- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.453
- Поени од реакции
- 5.435
Зашо Јувентус без плејмејкер би бил главен фаворит за скудето?Јувентус со Алегри ќе биде прв фаворит за титула следната сезона, нема голема филозофија тука. Интер веројатно ќе го ослаби и првиот тим и клупата, Милан е во поеднакво финансиски посрана ситуација како Интер, практично ист модел ќе следат во иднина, а Аталанта, Наполи, Рома, Лацио немаат капацитет да играат за титула.
Алегри ќе треба сериозно да потфрли со Јувентус, за пак да се борат само за ЛШ местата. Веројатно е дека ќе земат и неколку играчи на позиции каде им фалат, што пак ќе ги однесе чекор напред пред конкуренцијата.
Да почекаме трансфер периодот како ќе помине, ама јас не очекувам дека некој клуб драматично ќе се засили, за да ја смени сликата што ја очекувам за следната сезона.
Мислењево го имате ти и уште неколку фанови на Јуве на форумов.
Од цела лига мислам дека Рома највеќе ќе напредува следната сезона. Мислам дека Мурињо во најмала рака ќе им обезбеди топ 4 место нормално зависи и како ќе помине меркатото.
На кратко, јуве без одличен преоден рок пак ќе си се мачат за топ 4 и тоа е тоа.
Барем 2-3 класа играчи им фалат без притоа да продаваат ниту еден играч. Алегри нормално дека е голем апгрејд ама без играчки кадар џабе ти е се. Така да летово управата нивна треба да се покаже на дело.
Иако мислам дека и сезонава ќе им помине во транзиција и реална цел ќе им биде топ 4 финиш и лш фудбал.
Милан од сите 3 тима е во најзаебана ситуација. Ем 50 милки ќе им отидат за да останат на приближно ист квалитет, ем Златан е година дена постар а еден од најдобрите играчи си отиде за ич пари и нормално е неговата замена не знаеме како ќе се погоди. У кратки црти многу пари ќе треба комшиите да фрлат за да бидат пак конкуренти за топ 4. За главни фаворити за скудето да не правиме ич муабет.
Сепак мислам дека борбата за топ 4 следнава сезона ќе биде пеколна и неизвесна до последно коло.
Интер од друга страна е во најповолна ситуација. Комплетен состав имаме. И 1 играч ако продадеме за да искочиме од кризата и да ги анулираме тие 70 милиони во најлош случај ќе бидеме едни од главните фаворити. Реално сега на составот му фали само лев бек и можеби голман пошто Ханда веќе е здраво на залез на кариера и редно е да му се бара замена.
Со евентуална продажба на некој првотимец ќе се отвори 1+ позиција и би дошле во слична но малце подобра ситуација од Јуве и Милан. Со тоа што ќе можеме да скрпиме со тие финансии што ќе ги собереме од продажба и ослободување од плати. Дури и просечни, пристојни сериа а играчи да земеме пак ќе имаме предност бидејки веќе имаме 8 играчи којшто се топ уиграни. (без ханда)
Инзаги за мене лично е енигма, го немам многу пратено но мислам дека со овој тим, со 1-2 нови играчи што би одговарале во неговиот систем би можел да изненади и да пружи многу подобри резултати од Конте. Сепак имаме костур којшто е во најдобри години, за разлика од нашите ривали во лига. Така да и тие 2 солидни играчи што би биле во прва постава би можеле полесно да заблескаат покрај другите 9 уиграни првотимци.
Исто битно е и да видиме како пред се ќе го организира нападот, конте никогаш не го искористи фул потенцијалот на Ериксен, очекувам Инзаги тука сите да не изненади. Дефанзивата е коска, средината како мотор на екипата е предобро уиграна така да очекувам доста добро да се справиме со оваа мини транзиција што би требало да ја имаме.
Сепак нов тренер имаме. Очекувано да претрпиме некакви промени. Исто е и со Јувентус. Не можеме да знаеме на Алегри како ќе му легне тимот, како ќе му се погодат засилувањата и слично. И двата тима којшто повеќето од нас ги сметаат за главни конкуренти (барем сега) ќе треба да претрпат големи промени во соблекувалната. Ќе видиме што ќе ни донесе летово. Јас сум оптимист, верувам дека нема да дозволат шампионски тим да се растури баш кога е на 2-3 играчи од перфектни стартни 11 за некој си 70 милиони евра. Баш кога се враќаат навивачите на трибина, зимаме нов спонзор, ЛШ а и се очекува олабавување на мерките од кина бидејки веќе короната е во залез.
Едвај чекам да почне следна сезона и да видам како ќе изгледа тимот и на хартија а и уште побитно на терен. Јас лично им давам шанса летово на кинезите, а првава полусезона ќе бидам воздржан од критики кон Инзаги.
Ма идеме на ТРИПЛЕТА бРе!
не планирав вака долг пост.
извинете за лектирата.