Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
25.864
Поени од реакции
44.930
logo_serie-а.jpg

Новата сезона во Серие А, првенство потажно од ситуацијата со Ковид-19, ќе започне на 20 Септември. Актуелните прваци ќе атакуваат на 10-та по ред титула. Останатите се зафатени со градење проекти, небаре се невладини организации а не фудбалски клубови. Ќе победат кога ќе победат, ако победат. Ако не, ништо важно.

kikica.png

Јувентус на кормилото ќе го има Андреа Пирло, кој ни сам не знае зошто е поставен за тренер оваа сезона. Пирло ќе се обиде да дојде до неговиот прв трофеј како тренер, потпирајќи се на докажани играчи како Роналдо и Дибала. Колата е малку зарѓана ама со добра логистичка поддршка се очекува да ги престигне конкурентите.

prasanja-koi-me-macat.jpg.png

Колку Интер ќе биде конкурентен зависи од тоа колку таленти како овој на сликава погоре, ќе останат во клубот. Конте веќе направи стратегија, да го купи Челзи, и управата работи да му удоволи. Конте не застана тука, веднаш убеди двајца играчи кои му викаа: "Шефе, не можам, се ме боли..." да потпишат за клубот. Кога заврши со сето тоа почна да му го средува преодниот рок на Милан, така бидејќи е воркохолик и не може да седи без работа.

Tonali.jpg

Братучедите покрај тоа што во тимот го имаат Господ лично, го купија и младиот и талентиран Тонали и се надеваат дека оваа сезона конечно ќе изборат пласман во ЛШ. Ако играат како при крајот на минатата сезона, можеби и ќе успеат. Следуваат Аталанта, Наполи, Лацио и Рома, екипи кои би требало да се борат за ЛШ до крајот на сезоната.

Потоа следува група екипи за кои на никого не му е гајле, и на никого не треба да му е гајле.

Еве ви распоред:

2020-21.jpg

Се надевам дека Јувентус и Интер ќе решаваат за титула во директен дуел во претпоследното коло. Тоа би било спектакуларен крај на сезоната, посебно ако се игра пред публика.

Што се однесува до форумов, се очекува старата песна. Расправиите ќе почнат при првата ВАР ситуација, ако не и порано. Сите сме подготвени да аргументираме во детали зошто конкретната игра со рака била пенал (ако е од противнички играч) или не била пенал (ако е од свој играч). Веројатно тоа е и единствена причина зошто ја гледаме лигава. Џони и понатаму ќе не напнува со местењето, нешто кое најверојатно го прави за да заглави што е можно повеќе луѓе финансиски. Магистерот ќе не потсетува на неговите академски и животни успеси, еднаш на секои 15-20 страни.

Бидејќи Лече испадна, а Киево не влезе, Шќиреа е принуден да навива за Јувентус.

Толку од мене. Сите бевте зафатени со Инста, ако не ви се допаѓа воведот, кој ве тркала.

/
 
Последно уредено:
Член од
18 октомври 2010
Мислења
1.708
Поени од реакции
5.332
Ѕвер :pos:
Едвај чекам да почнат муабетите..
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
41.819
Поени од реакции
83.084
Let me get this started со време:

Шо знам, не ми изгледа ко да беше ова пенал, некако судииве ко наклонети за Јуве да се...шо знам...
 

Dino-Juve

Juve Per Sempre
Член од
20 октомври 2005
Мислења
1.146
Поени од реакции
458
Уште една анкета да бапниш, не е лошо :)
 

^^GoRiLLaZ^^

Happiness...?
Член од
25 јануари 2007
Мислења
4.707
Поени од реакции
6.159
Самата слика уште во првиот пост си ја отсликува цела тема. Анти Јувентус тема. Но тоа е, кога ја отворил фан на интер што може да очекуваме, освен и ние да ве поздравиме малце подолу од првиот пост:

117706213_10221861421420707_8710272265238134026_o.jpg

Околу титулата се знае, секако дека Јуве ќе оди на x10, така да ќе плачете и таа сезона.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
3.481
Поени од реакции
5.727
Мене уште не почнати ми го скршија филмот со Ливерани во Парма. Кај од толку лузери баш него го најдоа?
 

Scirea

Старата Дама
Член од
4 август 2010
Мислења
22.147
Поени од реакции
61.127
Бидејќи Лече испадна, а Киево не влезе, Шќиреа е принуден да навива за Јувентус
Духовно те осетив уште пред да ја отворам темава дека ќе пројадеш гоВна за мене, Киево и Лече... џубре покварено
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
2.319
Поени од реакции
5.069
Сега за сега Интер има најскап состав во Италија според трансфермаркт, да почекаме да заврши преодниот рок па ќе видиме кој е фаворит. Али мислам дека и според кладилниците Интер ќе биде фаворит...

На Јуве со Пирло големи се шансите да му се деси потоп со таа средина составена од Мекензиевци...
 
Член од
6 мај 2007
Мислења
533
Поени од реакции
539
Сега за сега Интер има најскап состав во Италија според трансфермаркт, да почекаме да заврши преодниот рок па ќе видиме кој е фаворит. Али мислам дека и според кладилниците Интер ќе биде фаворит...

На Јуве со Пирло големи се шансите да му се деси потоп со таа средина составена од Мекензиевци...
Средина доволна за пак за еден бод да ви ја лапнеме титулата како годинава :D
 

Kajgana Shop

На врв Bottom