Со оглед на тоа дека бев на штанд и не успеав убаво да разгледам се’ како што сакав, есапот на крај испадна.
Си земав еден куп стручна литература што си ја бендисав, а башка беше и по 60 денари.
Општа и компаративна книжевност од Даниел Анри Пажо
Македонско женско писмо од Јасна Котеска
Постмодернистички литературни студии исто од Јасна.
Недофатни тела од Елизабет Грос
Номадски субјекти од Роси Браидоти
Плус Санитарна Енигма и Комунистичка Интима од Јасна Котеска, ептен ми е фазон периодов да ја читам, збиркички поезија од Гиш за кои ќе се смееме и реметиме со еден колега и тоа е тоа.
И на подарок си ја добив Квартети од Владимир Мартиновски, оти бев нејзин промотор :wink:
Не бев нешто воодушевена од Саемов. Фејкеришта и позеришта колку сакаш. Мрцковци и изгубени Германци од чопоративни средби од основни и средни школи, исто. Ретко некој заглибен и со интерес да видов да купува, кога шетав после смена.
Али добро е што го бидна, па сега...