Serie A 2015/2016

  • Креатор на темата Креатор на темата Џонтра Волта
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во новата сезона?

  • Вкупно гласачи
    197
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Добро бре па и вие.
Секако Рома оваа година е веќе скроз калакурница
 
Намали со менаџерот малце :icon_lol:
Неам играно матер да му ебам, али ај речи дека не е така? :)[DOUBLEPOST=1454129475][/DOUBLEPOST]Туку ете го Наполи си го лапна Тонели, претходно си зеде еден wonderkid со посалам менаџер почнаја да си работат како треба.
 
Последно уредено:
Која утка му е Ел Шарави на крилната позиција, или пак Салах и Наинголан.

Каша попара му е формацијава, со оваја ни на Фифа немојш да победиш.

Скоро истата формација беше против Јуве. Само што Ел шугави не беше. Не изгледаше лошо.
Плус ако не пробаш против фросиноне против кој?
 
До кога трае меркатото у Италија ? 31 на полноќ?
 
CZv39ROUYAAcTB3.jpg

Спалети ќе проба пак нешо да измислува али може ќе му успее и овој пат.

Вака на прв поглед може да му упали ко шо му упали на Конте со Јуве.
Само шо крилата на Конте беа првенствено дефанзивци.
Овде Шарави и Флоренци ми се тотална спротивност од ДеЧеље и Лихтштајнер. Ајде некако за флоренци ќе замижам (како Асамоа шо покриваше едно време) ама сепак не е то то.
Бонус шо бара ДеРоси во одбрана. Знам дека има изиграно неколку меча таму на завидно ниво, ама сепак нека го користи кај шо го бива најмногу.
Наинголан со сигрност не за вингер. Најдобра позицја за него е боксер и заедно со дероси да му го чува грбот на пјанич. Ако веќе трба дсе копира Конте, Шарави е единствен вингер материјал од оние шо ги гледам на сликава.
Салах е Матри профил на играч. Можи да искористи само простор и сумљам дека можи заедно да игра со Џеко.

Моја формација за Рома би било ова Пјанич(ала Пирло) со двајца боксери околу него (ала Маркизио и Видал) Наинголан, ДеРоси, Флоренци, Вајнкур одбери кој сакаш.
Крилата место Лихтштајнер и ДеЧеље се покриваат со Флоренци и Диње.
Напад Шарави и Џеко прва постава.
Е сега зависно од противник можи да бира колку да биди офанзивен па да се оди со Фалке и Шарави како крила околу Џеко или така нешто. А Флоренци да зависи дали ќе крпи назад или напред зависно од формација.

Во секој случај, формацијата е само ливче хартија пред почетокот на мечот. Многу зависи како ќе почни да работи машината.
Играчите на Конте трчаа како луди и секогаш имаа вишок играч. Ајде ќе прогледам низ прсти за квалитетот и Конте играше со луѓе како Матри, ДеЧеље и сл.
Овде само Флоренци, Де Роси, Пјанич, Наинголан се играчи кој треба да го држат костурот се останато е само пурпена во тимов.

Итурбе беше измислен за десен бек, ама на никој не му текна да го проба таму. Во оваа формација би се вклопил добро. Не е џабе што Конте го сакаше во Јуве.
Друго... со Жукановиќ на позиција централен бек, Де Роси ќе го заземе местото на Ванкер.
 
ваљда сакаше да каже е тотално спротивен матри тип на играч згрешил ок е
 
Матри-Салах споредбата ваљда му е у контекст дека се играчи на кои им е потребен огромен празен простор за да дојде до израз брзината\умешноста да се уфрлат у истиот.Салах е технички измислен за Матри али итекако се осеќа дека се подизгубува и моменти на позиционен напад каде нема простор за контра\полуконтра брза транзиција.
Кадарот на играчи не е баш по вкусот на Спалети па мора да пробува нешо.Фараонот и Раџа тука се на најнеприродна позиција,барем вака графички претставено,а како ќе изгледа тоа на терен треба да се види.[DOUBLEPOST=1454162329][/DOUBLEPOST]
Итурбе беше измислен за десен бек, ама на никој не му текна да го проба таму. Во оваа формација би се вклопил добро. Не е џабе што Конте го сакаше во Јуве.
Друго... со Жукановиќ на позиција централен бек, Де Роси ќе го заземе местото на Ванкер.
Тешко е ова со Итурбе,дека е изразит левак и дефанзивно ограничен.Иако крилен бек,позицијата бара понекогаш спуптање на бекот у линија на дефанзивците у фаза на одбрана.
Итурбе тој период играше у Верона како крило\полушпиц и го користеше просторот по му го праешеЛука Тони.Ист пример ко погоре,стил на игра кој се базира предсе на простор.И Куардадо не е нишо поарен.
 
Зампарини и сезонава не изостанал со праење глупости со тренерите.
Не знам кој гледа Карпи-Палермо, баш коментаторот објаснуваше.

Сезоната ја започна Јакини кој лани ги водеше Палермо ЦЕЛА СЕЗОНА, после го избрка Јакини и го назначи Балардини. После неколку кола односно пред 4 кола го избркал Балардини и го врати Јакини ама овој одбил па пак го вратил Балардини кој ги водел со Верона ама Сорентино капитенот изјавил дека Балардини уопште не учествувал во тој натпревар односно не ни разговарал со играчите туку само стоел ко споменик, па го избркал уште еднаш а на негово место го назначил извесен Скелото арно ама овој немал лиценца да ги води против Џенова и Удинезе па на негово место доле на клупа ги водел Вивијани тренерот на младинците... и сега нов тренер им е Тедеско а на тој Скелото му бара лиценца за тим менаџер или шта год само за да седи доле на клупа. :pos:

Луди Зампарини. :vozbud:
 
Па што сакаш од човекот што води клуб кој егзистира од продажба на таленти. Грден кеш земаа за неколку играчи што играа кај нив, ништо не вложија, ама баш ништо.
Еве сеа у лето Васкез ќе го продадат за 20+, али пак ништо нема да купат нити вложат. заради овие глупи газди паѓа целата лига.
И он и Поцо, апла го направија фудбалот - бизнис. Ај ќе разберам си тераат профит, ама да не пати фудбалот ради тоа.
 
Неам играно матер да му ебам, али ај речи дека не е така? :)[DOUBLEPOST=1454129475][/DOUBLEPOST]Туку ете го Наполи си го лапна Тонели, претходно си зеде еден wonderkid со посалам менаџер почнаја да си работат како треба.
Брат нема врска тоа дали играл box-to-box или било што.
Наинголан е таков тип на играч без разлика на која позиција ќе игра во средниот ред. Не мора да значи дека ако игра преден везен играч дека автоматски ќе е креатор или ти што ги викаш треквартиста.
Раџа и на таа позиција ќе биде истиот тип на играч каков што е, ќе врши пресинг врз противничките дефанзивци заедно со Салах, прв одбрамбен ред.
Во Рома се знае кој е креативец, тоа е Пјаниќ, без разлика кај игра, дали задњи дали централни дали предни везни или модерно 10ка.
Затоа и го разбирам Спалети што го игра напред Наинголан, пошто од Џеко не можеш многу многу да очекуваш да помага дефанзива а со Раџа одбраната ќе почне уште пред противничкиот шеснаесетник, пошто одбраната почнува од нападот.
 
Џеко ќе ствара простор :D шо сакате поќе?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom