Друже, што не сфаќаш од делот дека пропаднатите играчи кои не успеале во јаките лиги во Европа одат во Турција? Или оние што се во завршна фаза од кариерата за да кешираат како Салах, Лукаку, Гундоган... Влаховиќ не ти е добар пример? Икарди? Сане? Лирој Сане избркан од Сити и од Баерн, глеј го во Галата не може со топка да се состави, а некојси Ска Манијак ќе дојде и ќе го воспева демек Галата го имаат Сане, а Милан Салемакерс. Па моментално Салемакерс е прајм Робен за Сане.
Умрена лига е тоа нека не те лажат трансферите.
Па Влахович и не ми е добар пример, ниту е пропаднат играч, ниту пак не успеал во јаките лиги ... Гринвуд и Осимен какви примери се, па и Тросард и Аке?
Да се разбереме и јас не мислам дека турската лига е појака од италијанската, али факт е дека во Турција не одат само играчи кои се скроз завршени или избркани или пак не успеале во појаките лиги. И друг факт е дека турците со моќноста финансиска за давање на богати договори им крадат на големите италијански клубови играчи кои би можеле да им се најдат, кои комотно би играле во јуве,милан рома итн.. Јуве сакаше да го задржи Влахович, му понудија солидна плата од 6-7мил и некој милион за потпис, но овој си отиде за повеќе пари, а не дека завршил со профеионално играње фудбал и сака да си го лади у Турција.. Рома на Гринвуд му понуди 4.5-5мил нето плата по сезона и ќе го сметавме како главно засилување ова лето, исто и Атлетико Мадрид имаа понуда, овој отиде у Фенер за плата од 7-8мил и најверојатно и ќе игра ЛШ следната сезона, а и оштета платиа за него 40мил евра.. и незнам што тука во овие примери се поклопува со тоа што го збориш? Еве и Тросард да се земе за пример, пропаднат ли е? Играч од новиот шампион на Англија и финалист на ЛШ, со дабл дабл учинок во последната сезона, то не ми личи на пропаднат играч, ем 31 година е, не е ептен стар. Тоа што у Рома и Јуве(на пример) не отишол за да игра за 5мил евра по сезона, не значи дека во Бешикташ ќе се влече по терен за 10мил или дека не му се игра.. Аке исто дојде после сезона со од над 30 настапи во Ман.Сити, играч кој и ден денес би играл пред Кели од Јуве а мош и пред Хермосо од Рома или скоро било кој дефанзивец на Милан.. еве Галата сега брка лево крило, Малик Фофана, млад играч со вредност од 40мил талент на Лион, Мартинели, готов производ и многу сериозен играч, а и до пред некој ден Мора од Порто го сакаа, играчи до 40-50мил...
Пак ќе кажам, не е лигата појака од италијанската, ама од година на година одат таму се подобри играчи, а не само испеани песни, а во италија пак има пад голем во финансиската моќ на сите клубови ..
и нормално како фан на калчото, се надевам ќе им упаднат на турците овие од уефа или незнам кое меѓународно тело за да прочалкаат финансиските книги на овие клубови и да ги испоказнат сите или во најмала рака да им се заканат со трансфер банови или неиграње во европски натпреварувања, ако увидат нерегуларности...