Еј имам слушнато дека Борновиот идентитет и останатите делови ги напишал Роберт Ладлам. Филмовите ги имам.
Дали знајш или кој било дали некој дел за Борн е преведен на македонски
или па некоја друга книга од Р.Л. да е преведена на македонски.
И од преведените некоја предлог, баш би сакал да прочитам некоја книга од него
Како што веќе реков, Ладлам е мојот омилен писател што само по себе значи дека имам прочитано повеќе книги од него, со кој ги добил моите симпатии.
За почеток би ти препорачал да ја прочиташ Московски Вектор, која е лесна да се најде низ нашите книжарници и библиотеки. Само накратако: се зборува за разоткривањето на една од најголемите тајни низ историјата, креирањето на биолошко оружје. Дејството се одвива низ целиот свет. Првата глава се одвива во Москва. Потоа се префрла во Прага, кон Берлин, Рим, Вашингтон. Се заплет до заплет!
Потоа земи ја Стратегијата Банкрофт. Е овде ќе се инзачиташ пресверти и перипетии. Не ја земај ако планираш утредента да одиш на школо или работа:helou:
Едвај чекам да најдам слободно време заедно со Клучот на Соломон, да ја прочитам и Наследството на Скарлати.
А, незимерно се каам поради тоа што не ја купив неговата најновата книга - Сигма протокол. На саем беше 500 денари, ама некако не знаев дали ќе ми стигнат пари да го завршам денот, па оставив така.
Во Матица имаш неколку книги од Роберт Ладлам... Не сум прочитал ниту една негова книга, но според описите кои се дадени на крајот на книгите станува збор за фантастични книги.
Неговите книги во голема мера се граничат со реалноста. Впорчем се она за што тој пишува во книгите, го земам како вистина.
Сега никој нема да открие дали е вистина дека Американците имаат развиено биолошко оружје со кое го конторлираат светот, а го испробале врз луѓето на највисоките функции од бившите руски републики - Казакстан, Узбекистан, Киргистан и компанија.
Ниту пак некој некогаш ќе признае дека Русите во тајност(и тоа да прочитате каква тајност спремале напад на Грузија, кој впрочем и се случи минатата година.
Но, вака кога ги гледам случувањата како реални и си ги претставувам на географска карта каде се одвиваат и како се одвиваат, многу поубаво ја доживувам книгата. А и кој би бил интересот да ја читаш книгата, ако знаеш дека во неа нема ни трошка која би можела да биде реална!(пр. Хари Потер - не можам да замислам да ја прочитам)!
Голема штета за љубителите е што Ладлам е мртов(од 2001 година), меѓутоа колку бил добар и омилен покажува бројот на негови книги издадени по неговата смрт!