
 
Најново - полицајци што не поштуваат ни црвено, ни забрането полукружно, ни пешачки.


..ни пропишана максимална дозволена брзина, а истиот тој на истата улица ме има застанато за брза вожња од 60кмх, а он сигурно возеше едно 80/90. Се работи за улицата која ги спојува Трубарево, Скопско Поле, Јурумлери итн. каде што дозволено е 50.

Него, ме нервираат оние што не пуштаат жмигавци и јас ги чекам ко будала да поминат право, за ко ќе дојдат до кривината каде што чекам ко будала, они да си свртат. Оние што не пуштаат жмигавци за да сигнализираат дека ќе застанат. Луѓе кои зафаќаат две паркинг места затоа што не знаат да паркираат или многу многу не се замараат за другите, а исто така и себичност во случај кога на 5 секунди до крај на зеленото они си возат 30 на час за да они си го поминат семафорот на жолто, а мене да ме фати црвено.
 
Дали сум единиот што го нервира што не пуштаат место за ротациски?Првенствено пожарна и амбуланта.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom