Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Јас пак имам впечаток дека девојчиња работат позади проективе и речиси сите книги им се љубовни, па така на таргет ја имаат таа млада женска читателска публика. Им недестигаат наслови кои би ја доловиле и останатата публика, која не е баш по трилерите! и по љубовните романи.Очекував први да пуштат каталог и лани беа први.
За квалитетот на книгите и вкусовите не би многу дискутирал, ама за цените би.
Солени им се книгиве, реално трилериве што не ми фаќаат многу око и се` остало им вреди по 200-300 денари, со саемски попуст по 150-200 денари од книга.
Јас пак имам впечаток дека девојчиња работат позади проективе и речиси сите книги им се љубовни, па така на таргет ја имаат таа млада женска читателска публика. Им недестигаат наслови кои би ја доловиле и останатата публика, која не е баш по трилерите! и по љубовните романи.
пи.ес. Мене ме разочара “Фатални желби“. Досадна книга и како да е пишувана од автор без инспирација. Ако на некого му е во план, би му препорачал да ја избрише.
пи.ес.ес. И “Крадачка на книги“ не е нешто посебно, голема реклама и тоа е тоа, но далеку е подобра од оваа погоре. Па ако некој не ја прочитал, а сака, нема да биде разочаран, но нема да ја прочита во еден залак, перспективата е добра, но некои ликови се претставени многу лошо. Веќе ако се сака да се прочита нешто за/од втората светска војна, покрај Ремарк, нека ја земе “Шиндлеровата листа“. Беше 350 ден. на сеамот на Матица.
пи.ес.ес.ес. Доста ги фалат и “Дете 44“ и “Раскажувачка“, исто опис на настани десени тој период, ако некој ги читнал, и ако сака, нека пише по некоја реченица за нив.![]()
Toа е затоа што нашиот пазар е многу мал и луѓето се релативно слабо запознаени за нешто повеќе од „книгички кои се продаваат на аеродром“.@Dumbledore
Како љубител на трилери, разочаран сум од тоа што се` издаваат под таква етикета. Се` некои евтини трилер-лимонатки од Америка, што проаѓаат кај просечен Американец.
Случајно имав шанса да ја прочитам ''Крадачка на книги'' и се разочарав, лоша книга, лоша, а сакам книги што опфаќаат тематика од ww2.
Затоа и ставив извичник после “трилери“.@Dumbledore
Како љубител на трилери, разочаран сум од тоа што се` издаваат под таква етикета. Се` некои евтини трилер-лимонатки од Америка, што проаѓаат кај просечен Американец.
Случајно имав шанса да ја прочитам ''Крадачка на книги'' и се разочарав, лоша книга, лоша, а сакам книги што опфаќаат тематика од ww2.
Мора да се признае дека многу се трудат околу кориците, преводот, менаџирањето, па и страната. Имаат најдобра веб страна во Македонија.Да, точно е дека се девојчиња па затоа книгите се повеќето такви... за "Фатални желби" се согласувам и јас очекував многу повеќе од книгата, инаку од тие неколку трилери што ги имам прочитачно од кај нив без сомнение "Ејми ја нема" е најдобра ептен мрачна психологија и на секој би му ја препорачал, плус тоа не е скапа 270 ден. за 450 страни.
"Дете 44" ја читав лани и таа е околу 450 страни и во главно е ок, но јас не сум нешто по историски трилери ама тие што се љубители на таков тип трилери веројатно ќе им се допадне повеќе од мене.
А оваа "Раскажувачка" не знам на која книга точно мислиш, зошто колку што знам нема книга со таков наслов во нивно издание?
Си го заборавила и каталогов со литература за деца.
Си го заборавила и каталогов со литература за деца.
https://issuu.com/kulturamk/docs/_______________2017________________
Гледам добар попуст имаат на Јас и ти од Аманити. Да не ја читал некој или знае каков е преводот.