Serie A 2014/2015

  • Креатор на темата Креатор на темата Mondonico
  • Време на започнување Време на започнување

Кој да ја отвори новата тема?

  • Вкупно гласачи
    96
Статус
Затворена за нови мислења.
Јас пак од секојпат една работа не сум успеал да сфатам. Еве сега Де Сантис го има споменато во интервјуто а и често е тема на дебата. Сите велат дека Јувентус нема пропорционален успех во првенството и Лигата на шампионите и бараат објаснување зошто тоа било така. Нормално, играчите како Де Сантис и слични инсинуираат на местење, освоени првенства со помош од судии и така натаму. Никој луд не негира дека Јувентус нема пропорционален успех во Европа и во Италија. Иако има едно објаснување кое вели дека Јувентус 7 пати играл финале, само 2 пати го добил. Овде може да почне и дискусијата на лузери и победници и затоа нема да навлезам во тоа, но здравиот разум секако лесно може да пресуди дека еден натпревар едноставно може да не го добиеш. Од многу фактори.

Е сега кога се поставува прашањето кон Јуве директно, зошто нема пропорционален успех во Европа и во Италија, јас би прашал друга работа.

Зошто Милан нема пропорционален успех во Европа и во Италија? Од другата страна е ова, затоа што 18 домашни титули се малку за 7 европски и тоа од најголемиот трофеј. Никој досега не се прашал или не побарал објаснување од тимот, зошто при толкав европски успех имаат изнедначен домашен успех со Интер да речеме, иако имаат дури 4 ЛШ титули повеќе?

Еве од 7те титули во ЛШ, Милан само еднаш заедно ја освоил Серија А(сезона 93/94). Сите други 6 им се освоени, кога не ја освоиле Италија. Да ги оставиме другите титули на страна, да ги погледнеме последните две, кои речиси сите сме ги гледале. Милан беше европски првак во 02/03&06/07 во последната декада, но дали реално беше најдобриот тим? Ако беше реално најдобар тим, зошто заврши на трето и четврто место во Италија во тие две сезони?

Да резимирам. Јас на прашањето зошто Јувентус нема пропорционален успех во Европа и во Италија би дал одговор дека ЛШ е елиминационо натпреварување, каде што среќата понекогаш доаѓа и пред квалитетот (чист доказ се Челзи 2012, Ливерпул 2005, Милан 2007) и Јувентус во тие клучни моменти, (финалиња) бил помалку среќен, но се разбира и помалку добар од противникот. Но, тука лежи зајакот. Секој од секој може да биде подобар во еден натпревар, но не може во натпреварување од 34 или 38 кола поврзани што се играат недела за недела и што е најважно функционираат на бод систем, а не на елиминациона фаза.

Баш ме интересира одговорот на прашањето болдирано погоре...
 
Е сега кога се поставува прашањето кон Јуве директно, зошто нема пропорционален успех во Европа и во Италија, јас би прашал друга работа.

Зошто Милан нема пропорционален успех во Европа и во Италија? Од другата страна е ова, затоа што 18 домашни титули се малку за 7 европски и тоа од најголемиот трофеј. Никој досега не се прашал или не побар..................
Затоа што во Италија се фаворизираа други екипи :свиркам:
 
Зошто Милан нема пропорционален успех во Европа и во Италија?

Зошто во Италија не играш само против тимот туку играш и против судии, ете затоа Милан нема пропорционален успех во Европа и Италија. Па очигледно дека повеќе се посветиле на нешто што стварно вреди, каде што нема кретени од судии и местачи да ти одредуваат кој ќе биде шампион :D Инаку да во Италија играш 34/38 кола ама со 90% од тие тимови се неколку класи подоле од овие водечки и со буџет и со се, додека во ЛШ играш со врвни клубови кремот од Европа што се вика.. само после групна фаза имаш 7 натпревари кои не се добиваат “на среќа“ туку со игра.
 
Јас пак од секојпат една работа не сум успеал да сфатам. Еве сега Де Сантис го има споменато во интервјуто а и често е тема на дебата. Сите велат дека Јувентус нема пропорционален успех во првенството и Лигата на шампионите и бараат објаснување зошто тоа било така. Нормално, играчите како Де Сантис и слични инсинуираат на местење, освоени првенства со помош од судии и така натаму. Никој луд не негира дека Јувентус нема пропорционален успех во Европа и во Италија. Иако има едно објаснување кое вели дека Јувентус 7 пати играл финале, само 2 пати го добил. Овде може да почне и дискусијата на лузери и победници и затоа нема да навлезам во тоа, но здравиот разум секако лесно може да пресуди дека еден натпревар едноставно може да не го добиеш. Од многу фактори.

Е сега кога се поставува прашањето кон Јуве директно, зошто нема пропорционален успех во Европа и во Италија, јас би прашал друга работа.

Зошто Милан нема пропорционален успех во Европа и во Италија? Од другата страна е ова, затоа што 18 домашни титули се малку за 7 европски и тоа од најголемиот трофеј. Никој досега не се прашал или не побарал објаснување од тимот, зошто при толкав европски успех имаат изнедначен домашен успех со Интер да речеме, иако имаат дури 4 ЛШ титули повеќе?

Еве од 7те титули во ЛШ, Милан само еднаш заедно ја освоил Серија А(сезона 93/94). Сите други 6 им се освоени, кога не ја освоиле Италија. Да ги оставиме другите титули на страна, да ги погледнеме последните две, кои речиси сите сме ги гледале. Милан беше европски првак во 02/03&06/07 во последната декада, но дали реално беше најдобриот тим? Ако беше реално најдобар тим, зошто заврши на трето и четврто место во Италија во тие две сезони?

Да резимирам. Јас на прашањето зошто Јувентус нема пропорционален успех во Европа и во Италија би дал одговор дека ЛШ е елиминационо натпреварување, каде што среќата понекогаш доаѓа и пред квалитетот (чист доказ се Челзи 2012, Ливерпул 2005, Милан 2007) и Јувентус во тие клучни моменти, (финалиња) бил помалку среќен, но се разбира и помалку добар од противникот. Но, тука лежи зајакот. Секој од секој може да биде подобар во еден натпревар, но не може во натпреварување од 34 или 38 кола поврзани што се играат недела за недела и што е најважно функционираат на бод систем, а не на елиминациона фаза.

Баш ме интересира одговорот на прашањето болдирано погоре...
значи милан на среќа ги победија Баерн Минхен, Манчестер и Ливерпул 3 екипи од врвот на европа ? сакаш да кажеш на среќа се победени?

А и според твојата логика полесно е да се освои лш него ли домашно првенство? ондак кажи ми зашто максмилен број на титули што една екипи ги има во ЛШ е 10 додека пак во домашни првенства за многу екипи имаат дупло повеќе титули ?
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: Mud
Де Сантис ти е играчка верзија на Мацари
Epic-cry.gif

:icon_mrgr:
 
значи милан на среќа ги победија Баерн Минхен, Манчестер и Ливерпул 3 екипи од врвот на европа ? сакаш да кажеш на среќа се победени?

А и според твојата логика полесно е да се освои лш него ли домашно првенство? ондак кажи ми зашто максмилен број на титули што една екипи ги има во ЛШ е 10 додека пак во домашни првенства за многу екипи имаат дупло повеќе титули ?
Епа зошто ако Милан победил против 3 екипи на врвот од Европа, во Италија заврши околу 30 бодови зад шампионот(додавајќи им ги тие одземени 8).

Тоа ми е мене прашањето. Нема логика твојот муабет дека победиле тимови од врвот на Европа поради тоа што биле одлични, а не успеале против малите тимови во Италија.
 
Па за итаљанци збориме, што мислиш кога би биле помотивирани против трето разредни клубови у Италија или против гиганти у ЛШ? Исто така приоритет на Милан од секад им бил европа него ли Италија. Многу е полесно да бидеш шампион каде што од 38 утакмици само 6-8 се реално тешки ( против ривали) него ли ЛШ кај што после групи секоја утакмица е тешка. Ја мислам полесно е да ги тепаш Емполи Бреша и компанија у низа него ли да идеш даље у ЛШ на пример против Бареслона или Баерн после групна фаза.

И дај више престанете со тоа имале среќа, не постои среќа се треба да си заслужиш. Челзи поштено си освоија ЛШ играа машки до крај не се откажуваа и си тепаа. Исто и Ливерпул тогаш со Милан.
 
И Малдини самиот пред 10тина години има изјавено дека му било потешко да се освои Серија А отколку ЛШ така да џабе крекате.Не зборам за оваа штрбава лига која настана после Фарсополи.За да победиш во ЛШ ти треба мнооогу среќа и ебано добра тактика(поготово кога играш со поквалитетни тимови од твојот.Додека за да освоиш лига мораш да имаш најдобриот тим од играчки аспект,но за разлика од ЛШ можеш и да си дозволиш кикс и реално не ти треба некој вонсериски тренер доколку ги имаш играчите.И стварно,споредба на лига со куп е нон-сенс.Секој тим си има различна карма,на некој му боље му лежи лига,на некој ЛШ,ЛЕ,на некој (Рома еве пример)не им лежи ништо.И реално Јуве со 7 финалиња,2 титули во ЛШ,4 во Куп Уефа има сосема солидно резиме во Европа,така да шат ап.
 
И Малдини самиот пред 10тина години има изјавено дека му било потешко да се освои Серија А отколку ЛШ така да џабе крекате.Не зборам за оваа штрбава лига која настана после Фарсополи.За да победиш во ЛШ ти треба мнооогу среќа и ебано добра тактика(поготово кога играш со поквалитетни тимови од твојот.Додека за да освоиш лига мораш да имаш најдобриот тим од играчки аспект,но за разлика од ЛШ можеш и да си дозволиш кикс и реално не ти треба некој вонсериски тренер доколку ги имаш играчите.И стварно,споредба на лига со куп е нон-сенс.Секој тим си има различна карма,на некој му боље му лежи лига,на некој ЛШ,ЛЕ,на некој (Рома еве пример)не им иде ништо.

Пак со среќа ќе се вадите за ЛШ а :icon_lol:? И кажи ми како е потешко да се освои лига кај што можеш да си дозволиш кикс него ли ЛШ кај што нема простор за грешки?
 
Двете натпреварувања се тотално различни..едно е јасно..Лигата ја освојува најдобриот тим,а ЛШ не е така, затоа е најинтересно и најдобро натпреварување...И ЛШ е сплет на околности поврзано со среќа..Интер со години играше одлично во ЛШ но беше елиминиран поради недостаток на среќа или поради тоа што околностите се вртеа на другата страна,страшна несреќа не тераше во ЛШ но во 2010 си се наредија коцките и вратија за сите неправди од претходно..јбг мора да се има и квалитет и упорност пред се...плус Јувентус има изиграно 7 финалиња што значи дека и во Европа биле јаки ..бидејќи комотно од тие 7 можеле 5 да добијат и 2 да изгубат и тогаш ќе тврдеа сите дека Јувентус бил слаб во Европа?..една утакмица се можи да се случи
 
Јас се што сакам да кажам е дека тимот кој ја освојува ЛШ, не е автоматски и најдобриот тим во натпреварувањето. Технички е, но не и реално. Тоа се должи на фактот што во елиминациони натпревари многу повеќе може да дојде во предвид индивидуализмот и среќата. Челзи ни е на сите нам свеж пример. Доказ за тоа што го зборувам е фактот што завршија 6ти во својата лига и наредната сезона ЛШ ја напуштија уште во фазата по групи. Сепак никој не негира дека Челзи заслужено и ферски си ја освои 2012. Ама што да се прави таков е форматот на натпреварувањето и затоа е највозбудливо.

Од друга страна тимот кој го освојува домашното национално првенство неминовно е најдобар во истото.

2011/2012 Сити беше поквалитетен тим од Челзи, иако овие освоија два трофеи (ЛШ и ФА куп), а Сити еден (ПЛ и тоа во последна минута). Исто како и што Интер беше појак тим од Милан 2006/2007, иако Милан го освои попрестижното натпреварување.
 
Брат во домашна лига имаш право на кикс ...во лш Немаш! со еден кикс испаѓаш...додека во лига еден кикс не значи ништо...чист пример е Милан со депортиво...киксна 4-0 изгуби и испадна...и немој да кажете депортиво имал среќа...со среќа не се тепаат натпревари ...оставија дечките срце на терен и дадоа све од себе...

Па не ми кажевте ако е полесно ЛШ зашто максимален број титули се 10 на реал..додека пак во Сериа А 30? неможеш едно натпреварување да го праиш полесно само затоа што тимот ти е ужас таму...и двете се подеднакво тешки.... само што во европа играш со поквалитетни екипи додека пак во домашна лига не играш со толку квалитетни ама пак бројот на натпревари е и поише од дупло поголем..
 
Истите аргументи што ги користите за ЛШ, може да се искористат и за првенството.
Точно е дека ЛШ се одлучува во неколку клучни утакмици и можеби треба и среќа да те послужи, но и првенството во многу случаи се одлучува во неколку клучни утакмици.

Пример, Ливерпул лани. Можеа да се шампиони, имаа добар тим, но немаа среќа во клучна утакмица и ја изгубија титулата.

Само што на Јуве многу ги служи среќа во тие важни утакмици во Серие А, за разлика од ЛШ. Барем така јас ја разбрав изјавата на Морган.
 
Последно уредено:
Брат во домашна лига имаш право на кикс ...во лш Немаш! со еден кикс испаѓаш...додека во лига еден кикс не значи ништо...чист пример е Милан со депортиво...киксна 4-0 изгуби и испадна...и немој да кажете депортиво имал среќа...со среќа не се тепаат натпревари ...оставија дечките срце на терен и дадоа све од себе...

Па не ми кажевте ако е полесно ЛШ зашто максимален број титули се 10 на реал..додека пак во Сериа А 30? неможеш едно натпреварување да го праиш полесно само затоа што тимот ти е ужас таму...и двете се подеднакво тешки.... само што во европа играш со поквалитетни екипи додека пак во домашна лига не играш со толку квалитетни ама пак бројот на натпревари е и поише од дупло поголем..
Никаде не реков така и не споредив ЛШ со национално првенство. Само прашав многу едноставно како што многу прашуваат зошто Јуве нема пропорционален успех во Европа како во Италија, зошто Милан нема пропорционален успех во Италија како во Европа.

Поентата ми е дека ја преценувате разликата во трофеи во ЛШ. Еве ден пример: Челзи има еден трофеј, Јувентус два. Дали успехот на европско тло во реалноста меѓу Челзи и Јувентус е толку изедначен?

Џони одлично објасни што сакам да кажам, само заборави да додаде дека не секогаш во ЛШ одлучува среќата, секако постојат исклучоци.

Еве уште една работа. Барса беше страшен тим 08/09 сезоната кога освоија еден куп трофеи. Но сигурно ви текнува на оној натпревар на Стемфорд Бриџ каде што Барса многу лесно, со неколку правилни судиски одлуки можеше да губи 3-0 во продолжението кога Иниеста го постигна голот. Барса многу едноставно имаше среќа со судиските одлуки тогаш, а беше најјак тим.

Ливерпул од друга страна имаше фудбалска среќа 2005, кога прво против Јувентус во Торино, Ибрата промаши се живо и диво, а во финалето против Милан од 3 шута дадоа 3 гола, додека Шевченко промаши речиси празен гол во продолжението.

Го заборавив и оној голот против Челзи во полуфиналето што всушност не беше гол. Ливерпул среќно стигна до титулата во Истанбул тогаш. Мојата поента е дека национално првенство не можеш да го освоиш на тој начин, бидејќи мора пред се да си поквалитетен од другите. Тогаш не беа Ливерпул поквалитетни ни од Јувентус, ни од Челзи ниту пак од Милан. Но ја освоија заслужено.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom