Мене Дедо Мраз ме изненади со еден филм кој ми беше долго на вочлистата,
Le Samourai 1967. И каков само филм сум пропуштал до сега...
Низ самото гледање, воочливо беше колку само филмови и режисери биле инспирирани од Самурајот. Што од слични кадри, сцени, протагонист, приказна... Си наоѓав делчиња гледајќи го, и по малку ми беше криво што ова не е првиот филм што го имам гледано, туку, последниот.
Прв пат се среќавам и со Алаен Делон и можам да кажам дека протагонистите во другите филмови не можат да се носат ниту со неговата глума, ниту со неговиот кристално ладен поглед, харизма и кул фактор кој го поседувал тогаш. Поготово,
овој од последната декада.
Филмот е без многу дијалог, напротив, сцените се тие кои говорат многу, ја раскажуваат приказната, но, и го откриваат карактерот на протагонистот, Џеф Кастело, неговиот начин на живот, мотиви, и како се носи во ситуацијата во која е "заглавен". Спората музика на мистичен начин му го открива серискиот убиец на гледачот, сцена по сцена го плете дејствието. Преставен како своевиден антихерој, како олицетворение на еден модерен Самураи, војник, заглавен во свет на корупција, знае за брзо време да ги освои гледачите преку самодовербата која ја поседува.
Интересно беше и преставувањето на Париз, без цел тој гламур, без познати улици, квартови и споменици кои ги нуди, како да беше некој обичен град, било кој. А, да. Има ли нешто по кул од Цитроен Ајкула? Одличен вкус имаше Џеф за возила.
Обожавам филм ноари, каде подлабоко чепнуваат во човечката психа, споро го градат дејството и на крај со (не)очекувани пресврти знаат перфектно да ја приведат приказната до крај.
9
Одличен избор направи Дедо Мраз. Презадоволен сум со предлогот.