Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Магор одувек сум ги сметал за едни од најуслужните, било да е на саем или во кафе-книжарницата. Секогаш пленат со својата скромност.
Пред некоја година и Петар Андоновски беше дел од нивниот штанд, но како продавач, се сеќаваш? Мислам дека тогаш уште не му беше издаден „Очи со боја на чевли”.
 
Пред некоја година и Петар Андоновски беше дел од нивниот штанд, но како продавач, се сеќаваш? Мислам дека тогаш уште не му беше издаден „Очи со боја на чевли”.
Знам. Бев некаде пред јануари во Магор, имаше еден крупен батка со наочари ме послужи кафе. Фин чоек, го прашав нешто за дешавки во Магор, беше доста речит. :D
 
Дада :):):) Уживај се случува. Ах како не знаев дека си ти ќе се претставев. Во следна прилика седнуваме на кафе/пиво. Комплименти за сите прекрасен тим сте.

Добро, ја малку и смотан сум, ама добро. Хаха. Договорено, нареден пат - пиво! И фала! Повеќето се знаевме меѓу себе, па мислам дека добро функционираше се.


Заврши саемот, за прв пат работно, ама имаше време да биде и куповно.

Ќе направам некој список од што имам земено годинава.

1. - Турско огледало - Виктор Хорват
2 - Абадон, уништувачот - Ернесто Сабато
3 - Слепиот убиец - Маргарет Атвуд
4 - Приказната на робинката - Маргарет Атвуд
5 - За смешното - Румена Бужаровска
6 - Ноќта те разубеди - Пјер Џ. Мејлак
7 - Секавици - Жан Ешно
8 - Алеш Дебељак - Под површината
9 - Домашна змија - Ариан Лека
10 - Ние децата од железничката станица ЗОО
11 - Песочна планина - Јоана Батор
12 - Басни - Емброус Бирс
13 - Европеана - Патрик Оуржедник
14- Витез на шведската маса - Ненад Величковиќ
15 - Педапед - Нико Графенауер
16 - Инкапсулирани тела - Неџад Ибрахимовиќ
17 - Месечари I и II том - Херман Брох
18 - Мојот живот - Марк Шагал
19- Домот на писмото - Елизабета Шелева
20 - Од дијалогизам до интертекстуалност - Елизабета Шелева
21 - Под притисок - Антологија на босаноско херцеговски раскази
22 - Јуда Искариот - Леонид Андреев
23 - Сеништето - Терезија Мора
24 - Ме викаат Циган - Ники Мај
25 - Американски психопат - Брет Истон Елис
26 - Темно, речиси ноќ - Јоана Батор
27- Наратоструктури - читања- Луси Караниколова
28 - Милениум во Белград - Владимир Пиштало
29 - Портретот на сликата - Софија Грандаковска
30 - Телото во кое треба да се живее - Петар Андоновски
31 - Црно на бело - Лидија Димковска
32 - Универзална историја на нечесноста - Хорхе Луис Борхес
33 - Сеќавањето на Шекспир - Хорхе Луис Борхес
34 - Ивет - Ги де Мопасан
35 - Филозофски раскази - Фернандо Песоа
36 - Орла и други раскази - Ги де Мопасан
37 - Изумот на Морел - Адолфо Биој Касарес
38 - Невозможни исповеди : субјект, моќ и етика - Славчо Димитров
39 - Капитал - Карл Маркс
40 - Мистериозо - Арне Дал
41 - Прирачник на изместениот - Крег Клевенџер
42 - Шумски дух - Горан Самарџиќ
43 - Жена - Сибила Алерамо
44 - Бавната смрт на Лусијана Б. - Гилјермо Мартинес ( и слика и потпис со авторот )

Може да имаше уште нешто, но да сум заборавил.
 
на саемов имаше еден штанд, маж и жена беа изгледа, еден куп сф книги имаше на српски...да не знае некој кај можам да ги најдам...? лани не беа на саемов
 
Дали некој знае каде може да се купат книги на Италијански јазик во Македонија?
 
Ајде некој од вас што веќе пазарел во „Три“, нека ми предложи некои онака “забегани“ трилери со мистерија и убиства :pistoldz:
 
Кога ќе излезат каталози ова она, пуштајте тука линкче.
 
Каталог 12 дена пред Саем е научна фантастика. :D
Одредени куќи, лани, ден пред саем пуштија.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom