- Член од
- 11 октомври 2010
- Мислења
- 7.803
- Поени од реакции
- 27.947

Сезона број 125 во италијанскиот фудбал. На многумина одмилен поради се поголемата разлика во однос на богатите европски клубови, но традицијата си продолжува.
Или да се изразам сладоледџиски, кучињата лаат караванот си врви.
Новата сезона ќе врви без Верона, Пиза и Кремонезе кои испаднаа во Серија Б, а нивните места ги пополнија Венеција, Монца и Фросиноне.
Летните трансфер возбудувања се се' помалку затоа што веќе ни со турските тимови не можат да се натпреваруваат, но тоа не значи дека е така и на тренерските позиции.
Па така, оваа сезона Алегри иако не му успеа со Милан да се пласира, ќе го води Наполи во ЛШ од каде Конте напушти. Гатузо доби нова шанса во Лацио додека Сари ќе ја предводи Аталанта. Рубен Аморим е новиот тренер кај Милан а омилениот форумџиски тренер Иван Јуриќ ќе ја предводи Монца.
Фиорентина која изгледа сериозна во намерата да биде се поконкурентна, и досега е тимот кој е најактивен на трансфер маркетот, го ангажираа и Гросо кој претходно го водеше Сасуоло. Таму пак, нов тренер е Аквилани кој ова ќе му биде прво искуство во Серија А.
За прв пат после многу години, ниту Јуве ниту Милан ќе играат ЛШ, па овогодинешните претставници во најсилното европско натпреварување се Интер, Наполи, Рома и Комо.
Милан и Јуве во ЛЕ а Аталанта ќе биде единствениот претставник во Конференциската лига.
Сезоната ќе започне на 22ри Август, во 18:30. Интер против Монца и Удинезе против Комо.
Првите три кола ќе се играат исклучиво после 18 часот заради високите температури а од 11ти Септември ќе го имаме и на секому омилениот термин 12.30 во Недела, како и мечеви во 15, 18 и 20.45 часот.
Комплетен распоред можете да најдете на официјалната веб страна - https://en.legaseriea.it/serie-a/fixtures-results

