Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
1545694_4087795970825_3307042822748474721_n.jpg

Jas za vreme na saemot.
 
ај кажете некои книги поврзана со кошарката од типот теоријаа биографии на кошаркари и слично... поздрав!!
 
Да не забележа некој српска издавачка куќа Хеликс? Знам имаше штандови со српски книги. Конкретно оваа преведува научни книги. The Blind Watchmaker ми требаше. Преку купи книги цената е 1150, барем на 700-800 да е спуштена може да се земе во понеделник.
 
Јас колку што можев да видам имаше само штанд на Алнари, од овие Хеликс не видов.
 
Знам ама сеа блеснаа, порано некако во ќоше ли ги гледав или немаа некој избор. Овие Вокерка што ги спомна ми останаа за следниов пат, ми снема кинта.
Некој да не видел нешто од Ремарк освен Триумфална капија?
Здраво на сите,
Ова е мојот прв пост овде, а морав малку да го поправам Saladin: Блесок постои од 1998, а ова е наш _прв_ настап на Саемот на книга во Скопје. Значи, никогаш не сме биле „во ќоше“. :) Што се однесува до изборот што го нудиме, тоа ви го оставам на сите вас да го оцените :)

Останете со добро и читајте! :)
 
Јас завршив скромно годинава, колку што ми е длабок џебот, а и ко што ветив - одев само по бајки и приказни:

-Бајки - Х.К.Андерсен (Магор)
-Бајки - Браќа Грим (Макавеј / Конгресен Сервисен Центар)

Ја барав и уште Скалетното слово - Натаниел Хоторн, ама на Магор им се потрошила залихата, за жал. Од она што го видов, мојот став не се разликува многу од генералното мислење тука:
-Ги нема веќе тие времиња кога саемот се организираше во 2-3 хали. Сега ко и една да е многу, за жал!
-Квалитетот се знае, како и секоја година: Магор, Или-Или, Темплум, Табернакул (иако се сложувам со мислењето дека Табернакул ги билдаат цените до максимум), Академска книга, дополнети од лани и со Бегемот и Макавеј, како и неколку помали издавачки куќи, ко Слово, на пример, еве.
-Најпријатно изненадување за мене сепак е соработката на Макавеј / Конгресен Сервисен Центар кои исто како и Магор имаат објавено голем број книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност, финансирана од Владата. Штета што немаат каталог за изданијата! На сите вас најтопло ви го препорачувам второто издание на македонски на дистопискиот роман на Казуо Ишигуро - „Никогаш не оставај ме“! (y)
-Просветно дело / Детска радост ме разочараа најмногу: секогаш беа меѓу најевтините, овојпат ми се чини и ко да немаа попуст. Една обична сликовница од 16 страници А4 формат што сите издавачки куќи ја продаваат по 50 денари кај нив е 90. А само пред неколку години можеа да се купат дела како Дон Кихот или Ѕвонарот на Богородичната црква во Париз за само 50 - 100 денари од кај нив. (n)
-Го меркав македонското издание на првиот дел од првата книга од ASOIAF - „Игра на тронови - прв дел“ на Топер, ама некако прескапо ми се гледаше. Лагуна (на српски) ја продаваа цела книга за 600 денари, и тоа редовна цена! (BTW, кај беа Лагуна годинава?)
-„Атлас на облаците“ на Или-или е втората на која и го фрлив меракот - ќе ја чекам на некој од нивните саеми, гарантирам дека ќе ја спуштат уште повеќе цената.
-Голем број мали издавачки куќи не учествуваа на саемот. Први на кои ми текнува се АЕА издавачи (или Египетска сонувалка) кои којзнае дали и постојат се уште. На времето беа хит со „Господарот на прстените“ на Толкин, ако се сеќавате.
 
Последно уредено:
Да прашам, дали е преведена на македонски и каде може да се најде Chrome Yellow (Хромирана Жолта, веројатно би бил соодветниот превод) од Хаксли? :)
 
Лагуна (на српски) ја продаваа цела книга за 600 денари, и тоа редовна цена! (BTW, кај беа Лагуна годинава?)
Во Матица, инаку Матица на нивниот саем пред еден месец имаа ненормално ниски цени на српските книги од Лагуна. Јас купив 8 книги, 4 српски 4 македонски за 1300 денари севкупно :)
 
Од Ниче има нешто или слабо? Треба да ги отворам каталозиве, ама немам време.
У понеделник најверојатно ќе тркнам до саемот да си земам нешто, ама не сум при пари, до 500 ќе се тера.
 
Од Ниче има нешто или слабо? Треба да ги отворам каталозиве, ама немам време.
У понеделник најверојатно ќе тркнам до саемот да си земам нешто, ама не сум при пари, до 500 ќе се тера.
на ѓурѓа има од ниче, 4-5 книги, и цена 50 или 100 ден.
вреди да се помине ..........
 
на ѓурѓа има од ниче, 4-5 книги, и цена 50 или 100 ден.
вреди да се помине ..........
Од ѓурѓа не треба да се купуваат книги.[DOUBLEPOST=1397377585][/DOUBLEPOST]Инаку, да напишам и мојот улов за овие два дена што бев.
1. Јас, Врховниот - Аугусто Роа Бастос
2. Смешни љубови - Милан Кундера
3. Бојата на песот што бега - Ричард Гвин
4. Сината лисица - Сјон
5. Што носат брановите - Карен Гилис
6. Ако Бог не постои - Лешек Колаковски
7. Бладањата на филозофите - Ал - Газали
8. Центурија - Џорџо Манганели
9. Рулет - Лада Жиго
10. Дон Сегундо Сомбра - Рикардо Гвиралдес.
11. 12 years a slave - Solomon Northup
12. Вртоглав лавиринт - Адан Фолдз
13. МЕШ - Ричард Хукер
14. Растроена жена - Јулија Франк
15. Рашомон и други раскази - Рјиносуке Агутагава
16. Пропаста на лагата - Оскар Вајлд
17. Мирисот на дамата во црно - Гастон Леру
18. Ненасловената месечева соната
19. Миленик - Кирсти Блом
20. На незнајниот јунак - Сретен Угричиќ
21. Блаже Конески - збирка поезија
22. Проповед за падот на Рим - Џером Ферари
23. Срамота - Џ. М. Куци
24. Заблудите на питомецот Терлес / Соединувања - Роберт Музил
25. Поезија - Гијом Аполинер
26. Невидливи градови / Замокот на вкрстените судбини - Итало Калвино
27. Жртвено јагне - Ели Амир
28 . - Next- Алесандро Барико
29. Животописот на Црно - белото јагне - Томаш Змешкал
30. Кралството на овој свет - Алехо Карпентијер
31. Копилето од Истанбул -Елиф Шафак.
32. Атлас на облаците - Дејвид Мичел
33. Правек и други времиња - Олга Токарчук
34. Светлина - Торгни Линдгрен
35 - Крај на светот во Бреслау - Марек Крајевски
36 - Дневникот на заводникот - Сорен Кјеркегор
37 - Заминување и враќање - Ѓерѓ Конрад
38 - Стари мајстори - Томас Бернхард
39. Сон за љубовта и смртта - Филип Давид
40. Ерусалим - Гонсало М. Тавареш
41. Отворено писмо - Елизабета Шелева
42. Писма до еден германски пријател - Албер Ками
43. Ноќва снегот мириса на тебе - Јосип Ости
44. Оживува мртвата гранка - Јосип Ости

И чаша Faust. Одам пак во петок.[/quote]

Да ги додадам.

45. Криста Волф - Пораката на телото
46. Маргерит Јурсенар - Anna, Soror...
47. Луис Дејвис - Мој дел среќа
48. Георги Господинов - Балади и распади
49. Олдоус Хаксли - Скандалите во Кроум
50. Ана Ким - Скаменето време
51. Мерсе Родореда - На плоштадот Дијамант
52. Марина Цветаева - Автобиографска проза / Мојот Пушкин
53. Криста Волф - Касандра
54. Харпер Ли - Да се убие птицата подбивница
55. Славко Јаневски - Темплум изданието
56. Роберт Музил - Поматувањата на воспитаникот Терлес ( Темплум )
57. Даша Дрндиќ - Лајка формат
58. Џемс Џојс - Улис 1 и 2 том.
 
И чаша Faust. Одам пак во петок.

Како ги носеше сите овие бре дете? Љубоморна сум ти.
 
@ ЈуријАркадиевич,
Машала на уловот! (y)

На прва, само Поматувањата на воспитаникот Терлес ( Темплум ) ми боде очи. Кога се преведува, може да се консултираат преводи на делото на други јазици, ама овде насловот е очаен и е очигледно дека несмасно е земен од овде . :facepalm:
 
„Театарски роман“ - Булгаков
„Сликата на Доријан Греј“ - Вајлд

Толку за годинава. :noze:

И само еден збор - скапо, скапо, скапо.

Магор и Бегемот се издвојуваат за пофалба. Другото стандард, исти цени, исти книги.
 
Како ги носеше сите овие бре дете? Љубоморна сум ти.

И денес имам последици од тоа, ме болат раце, грб. :) Ама некако се довлечкав
@ ЈуријАркадиевич,
Машала на уловот! (y)

На прва, само Поматувањата на воспитаникот Терлес ( Темплум ) ми боде очи. Кога се преведува, може да се консултираат преводи на делото на други јазици, ама овде насловот е очаен и е очигледно дека несмасно е земен од овде . :facepalm:

Не знам, јас се консултирав претходно некои што ги имаат двата превода на македонски, сега излезени и ми кажаа дека преводот на Темплум е подобар. :) Ги имам двете изданија.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom