Хипотетички да освои Јуве ЛШ наредните години јас и натаму ќе тврдам дека таму среќата е клучен фактор во добар дел од случаевите, затоа што се малку натпревари и тоа елиминациони што се играат во раздалечен временски период.
Се си мислам дека погрешно ме сфаќате поради тоа што сум фан на Јуве. Фан на Реал, на Милан и на кој и да сум мене логиката ми вели дека не може да се вадат заклучоци толку лесно за успешноста или неуспешноста на еден тим во натпреварување како што е ЛШ. Јувентус има премалку титули, не затоа што бил очај и ужас во Европа (како што многумина дефинитивно мислат и сакат да кажат) туку затоа што во тие моменти, во тие загубени финалиња и други отпаѓања имале помалку среќа, помалку знаење, помалку способност од противникот, како сакаш погледни го тоа. Во секој случај, тука стојат примерите како Ливерпул, Челзи и Милан како тимови кои во последните 9 години освоија ЛШ, а беа прилично помалку квалитетни од неколку тимови во Европа.
Да бидеш значително помалку квалитетен од директен ривал во национално првенство, шансите да станеш шампион ти се минорни, речиси непостоечки. Милан 2007 не беше толку послаб да кажеме од Интер или Манчестер, како што беа Ливерпул и Челзи од нивните конкуренти 2005&2012.
Фан на Милан си, знаеше дека во финалето 2005 Милан од Ливерпул беше класи подобар тим, но сепак загуби. Јебига, се дешава. Исто класи над Ливерпул беа и Челзи и Јувентус, тимовите кои ги исфрлија до финалето. Челзи исто беше од Барса и Баерн неколку класи помалку квалитетен, но шутни-бутни ја освои шампионската лига.
Во секој случај, освен теоријата на заговор од атомската мравка, не слушав одговор зошто Милан и покрај 7те титули во ЛШ има исто како и Интер во Серија А
Иако човекот напиша дека Милан секогаш како приоритет ја имал ЛШ, добро објаснување за Јуве би било дека секогаш за приоритет ја имаат Серија А.