Кога читате статии или гледате некои сомнителни бројки за долгови, пишува таму нешто за одржливост, солвентност и слично?
Знаете ли дека пример Франција во 2020 година имала јавен долг, 115% од БДП, а Македонија некаде околу 60%.
Што мислите вака на прва, која држава има повеќе шанси да банкротира и да стане несолвентна, без можност да го сервисира долгот?
Апсолутно ништо не значи кога ќе се прочита вака гол податок (па макар бил и точен), пример дека долгот на Реал Мадрид изнесува пола милјарда евра. Без да се знаат уште 1000 други параметри, никако само врз основа на ова не може да се мери финансиската кондиција на еден фудбалски клуб, особено пак кога станува збор за тежок бренд.
Не ја следам ситуацијата од блиску, но кај Интер, како и кај речиси сите италјански екипи, голема е веројатноста да има потреба од израмнување на книгите, со цел излегување во пресрет со УЕФА регулациите за ФФП, отколку за нешто суштински. Не заборавајте како Јуве го купи Пјаниќ од Рома за 30 милиони, бидејќи овие мораа до 30ти јуни ако не се лажам тогаш да ја надополнат таа сума.
Не дека Интер нема проблеми, можеби поголеми од другите, но со тоа според мене се соочуваат сите екипи од Италија, без исклучок. Дури мислам дека и шпанските тешко крпат, единствено изгледа дека за премиер лигата нема Ковид криза.
Нејсе, за среќа има европско, белки срањава за шпекулации и трансфери ќе не одминат еден месец.