Serie A 2020/21

Шампион?


  • Вкупно гласачи
    129
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Е редно беше некој да ги надене, со Каљари очај али дадоа ран гол од пенал, со Беневенто исто, е не може цело време така. Сега Интер е на ред утре, да видиме дали им пораснаа курињата или се уште ја имаат лузерската аура.
 
Каква лекција по фудбал им дадоа, секоја чест.

Милан денеска немаа никаков одговор на пресингот на Специја.

Уште сега можам да кажам дека и мечот на Интер против овие ќе биде ептен забеган. Овие Специја мислам на куп им дадоа покер и на рома ако не се лажам.

пс. Интерашиве нека не се радуваат предвреме, бидејќи Интер утре не добива 100000%.
 
На Јувентус им направија check, back to reality... На Мондо најкомплетниот тим... :pos:

Утре конечно Интер на врвот, таму кај што заслужува...
 
Каква лекција по фудбал им дадоа, секоја чест.

Милан денеска немаа никаков одговор на пресингот на Специја.

Уште сега можам да кажам дека и мечот на Интер против овие ќе биде ептен забеган. Овие Специја мислам на куп им дадоа покер и на рома ако не се лажам.

пс. Интерашиве нека не се радуваат предвреме, бидејќи Интер утре не добива 100000%.


И Наполи на гости го тепаја.
Ептен незгодна екипа се.

Иначе више почиња да се примеќа истрошеност кај Милан, со тој пресинг на Пиоли, умираат више еден по еден.

Ако не даде Милан у прво полувреме или прв гол тешко дека ќе види позитивен резултат више до крај.

Среќа следните две кола имаат релативно лесни противници па очекуем да се реши работата у прво полувреме у двата меча :icon_lol:
 
Утре сложно и братски мора да се солидаризираме со комрадските местачки мафијашки клубој Милан и Јувентус , па и ние да си изгубиме дома лесно за да го направиме првенството интересно... :uzi:
 
На играчите на Специја треба да им направат допинг тест :D (миланез прескаа на фејсбук), немало шанси такво трчање 90мин, аахаахаа.
 
Јуве губи, Милан губи. Интер со победа има шанса да скокне на прво место.

Ја имаме гледано ситуацијава сто пати до сега во оваа сезона.
Чиро Имобиле дава два гола.
 
Сезона 19-20
Бентакур, Пјанич, Матуиди, Ремзи, Рабио и Кедеира
Сезона 20-21
Артур, Бентакур, Рабио, Меккени и Ремзи.

Сезона 16-17 т.е последното финале во ЛШ на Јувентус
Пјанич-Кедеира-Маркизио у најдобри години можда.
Тука додај го и Лемина еве.

Иако и тебе ти е јасно дека муабетот не е само за средината.

Киелини веќе е доста стар, Роналдо исто така, Дибала сезонава не постои на мапа иако лани беше еден од подобрите поединци кај вас.
Ако праиме ретроспектива од тој 16-17 тим ќе видиш колку јуве у последниве 4 години т.е после тоа Финале е отиден у надолна линија по квалитет на тим. Роналдо и Шчезњи може да се каже дека се некое подобрување само, иако Кики е веќе стар,времето го гази (нормално класа си е и сеа нема збор за тоа легенда е човекот) и Шчезњи што го замени буфон којшто тогаш беше 38-9 години. Еве нека ме поправи некој ваш фан ако сум заборавил некоја позиција каде што сте се подобриле од таа 16-17 година во овие 4 сезони.

А за средината конкретно играч, плејмејкер како Пјанич ви фали и тоа многу, Матуиди и Кедеира можеме да ги хејтаме колку сакаш ама дека вршеа работа и беа добри играчи за тоа нема збор. Иако доста потценети мора да признаам. Рабио и Ремзи не би ги коментирал :D

Е сеа ти слободно спореди ги Јувентус, Интер и Милан во 2016-2017 и во 2020-2021. :)
Јувентус освен средината со Видал, Погба, Маркизио, Пирло, која беше една од најдобрите во свет, другите сезони имаше просечна средина. Сезонава им е можеби за нијанса послаба средината ама не може некој пред почеток на секоја сезона да кажува "Каде Јуве со таа средина ќе се бори за титула", и кога конечно еднаш ќе му се потрефи (нормално е дека еден клуб не може да освои 100 титули по ред), да каже "Ете ви реков пред да почне сезоната", а тоа истото ко кажал пред почнувањето на минимум 4-5 сезони.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom