Што посебно ве нервира во сообраќајот?

  • Креатор на темата Креатор на темата santelli
  • Време на започнување Време на започнување
- Во Куманово не работат 90% од семафорите, и се научив со тоа и понекогаш ги вклучуваат и два пати на црвено поминував и скоро да аксидентирав....
- Ме нервира и тоа што општо во државава не ги употребуваат шмигаваците, и тие од странство што доаѓаат не ги употребувааат...
- И ме нервира што на семафор кога се вклучува зеленото и кога ме провоцираат за трка секогаш губам, освен кога има камиот, автобус, жена возач и побавна кола од голф двојка...
 
За да те спаси, намерно беше ставено во наводници затоа што гледам дека не носиш појас и не почитуваш одредени правила, а за не носење појас парична казна е најмал проблем, гледај да не те снајде онаа поголемата казна, да доживееш последици од одреден судар. Појасот не се носи за да не платиш казна и да се курчиш пред џандарите туку за да се заштитиш самиот себе.

Абе друже сватив, појасот него носам кога одам на ептен кратки релации, например 3 минути вожња, инаку носам секојпат на поголема релација, избегавам и најмалку да пијам, и отварам 4 очи.
 
Уште кога одам кон колата за да влезам, почнувам да медитирам. Од влегувањето во неа и тргнувањето пробувам да уживам во возењето и да игнорирам се што би водело кон стрес и дерење кон еден куп идиоти затоа што реално секое излегување со кола низ скопјево ако не сте психички подготвени ќе изгубите 3 килограми, исто како на една Ф1 трка.
 
Непочитувањето на сообраќајните прописи, од основни до најситни.
Вклучувајќи ги и оние, како некој погоре, кои мислат дека во град постои „брза лента“ и дека таму можат да возат со која сакаат брзина.
 
Непочитувањето на сообраќајните прописи, од основни до најситни.
Вклучувајќи ги и оние, како некој погоре, кои мислат дека во град постои „брза лента“ и дека таму можат да возат со која сакаат брзина.
Е тоа да видиш, кај па и им објаснуваш те прават будала. Не е за секој возачка ама таква ни е државата.
 
Кога ги гасат семафорите и поставуваат сообраќајци за да се намали гужвата. Нормално, се прават уште поголеми редици. Кога пред семафорот има редица од еден километар, шансите се огромни дека има поставено сообраќаец за да се ''намали'' гужвата

А највеќе ме нервира кога некој ќе застане на десната лента со зелено допунско и идиотот чека за право. Ова ми се случува секат кога брзам негде. Ако се брзам, им свирам, блиндирам (и пцујам) и се тргаат во средна лента
Па таа лента е и за право и десно,а тебе бидејќи ти е дополнително зелено ќе си чекаш ЗЕЛЕНО за сите па ќе си завртиш десно.(y)
 
Па таа лента е и за право и десно,а тебе бидејќи ти е дополнително зелено ќе си чекаш ЗЕЛЕНО за сите па ќе си завртиш десно.(y)

Не туку ти ќе застанеш на крајот од редицата во лентата за право, нема јас тебе да те чекам ако идам десно
 
Искрено, имам забележано дека потценувачки се гледа (секако, не сите) на кола со нескопски таблички. Не знам зошто...
Непуштање во лента, пресекување пат и ред други ситни работи.

Или премногу рандом ми се случувало или има барем некоја вистина
 
Koga sum pesak, kreteni sto mi svirat koga proagam na pesacki demek kretenot ima prednost :tapp:

Koga vozam, kreteni sto ne davaat zmigavec i ne se prestrojuvaat na vreme pa se butaat posle.
 
Не туку ти ќе застанеш на крајот од редицата во лентата за право, нема јас тебе да те чекам ако идам десно
Овде има сообраќајна некултура не па на улица
TАА ЛЕНТА Е ЗА ПРАВО И ДЕСНО,А ТИ ЌЕ СВРТИШ ДЕСНО КОГА НА МЕНЕ ЌЕ МИ СЕ ЗАПАЛИ ЗЕЛЕНО,А АКО ТИ СЕ ПОГОДИ ПРВ ДА БИДЕШ ТОГАШ ОДИ НА ДОПОЛНИТЕЛНО ЗЕЛЕНО.
НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА ГИ ПРОПУШТИШ ПЕШАЦИТЕ БИДЕЈЌИ ТИЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ
 
Овде има сообраќајна некултура не па на улица
TАА ЛЕНТА Е ЗА ПРАВО И ДЕСНО,А ТИ ЌЕ СВРТИШ ДЕСНО КОГА НА МЕНЕ ЌЕ МИ СЕ ЗАПАЛИ ЗЕЛЕНО,А АКО ТИ СЕ ПОГОДИ ПРВ ДА БИДЕШ ТОГАШ ОДИ НА ДОПОЛНИТЕЛНО ЗЕЛЕНО.
НЕ ЗАБОРАВАЈ ДА ГИ ПРОПУШТИШ ПЕШАЦИТЕ БИДЕЈЌИ ТИЕ ИМААТ ПРЕДНОСТ

Што ако допунското е зелено а тоа за право е црвено?
 
Многу пати ми се има погодено да треба да одам десно а пред мене има 2-3 коли и сум чекал.Некогаш и со десната страна особено кога сум бил втора копа сум одел по тротоар за да поминам кога навистина сум брзал некаде.
Затоа и не ме нервира кога некој свири,тогаш и јас свирам не баре на свадба по невеста одиме.
1.Ме нервираат таксистите кога во возење некој ќе им крене рака па одеднаш кочат и не гледаат назад дали има кола.
2.Кога застануваат било каде и било кога без претходна најава за да остават патник.
3.Моторите,веспите,велосипедите кога од никаде излегуваат на сред улица.
4.Пешаците што поминуваат влечкајчи се на необележано место за движење на пешаци.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom