- Член од
- 29 јуни 2018
- Мислења
- 3.585
- Поени од реакции
- 5.623
Види, океј на сите ни е јасно дека Јувентус има дупло бољи тим од Болоња на хартија. Мислам логично е, Кики зима повеќе годишно од цел тим на Болоња...Михајловиќ е пиче интерашко научено да плаче. Ќе изгуби 20 меча од 38 кола ама битно во поразот од Јувентус ќе му бидат криви судиите. Демек Болоња смрдливата е светска велесила па Јувентус никогаш не би ја победил без судии. Да се живи и здрави судиите иначе тешко дека Јувентус би излегол на крај низ историјата со големата Болоња.
Проблемот со судиите е друг и ти самиот си свесен за тоа. Не дека во фудбалот секогаш победува поквалитетниот состав на хартија. Болоња може да изненади, може да пружат одлична партија, може на среќа и 1:0 да поведат у прво. Е сеа самиот проблем е што ако Јувентус не поведе, не ја контролира играат, ќе си добие судиска помош. Дали тоа било фаул, пенал, жолт/црвен итн. не е битно. Повеќе пати до сега видено сценарио.
Значи не е работата во тоа што Болоња е слаба екипа споредено со Јувентус, туку во тоа што на Јувентус судиската помош ќе му биде тука ако му затреба.
Можеби сите тимови некогаш добиле мала судиска помош/судиите биле благонаклонети кон нив. Ова со Јувентус што се случува е веќе претерано. Секоја година, на повеќе наврати.
Нема поента да се контраш со 99% од подфорум фудбал, на сите ни е јасно дека Јуве секогаш ја уживал таа наклонетост од страна на судиите. Затоа и толку многу фејлови има во ЛШ, натпреварување каде што и се натпреварува без таа судиска помош. Тука не си ти крив или пак било кој фан на јувентус, едноставно така си работи клубот веќе со години и тоа е тоа. Далеку од тоа дека секој натпревар со судии го зимаат, ама па и не дека сите бодови им се 100% заслужени.