Mondonico
ВАР експерт
- Член од
- 15 јануари 2013
- Мислења
- 10.243
- Поени од реакции
- 18.444
На 31ви август 2014 година ќе започне 113тото издание од италјанската прва лига, а истата ќе трае до 31 мај 2015 година. Во најелитното друштво во Италија оваа година ќе се натпреваруваат 20 тимови од кои најдборо пласираните две екипи директно ќе играат во Лигата на Шампионите, третото место ќе се квалификува во последното коло од квалификациите за ЛШ, додека четврто и петто пласираниот ќе играат во Лига на Европа заедно со победникот на купот. Најслабо пласираните 3 тимови ќе ја напуштат најсилната италјанска дивизија. Еве го целосниот распоред:

Оваа сезона имаме три повратници во Сериа А и тоа Палермо кој после само една сезона помината во понизок ранг се враќа, Чезена која во Сериа Б помина две сезони и Емполи кој последен пат настапуваше во првата лига сезоната 2007/2008. Од прва лига си заминаа Болоња, Ливорно и Катанија на кои им посакуваме брзо враќање во елитата.
Јувентус минатата година беше шампион со рекорден број поени (102), број кој малку веројатно може да биде надмината сезонава и оние кои следуваат. Рома заврши како второпласиран тим, додека тимовите од Милано не успеаа да изборат пласман во ЛШ.
официјалната топка за новото првенство
Настрана политиката да се обрнеме малку кон ситуацијата која се очекува на теренот. Јувентус направи клучна промена на тренерската позција каде што шокантно Конте си поднесе оставка, а на негово место дојде поранешниот стратег на Милан, Макс Алегри. Јуве оваа лето се засили со Евра, Мората и Переира, покрај неколкуте младинци, а тимот го напуштија Вучинич и Квалјарела. Наголемо се шпекулира веќе цел месец заминувањето на Видал но засега ништо од тоа. Рома во своите редови ги доведе Итрубе од Верона, Ешли Кол од Челзи и Астори од Каљари како побитни трасфери. Досега нитуеден битен играч не го напушти клубот, па дефинитивно Рома на чело со одличниот стратег Руди Гарсија важи за сериозен кандидат за освојување на првото место. Наполи се однесува доста пасивно на пазарот ова лето за разлика од претходните и во своите редови го доведе покрај неколкуте непознати млади играчи Мичу од Свонси. Милан со новиот тренер Пипо Инзаги се надева дека оваа сезона ќе го поправи катастрофалниот пласман од минатата сезона со помош на засилувањата како Алекс и Менез и официјализирањето на трансферот на Рами од Валенсија после долги преговори. Интер исто така ќе се обиде да го подобри 5тото место од изминатата сезона со помош на засилувањата Видич и М'Вила. Црно-сините од Милано сепак за прв пат после две децении ќе играат без нивната легенда Хавиер Занети кој замина во пензија на крајот од минатата сезона. Се очекува заминување и на другите стари ѕвезди како Милито и Камбиасо, додека Самуеле веќе го напушти тимот и замина во Базел.
Други забележителни интересни промени има во Удинезе каде што за тренер на местото на Гвидолин е назначен Андреа Страмачони, доека Каљари ќе ги предводи контроверзниот Зденек Земан. Силвио Пиоли е нов тренер на Лацио иако минатата сезона тимот кој го водеше (Болоња) испадна од лигата.
Се враќаат во Сериа А после лошото искуство во 2012/2013
Судии, правила и слично
Сезонава повторно ќе се дружиме со речиси истите судии, освен Андреа Де Марко и Мауро Бергонци кој минатата сезона завршија со своите судиските кариери поради правилото еден судија доколку не суди интернационални натпревари да може максимум 10 година да ја извршуваа оваа задача. Сепак ова можеби е едно од ретките полиња каде што Италија е подобра од останатите, а показател за тоа е Никола Рицоли кој заедно со своите асистенти Ренато Фаверани и Анреа Стефани го судеше овогодишното финале на СП во Бразил меѓу Германија и Аргентина и финалето на ЛШ во 2013 година меѓу Баерн и Дортмунд. За жал асистентите на Рицоли се само на два месеци од наполнување на 45 години што се максимум години до кој еден судија може да суди во Сериа А и најверојатно ќе мора да ставар крај на своите кариери. Дерби натпреварите се очекува да бидат судени од страна на добро познатите Орсато, Роки, Рицоли, Банти, Мацолени и слично со асистентите Ди Либераторе, Кариолато и Николети. Нема најава за промени така да повторно натпреваирте ќе бидат судени од 5 судии од кој 1 главен, 2 помошни и 2 зад головите. Се разбира останува и четвртиот судија. Се шпекулира дека можно е да се воведе таканаречениот vanishing spray кој се користеше на Светското првентство но тоа останува да се потврди.
Правилото кога два тима имаат исти бодови останува исто, а тоа значи дека меѓусебниот дуел решава за тоа кој ќе биде погоре на табелата, па гол разликата на меѓусебните мечеви па на крајот вкупната гол разлика. Доколку тимовите се израмнети по сите критериуми тогаш преку жрепка се бира кој тим ќе го зазема повисокото место.
Прегледот на снимки после натпреварот ќе продолжи да важи во истите случаеви, односно доколку судијата во својот извештај наведе дека не го видел настанатиот инцидент и не презел ништо во однос на тоа. Доколку судијата преземе било каква мерка во врска со настанот истиот не смее да подлежи на проверка преку снимен материјал. Ова правило не важи за пенали, офсајди и голови што остануваат на интерпретација на судиите. Важи за неспортски потег од страна на еден играч кон друг или кон било кој судија без да се забележи и санкционира.
Дестро беше еден од играчите врз кој беше употребена мерката за проверка преку снимка што предизвика полемики во јавноста
Ова отприлика е голем дел од тоа што треба да се знае за Сериа А, па сега останува да се развие нормална дискусија во која се надевам дека ќе има помалку навреди и препукувања, а повеќе дискусии, почит и хумор се разбира. Па ајде искажете го вашето мислење за тоа кој ќе биде шампион, кој ќе испадне, дали Милан и Интер пак нема да се пласираат во ЛШ, дали Јуве ќе падне под водство на Алегри, дали Рома има кадарен тим за прво место, дали конечно нешто ќе тргне на добро во Италија и уште еден куп прашања чиј одговор ќе ни го даде оваа 2014/2015 сезона.
Се надевам дека ќе уживаме, поздрав вашиот (ова за кого како
