Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Ваљда ќе одам за сат-време, сакам да ја зеам "Политички говори" од Гебелс, и ако има некоја продуктивна литература од правото, ми треба :).
 
Јас не сум бил на саемот и планирам да одам. Имам слушнато дека има голем попуст. Сакав да прашам: околу која сума се движат цените на книгите?
 
Утре ќе одам и најверојатно ќе купам некое книџе
 
Јас не сум бил на саемот и планирам да одам. Имам слушнато дека има голем попуст. Сакав да прашам: околу која сума се движат цените на книгите?


Зависи!Секоја издавачка куќа си има различни цени.Но во генерала на повеќето книги цените им се движат од 200 денари па нагоре.
 
Живо ме интересира кој тоа качил цени, иако искрено не верувам во тоа. М? :helou:

Па јас приметив дека на Ѓурѓа некои изданија беа поскапени а мислам дека и на Матица некои изданија имаа повисоки цени за разлика од попустот што беше пред Нова година :smir:
 
Па јас приметив дека на Ѓурѓа некои изданија беа поскапени а мислам дека и на Матица некои изданија имаа повисоки цени за разлика од попустот што беше пред Нова година :smir:

Точно.Јас пример „Владетелот“ од Макијавели ја земав за 150 денари крајот на 2009 година.Сега видов ја продаваа за 200 денари.
 
Ги зедов "Политички говори" на Гебелс и "Фашистичка револуција" на Мусолини. Наредната недела ќе гледам да ги прочитам.
 
Страсен љубител сум на вакви саеми, но пред се на убави книги. Утре одам со полн џеб и се што имам ќе потрошам.

Примам предлози за добри, психолошки книги (:
 
Па зошто превод , ете земи книга од Македонски автор, по 50 денари се...:smir:

Ги имам тие ама зборам за странскиве зашто повеќе кон нив се ориентирани. :)

Што се однесува општо за саемов не е нешто ептен воодушевувачки, меѓутоа има добри попусти на вредни дела.

Одам секој ден откако е отворен. Речиси го комплетирав Достоевски. „Браќа Карамазови“ за 300 денари и двата дела, исто како и останатите вредни врвни дела ме изненади што ги даваат за 100 и 200 денари, „Идиот“, „Момче“, „Коцкар“, „Записи од подземјето“, „Записи од мртвиот дом“, а некои бестселери по 500-600 денари. Тоа доволно зборува што македонската публика „сака“ да чита, а издавачите баш така ги прилагодиле и цените.
Има штанд кајшто вредни книги со книжевна теорија ги земав по 20, 30 денари па дури и 3-4 книги за 50 денари.

Главно ориентирано на кич, но има и по нешто квалитетно така што се држи некоја рамнотежа.
 
Шо има годинава нови психо трилери или философски книгичиња? Фала. : )
 
Слабо... од тоа што барав нешто најдов нешто во подобри времиња :)
Денес гужва од дечурлана, ми идеше да почнам да ги шутирам, а и некои постари тетки и чичковци ме нервираа кои се потпираа по штандовте како да излегле на чардак.

Конечно ја најдов Палп од Буковски а ги земав
100 најдобри песни од Радован Павловски
Заговор на третото небо - Џулио Леони
Калуѓерот кој го продаде своето ферари - Робин Шарма
 
Не отидов на саемот и не верувам дека отсега ќе одам.
Само ми е криво што наместо да се развива и да расте, саемов се повеќе губи од значење. Пред десетина години беше подобар. На моменти ми се чини дека во некои години подобар избор и цени имаат препродавачите што киснеа на плоштад, па кај МНТ...

За оние што немале прилика, им препорачувам да го видат белградскиот саем на книги, за кој се потребни неколку дена за да се извиди се`. Бугарскиот не е ништо посебно, освен ако не се сменило нешто од времето кога последен пат бев таму, пред неколку години.
 
Бев завчера. Си купив 10 книги, од кои 7 од Матица, трилерчиња. Ок е саемот, нема некој попуст голем, али некои книги што ги купив годинава приметив дека беа за третина поевтини. Не ми се допадна тоа што брзо го свртев, само во една хала беше. Лани имаше каде-каде повеќе штандови.
Инаку српскиве изданија поскапи од македонските. Али само по корицата се гледаше дека се поквалитетни.
 
Последните 4 години одев, но оваа нема.. Всушност никогаш и не одев поради саемот, туку со другарите одевме преку школото и се шетаме низ скопје. :)
 
Лани си купив книга уште ја неам прочитано па затоа нема да го посетам. Наредна година здравје ќе си отидам да си купам уште една:smir:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom