Serie A 2020/21

Шампион?

  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
И да, Интер минатава сезона ја освои титулата, но реално правиме муабет, според ростерот пред почетокот на сезоната не беше главен фаворит за освојување на истото
Од каде ги ваѓаш овие информации не ми е јасно.
:kafence:
 
Озбилно од кога ќе ги погледнете составите на трите екипи (Интер, Милан, Јуве) мислите дека тие 70 милиони се толкав проблем за Интер и дека нема шанси да одбрани скудето и со продажба на 1 играч?
Милан и Јувентус што имаат дупки за попунување колку сакаш се во подобра позиција само затоа што „имаат“ „повеќе“ пари за трошење?

Стварно не ја сфаќам логиката.
 
Не мислат, туку така им сервираат за да мислат.
HighSlimFawn-size_restricted.gif
 
Епа еве, демантирај ме, види букмејкерите како давале шанси, релевантните медиуми во Италија и се. Да, Интер беше еден од фаворитите за освојување, но не да се одвојува од другите.
Озбилно од кога ќе ги погледнете составите на трите екипи (Интер, Милан, Јуве) мислите дека тие 70 милиони се толкав проблем за Интер и дека нема шанси да одбрани скудето и со продажба на 1 играч?
Милан и Јувентус што имаат дупки за попунување колку сакаш се во подобра позиција само затоа што „имаат“ „повеќе“ пари за трошење?

Стварно не ја сфаќам логиката.
Како квалитет на состав на тим и играчки кадар, нема еден тим што видно се одделува од другите. Затоа реков, многу зависи од трансфер пазарот. А и од тоа како ќе се снајди Инзаги во Интер, и како ќе му тргни повторно на Алегри во Јувентус.

Јас не мислам дека и Интер ако продаде еден од столбовите на нивната игра дека нема да има шанса за титула.
 
Епа еве, демантирај ме, види букмејкерите како давале шанси, релевантните медиуми во Италија и се. Да, Интер беше еден од фаворитите за освојување, но не да се одвојува од другите.
Нема релевантни медиуми у Италија, прво.
Второ, Интер беше фаворит за Скудето и тоа највеќе се должи ради убедливата прва сезона на Конте и ради фактот Пирло и старт на кризата у Јуве, да ја наречеме така еве.

Нормално дека нема да му `признаат` на Интер дека се одвојува од другите, таман работа, него не му признаваа кога стварно се одвојуваше од другите и кога освојуваше све и свашта а не па сега кога конечно искочи од темницата.
На крај табелата и ситуацијата си ја дадоа реалната слика на тоа кој беше најдобар и заслужено шампион за ланската сезона.

За следната сезона јас очекувам Интер да продолжи да се бори за Скудето и тоа највеќе со Јувентус, ради Алегри факторот. Другите екипи моментално со ништо не покажуваат дека сакаат да напраат исчекор.
Мада, прерано е уште за било какви очекувања и најави, само што заврши сезонава.
 
Да не се лажеме, Јуве лани не беше чист фаворит за Скудето како прошлите сезони повеќе ради тоа што го имаше Пирло на клупа отколку поради ростерот на играчи што ги има. Плус појачан Интер со Лукаку и Хакими и тоа е тоа, асален конкурент за Скудето како што немаше прошлите сезони, a и Јуве без тренер за разлика од прошлите сезони кога бевме прејаки. А и како што памтам, и тука никој не рече дека Јуве е чист фаворит, сите очекувавме тесна битка. На крај Јуве потфрли на велико со Пирло на чело, а Интер си одржа форма и згази све до крај на сезона и тоа е тоа.

Да беше на пример Алегри тренер лани, сигурен сум дека ќе конкурираа на Интер за титула. Можеби немаше да сме шампиони пак на крај, ама ќе имавме барем 10-15 бода плус а и гарант немаше до последно коло за ЛШ место да се мачиме.

Догодина очекувам подобар Јуве поради Алегри и поослабен Интер ради заминувањето на Конте, без разлика на трансфери. А со тоа, и потесна битка меѓу овие 2 екипи. Милан зад нив заедно со Наполи и Рома/Лацио.
 
Последно уредено:
Јас не знам до кога ќе се лажете самите себе, Јувентус има тим малку послаб од Аталанта и Милан... Факт е дека Пирло извади максимум, годинава судиите не беа на ниво како претходните иако добија значајна помош од 8 бода за некако да се дочепаат до 4-то место...

Средина еднаква на 0, Роналдо најверојатно си оди, сезонава што следи ако догураат до топ 4 некако, ќе треба да слават како титула...
 
Земан ви дојде тренер или Сабатини спортски директор? :P
Баш ме интересира кога ќе го отпуштаат со кое емоџи ќе го отпуштат. Најверојатно со:

1t-o8-cm-cenicero-automatico-de-ceramica-glass-emoji.jpg
 
Озбилно од кога ќе ги погледнете составите на трите екипи (Интер, Милан, Јуве) мислите дека тие 70 милиони се толкав проблем за Интер и дека нема шанси да одбрани скудето и со продажба на 1 играч?
Милан и Јувентус што имаат дупки за попунување колку сакаш се во подобра позиција само затоа што „имаат“ „повеќе“ пари за трошење?

Стварно не ја сфаќам логиката.
Јувентус со Алегри ќе биде прв фаворит за титула следната сезона, нема голема филозофија тука. Интер веројатно ќе го ослаби и првиот тим и клупата, Милан е во поеднакво финансиски посрана ситуација како Интер, практично ист модел ќе следат во иднина, а Аталанта, Наполи, Рома, Лацио немаат капацитет да играат за титула.
Алегри ќе треба сериозно да потфрли со Јувентус, за пак да се борат само за ЛШ местата. Веројатно е дека ќе земат и неколку играчи на позиции каде им фалат, што пак ќе ги однесе чекор напред пред конкуренцијата.
Да почекаме трансфер периодот како ќе помине, ама јас не очекувам дека некој клуб драматично ќе се засили, за да ја смени сликата што ја очекувам за следната сезона.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom