Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
На АЕА штандот ги имаше LOTR делата за 500 денари комплет :)

А на Ѓурѓа класици од Хесе и многу, многу други за 50, 100, 150 денари, дефинитивно за поздрав.

Имаше и еден мал штанд со македонски книги, девојка ми зеде 2 збирки од Ацо Шопов + Маџиров за 100 денари :)
 
Треба почесто да има сами на книгата со истите цени како овие. Јас за 1000 денари купив 5 книги, кои во книжарница истите би ме чинеле 3000 денари
 
Само кај нас може да се случи да е објавено дека саемот затвора во 8, а да затвори во 5 30. Срамота!
 
Не, не, јас бев на штандот на една и единствена книга што се продаваше - заедно со маичка со графички испечатени песни поезија. Ја промовиравме Квартети, заедно со мој колега, од Владимир Мартиновски... Дадов се’ од себе да ја презентирам книгата на добар начин, и фората со маичките им беше допадлива на луѓево. Ми беше интересно, иако имаше и мртви саати, со малку луѓе, нормално, и со уште понезаинтересирани купувачи :)

Хммм Чудно 2 сати обиколка низ целиот саем и не забележав таков штанд... во основа ги одбегнував штандовите каде што продаваа книги за религија и перење на мозок... можеби и штандот каде што беше сум го класифицирал како еден од нив... и затоа не го посетив...

Колку ја купи Шиндлеровата ако смеам да прашам ?
-Оти истата книга недела пред саемот ја купив за 300 денари/

е па добро 250 ја купив јас.. не е голема разликата ја купи од истата издавачка куќа од АЕА ?
 
Па со такви ступидни преводи треба како летоци да се даваат. Само ќе кажам дека една хала е срамота за ,,Саем на книга’’.
Забележав дека Ден Браун иде ко алва, слични нему и останати ,,како да бидеш милионер’’, ,,како до љубовта на твојот живот’’книжулиња , озбилно не ми е јасно. За вкусови не се дискутира ама нечии вкусови се дискутабилни.
 
е па добро 250 ја купив јас.. не е голема разликата ја купи од истата издавачка куќа од АЕА ?

Да да, од истата издавачка куќа.
Абе ми рекоја по саемска цена, и ај си реков дур да чекам наредната недела сега че ја купам. Како и да е не е голема разликата.

Очекувам да е добра книга, судејќи по тоа што филмо изнасобра оскари.
чути филмо шо го немам гледано, си велам повеќе ќе уживам во книгат/
 
И јас го немам гледано, кога дознав дека има книга реков прво ќе ја прочитам....
 
Бев на саемов и покрај други книги земав и збирка раскази од Едгар Алан По на македонски насловена како "Црвената Смрт", но се покајав што ги земав бидејќи откако преводот го споредив со оригиналот увидов дека при преводот се прескокнати цели параграфи. Затоа следниот пат нема да ризитувам и ќе ги земам на англиски. Можеби ова е само еден пример од многу други, можеби намерно се крати текстот при превод за да биде поисплатливо, но навистина е штета да се прават вакви работи не личи на ништо. Разбирам дека постои и слободен превод,но ова е премногу.
 
Јас имам слушнато (колку е точно незнам) дека од Ѓурѓа ги крателе книгите.
Баш че ми биди криво доколку некоја од овие шо си ги купив ја има скратено.
 
Јас си земав 2.

Првата: `Наследството на Скарлати` од мојот досега омилен писател Роберт Ладлам!

Втората: `Клучот на Соломон` од Вебер!

Оваа втората не можев да дотраам до дома, уште во автобус ја почнав. Поинтригантен вовед немам прочитано. Има оставено линк на кој треба да бараш помош да го откриеш кодот со кој започнува книгата.
Пишува дека низ книгата има болдирани и задебелени букви кои треба да се запишуваат при читање бидејќи содржат код...ах совршенство:je:

Инаку двете се од издавачка куќа Култура!
 
Треба да има појше саеми годишно.

Бев во петокот по вторпат и почна да паѓа град. Врз книгите!! Боже сачувај. Бев на штандот од Матица, и најозбилно почна да врне врз книгите, а после и град да паѓа. Со кесиња ги покриваа книгите за да не се намократ. Срамота.
 
Слушнав че имало саем на книгата во Битола.
Мисла и лани имаше Пролетен саем на книгата во Битола
Незнам точен датум, но си велам наското ќе се дознам. Ако знај некој нека кажи
 
Јас си земав 2.

Првата: `Наследството на Скарлати` од мојот досега омилен писател Роберт Ладлам!

Втората: `Клучот на Соломон` од Вебер!

Оваа втората не можев да дотраам до дома, уште во автобус ја почнав. Поинтригантен вовед немам прочитано. Има оставено линк на кој треба да бараш помош да го откриеш кодот со кој започнува книгата.
Пишува дека низ книгата има болдирани и задебелени букви кои треба да се запишуваат при читање бидејќи содржат код...ах совршенство:je:

Инаку двете се од издавачка куќа Култура!

Еј имам слушнато дека Борновиот идентитет и останатите делови ги напишал Роберт Ладлам. Филмовите ги имам.
Дали знајш или кој било дали некој дел за Борн е преведен на македонски
или па некоја друга книга од Р.Л. да е преведена на македонски.
И од преведените некоја предлог, баш би сакал да прочитам некоја книга од него
 
Во Матица имаш неколку книги од Роберт Ладлам... Не сум прочитал ниту една негова книга, но според описите кои се дадени на крајот на книгите станува збор за фантастични книги.
 
Како што веќе реков, Ладлам е мојот омилен писател што само по себе значи дека имам прочитано повеќе книги од него, со кој ги добил моите симпатии.

За почеток би ти препорачал да ја прочиташ Московски Вектор, која е лесна да се најде низ нашите книжарници и библиотеки. Само накратако: се зборува за разоткривањето на една од најголемите тајни низ историјата, креирањето на биолошко оружје. Дејството се одвива низ целиот свет. Првата глава се одвива во Москва. Потоа се префрла во Прага, кон Берлин, Рим, Вашингтон. Се заплет до заплет!

Потоа земи ја Стратегијата Банкрофт. Е овде ќе се инзачиташ пресверти и перипетии. Не ја земај ако планираш утредента да одиш на школо или работа:helou:

Едвај чекам да најдам слободно време заедно со Клучот на Соломон, да ја прочитам и Наследството на Скарлати.

А, незимерно се каам поради тоа што не ја купив неговата најновата книга - Сигма протокол. На саем беше 500 денари, ама некако не знаев дали ќе ми стигнат пари да го завршам денот, па оставив така.

Во Матица имаш неколку книги од Роберт Ладлам... Не сум прочитал ниту една негова книга, но според описите кои се дадени на крајот на книгите станува збор за фантастични книги.

Неговите книги во голема мера се граничат со реалноста. Впорчем се она за што тој пишува во книгите, го земам како вистина.

Сега никој нема да открие дали е вистина дека Американците имаат развиено биолошко оружје со кое го конторлираат светот, а го испробале врз луѓето на највисоките функции од бившите руски републики - Казакстан, Узбекистан, Киргистан и компанија.

Ниту пак некој некогаш ќе признае дека Русите во тајност(и тоа да прочитате каква тајност спремале напад на Грузија, кој впрочем и се случи минатата година.

Но, вака кога ги гледам случувањата како реални и си ги претставувам на географска карта каде се одвиваат и како се одвиваат, многу поубаво ја доживувам книгата. А и кој би бил интересот да ја читаш книгата, ако знаеш дека во неа нема ни трошка која би можела да биде реална!(пр. Хари Потер - не можам да замислам да ја прочитам)!

Голема штета за љубителите е што Ладлам е мртов(од 2001 година), меѓутоа колку бил добар и омилен покажува бројот на негови книги издадени по неговата смрт!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom