Што посебно ве нервира во сообраќајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
Олабави бе момче,си кажав што ме нервира,ако не ти се свиѓа прерипај,ајт;)
Сигурно не реков јас преку ден да леташ низ гужвата,само има моменти кога треба да убрзаш,пошто треба да стигнеш некаде,знаеш?
И еве ти лајкче за постот ;)

Сите сакаме да убрзаме ама реално ај кажи ми улица каде можеш да возиш над 60 во скопјево, а и таа крајна лева лента служи и за возила што саккат да свртат лево, и ај објасни ми кај ќе одат тие возила,зошто не можат да свртат со над 60 а ако намалат нели сметаат и го кочат сообраќајот.
 
od vcera slucka...tipkata vozi pred mene ama ni sama ne znaese dali da prodolzi ili da se parkira,telefon na uvce a ja zad nea pcujam...na kraj odluci da se parkira...a kako se parkira samo da znaete,odma mi stana jasno deka so prase polozila :tapp: neznam kolku pati ja opcuv....:mad:
 
Добро напиша Цитро, насловот да е ШТО НЕ ВЕ НЕРВИРА ВО СООБРАЌАЈОТ :mad:

1.Таксисти
2.Таксисти
3.Таксисти

4.Скутерџии недоделкани
5.На нерегулирана раскрсница, непознавање основни правила од типот првенство на минување и предност на вртење во десна страна
6.Огромен број ванаби возачи со размислување од типот : Читај ми мисли ти зад мене, не трошам време со жмигавци
7.Кружен тек општо, поради слични случки од типот на точка 3, 4 и 5
8.Пешаци по коловоз на главна улица со тротоари од двете страни
9.Цајкани.Со начинот на паркирање и возење во стил кој сум јас...И посебно со начинот на регулирање раскрсници дури се семафори исклучени, секогаш е поголема гужва место некој ред
10.На отворен пат, некој со ламја кола залежан со 70 и ако пробаш да го поминиш тогаш гас до крај
11.Камионџии со возило во квар паркирани на некое вукојебина место (Пресека, Стража, Плетвар) без означени триаголници во 4 сабајле
12.‘Странци‘ на лето во Охрид со контра движење во еднонасочни
13.Инструкторот од АМД Охрид шо ми го пресече патот среде кружен тек контра сите правила :tapp:
14.Злоупотреба на позиција од лица во точка 9,13 и пешаци на пешачки во забавено движење филм
15.‘Работата‘ на Македонија Пат на отворено и општинските дудуци низ град
.........................................................................................................


389.Кога станувам на моменти како претходно набројаниве :cenzura:

П.С.:
Охридски кружен тек на Туристичка by Александар Петрески
ohrid-kruzhen-tek.jpg
 
Е во иднина ако не дај Боже направиш судар ќе го немаш џандарот “за да те спаси“, имај го тоа на ум.

Праву муабет за овија ново-компоновани џандари, што се замислуев дека су шерифи, сс некои стварно што су фер понашам се најкоректно, додека ако се деси судар и ако сум крив не ме спасува ни Јанкуловска, а не џандар!
 
Пајако. Оти не ги крева колите на мрзите шо паркираат кај шо ќе му текни.
 
Пајако. Оти не ги крева колите на мрзите шо паркираат кај шо ќе му текни.

Ти ja крева О-ти затоа што паркираш kaј ке ти текнИ :)
Он-Таксистите дефинитивно , мада у последно време не ни им се замарам затоа што ги научив што џган се
 
Е во иднина ако не дај Боже направиш судар ќе го немаш џандарот “за да те спаси“, имај го тоа на ум.
За судар не се вика полиција, освен ако лицето не е повредено.
 
За судар не се вика полиција, освен ако лицето не е повредено.
да те надополнам, ако е под дејство на опојни дроги, ако едниот од учесниците е странски државјанин, ако не може да се договорите, ако штетата е голема. ова последното е многууу дискутабилно, но најубаво секој во својата осигурителна компанија да си праша за ова.
 
да те надополнам, ако е под дејство на опојни дроги, ако едниот од учесниците е странски државјанин, ако не може да се договорите, ако штетата е голема. ова последното е многууу дискутабилно, но најубаво секој во својата осигурителна компанија да си праша за ова.
Плаќаш огромна цена ако ги викнеш по ново, сеа скоро имав мал проблем па со европски го решив и коа се распрашав дознав за полицијава.
 
Плаќаш огромна цена ако ги викнеш по ново, сеа скоро имав мал проблем па со европски го решив и коа се распрашав дознав за полицијава.
затоа е и измислен европскиот, за да не мора да се викаат џандари за се и сешто. но ако има голема штета, тогаш е потребно полициски записник
ух, ДА, ќе заборавев, ти треба записник и ако си каско осигуран. без записник нема да си ја поправиш колата. обавезен е!!!
 
Што ме нервира во сообраќајот?
"Шоферишта" кои секогаш во секоја ситуација имаат предност и они знаат се а другите се глупи и забегани. Они кога ја возеле Југославија, другиве сперматозоиди биле... :tapp: од такви стари "шоферишта" (ко еден дома што го имам) ми иде да отидам кај онаа ќоравана што му ја продолжува возачката и сличните ко неа.. да ја седнам еден ден.. само еден ден да се вози со таков шофер за да види каква опасност представува за другите возачи и за целата околина. :mad:

Ме нервираат умислени шофери на автобуси кои летаат со 200 km/h на автопат и се живо претицуваат.. притоа не мислејќи ни најмалце на луѓето кои ги возат и на тоа дали тие луѓе сакаат да умрат или сакаат да стигнат дома живи и здрави.

Ме нервираат кретенине низ Велес со оние срањана на 4 тркала.. не знам што се.. дали мотори или трактори.. (пошо звучат ко трактори) и ме нервира нивното дивеење во 3 сабајле. Цело лето е иста приказна... дали со коли дали со мотори... низ градон се дивее, како да сме на трки. Нити се спие, нити се живее нормално.. да му е страв на човек улица да премине. Секој втор ден има сообраќајки.. не знам навистина што прават господана од полиција.
Да ја има само таа среќа тој кретен со неговиот трактор да ми се паркира пред зграда.. ќе помине исто како неговата сродна душа што го брмчеше кинезот кај мене пред зграда, додека еден ден не си го доби од мене.. :нинџ:

Ме нервираат некултурни пешаци, кои минат пола саат на пешачки премин (ова не важи за стари лица) како да се на модна писта.. :rolleyes:

Ме нервираат идиоти кои не ги знаат основните правила во сообраќајот, посебно во град кој има 2 главни улици и еден семафор. Ако овде не можат да се снајдат.. не сакам ни да замислам какви би биле во некоја европска метропола.

Ме нервираат оние со скутерчињата кои се провираат од секаде и кои ни сами не знаат на која лента возат и каде возат.

Ме нервираат искомплексирани будали кои на автопат не ти даваат да ги претекнеш, од чист инат... :facepalm: тоа ми се има десено на 2 пати.. и буквално ми идело да излезам од кола и да го задавам. :mad:

Ме нервира тоа што нема никаква шоферска култура..
 
Луѓе кои врска немаат кои се правила и прописи на кружни. Поприлично долго ги имаме у Тетоово на секој чекор и уште не научија кој, каде и кога има предност.
 
кога поминувам низ јаја паша у чаир, од нигде ти претрчуваат пред кола, ти сечат пат, нагло ти кочат зошто некој на тој пред тебе му скокнал пред кола.. итн. Не четири, осум очи ми се отворени кога поминувам таму
 
Праву муабет за овија ново-компоновани џандари, што се замислуев дека су шерифи, сс некои стварно што су фер понашам се најкоректно, додека ако се деси судар и ако сум крив не ме спасува ни Јанкуловска, а не џандар!

За да те спаси, намерно беше ставено во наводници затоа што гледам дека не носиш појас и не почитуваш одредени правила, а за не носење појас парична казна е најмал проблем, гледај да не те снајде онаа поголемата казна, да доживееш последици од одреден судар. Појасот не се носи за да не платиш казна и да се курчиш пред џандарите туку за да се заштитиш самиот себе.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom