Саем на книгата

  • Креатор на темата Креатор на темата Emma
  • Време на започнување Време на започнување
Тие ако не набапаат поскапи цени не се живи. Не знам само им се исплати ли тоа што го прават.
Им пишaв пoрaкa зa рaспрoдaдените кaкo бaш сегa им се рaспрoдaле нa 10 денa пред сaем нели мoжеле дa се дoгoвoрaт специјaлнo зa пoпустoв дa ги нaбaвaт и немa oдгoвoр уште :D
 
Испораката од Купикнига е бесплатна?

Sent from my P6-U06 using Tapatalk
 
Нема ни да ти вратат. Ебате компаниите што се професионални или разбираат професионализам во џунглава. Во Јапонија компанија праќала воз/автобус за едно дете да се вози само (и сигурно не се прашувала дали има ќар), кај нас нејќат да ти дадат инфо, а камоли да направат нешто мало ко што е репринт од 10 броја на некоја книга, камоли да збориме за вакви нешта ко у Јапонија. :D
 
Ти јa прaшувaш, oнa ти oдгoвaрa сoсем третo кo пoлитичaр
Screenshot_2016-04-02-20-42-37.png

Screenshot_2016-04-02-20-42-48.png

А зoштo бaш сегa рaспрoдaдени бе срцкa?
 
Види ги разбирам КупиКнига, они се само агрегатор на што, кај и кога има. Нешто ко Нимиц што беше кај нас - посредник. :D
Требало на Икона да им пишеш, првично мислев на нив си им пишал. Али за разлика од КупиКнига овие сумњам дека ќе ти вратат.

И добро разбирам дека саемов губи на важност од година на година, ама малку професионализам бре нема да шкоди во вукојебинава. Му се радувам на саемот, со душа го чекам веќе месец-два, а една куќа не се најде да пушти каталог на 10 дена од саемот. Зошто се чека се во 5 до 12, зоштооо? :ban:
 
За секое „зошто“ си има свое „јеби га“.
Саемот во последниве 3-4 години е неспоредливо послаб од оноа што некогаш беше - саем во права смисла на зборот. Некаде погоре пишав - освен придобивката сите издавачки куќи да ги имаш на едно место, другото е прашање на среќа дали ќе наидеш на попуст. Саемите со ниски цени во права смисла на зборот се одвиваат кај секоја книжара/издавачка куќа засебно, еднаш до два пати годишно (зависно од политиките на гореспоменатите). Академска книга имаа на пред-пред минатиот саем една бомбастична понуда, и толку. Другото се сведува само кога се одвоените саеми. Знам за Или-или имаат два пати во годината, Матица се чести (иако не им имам одамна стапнато), Академска книга ако им свирне, Икона се смешни веќе со тие 10%.... Три евентуално за НГ и летниот ако го пуштат. Никој не се напрега сега во април-мај. Треба повеќе труд и пожртвуваност, а сепак донекаде ги разбирам - книгата кај нас е и доста евтина (некои наслови) ако се земе едно кафе искачање дека е 100 денари. Реалната (глобална цена е онаа во Икона од 400 нагоре. Е сеа стандардот наш е.... тој. „Јеби га“.
 
Не дека ги бранам од kupikniga, мајка ми не ги родила, ни пак имаат некаква емотивна врска со мене, но во случајов се во право. Кај голем дел од книгите кај кои пишува: распродадено, пишувашебтака и пред попустот. Они само ставиле 25% попуст на сѐ што имаат на сајтот, без оглед дали го има на залиха или не. ;) Пример за таква книга е Грчки митови оц Грејвс, во издание на Табернакул - одамна распродадена, така и пишуваше на сајтот: распродадена, уште од тогаш, но и на неа и ставиле 25%, иако ја нема, што е доказ дека не е до нив, туку до издавачот кој ги ажурира податоците.
Испораката од Купикнига е бесплатна?

Sent from my P6-U06 using Tapatalk
Они не вршат испорака. Ако сакаш да си ја подигнеш книгата од нивните простории е бесплатно, ако ти ја пратат по пошта како препорачана пратка плаќаш некои 100-тина денари за поштенски услуги, а ако сакаш да ја добиеш веднаш, по брза пошта, плаќаш околу 160 ден.
 
абе се тоа разбирам, али ја нажалост го пратам саемов од пред едно три-четири години навака. Не знам што и како било претходно. Али овие години што го посетувам саемот ми е преубаво. Немам некоја голема листа за купување, зашто и самиот буџет ми е мал, скоро никаков, ама ко влезам во халата, самиот мирис на книгите, самата грандиозност на саемот наспрема мене некако ме исполнува, ова ми фати око, она ми фати око, целиот концепт ми е преубав. Годинава пак скромно ќе поминам и пред се планирам на домашна литература да се задржам и можда нешто англиско да подземам, евентуално француско (оригинал) ако најдам.
Академска книга пред 3 години ги даваа класиците по 100че, пред 2 години - 120, за лани мислам ако не се лажам 130 да беа. Не се 150 денари многу да дадеш за книги што варираат од 200 до 1000 страници (Грофот 900стр е), али годинава се си мислам дека ќе ги скокнам. Ако не ми фати око некоја некласична, ништо.
Од останатите, баш пред недела дена си го најдов ланскиот каталог од саемот на Магор и тука ми фати око по некоја домашна (Влада Урошевиќ и уште некој имаше), и планирам по некоја од помаливе куќи да посетам да видам што имаат од македонски „класици“ рецимо Петре М. Андреевски, Чинго, Блаже Конески и сл.
Матица од преведуваните освен некој океј трилер што слушам имале (оние на Каризи или како и да се викаше), другото ми е неинтересно, од домачи мислам солидна понуда имаа, па може нешто ако стварно го имаат на попуст да земам. Мада, знаат доста солени цени да стават на домашните.
Три само ќе разгледам, никад не ми правеле кејф, а бљуотини од типот Марија Јаневска и Игорче нејќам да земам.
Сакам книги ги скокам, Арс Литера ќе ги разгледам, пошто откако искочија на саем преиновативни ми се, со штандови, со се`. Од Конгресен сакам да ја најдам Моби Дик во превод на проф. Чемерски. Од Или-или, Филм.мкд обавезно ми е на шопинг листа, за друго не знам. Икона, па и Табернакул претпоставувам само ќе ги разгледам и тие се мислам.

П.С. пошто Сал доста читаш, дај предлог нешто добро домашно. Може и постаро, не мора овие од лани-полани што земаа награда. Или овој од Или-или што лапна роман на годината. :D Можда од Димовска ако не заборавам да ја побарам таа за Златка и Сребра, или нешто од Венко.
П.П.С. Злате, оној тв-филмот што ми го кажуваше по која драма на Вујадиновиќ е правен? И случајно да не знаеш дали ја има драмата на понуда од некоја куќа?:noze:
 
А каде се наоѓаат нивнтие простории?
 
За првиов пасус, кај ТРИ ќе те поправам, иако ги даваат овие од Лајна и Коста, имаат и други одлични, рецимо Џулијан Барнс, Амин Малуф па и овие трилериве.
Ги заборавив Магор, изгледа затоа што не ми стигаат никакви известувања за нивни саеми. Супер се они, иако ова со „Ѕвездите од светската книжевност“ некаде може да наидеш на малку послаб превод. Али неспоредливо со Матица.
За предлог, убаво е да му ги земеш книгите на Ангелков (освен Филм.мкд, се` друго му имам читано, симпатично и непретенциозно пишува, баш релаксира). Ако си скопско дете (или добро му ја познаваш маалскава историја на градот) можеш да ја земеш Конзервирани Импресии од Владо Галевски (Синеманија/Слушајте филм на Равел). Резервен живот ми ја фалат, не е лоша само ја почнав но морав да ја прекинам. @Zlatikevichius ми ја спомна Вишновата хроника, он повеќе ги знае новиве писатели што се во подем. За оваа што доби награда од Утрински.... meh. Ако ништо друго евтина е. Мада за испланиран буџет, подобро собери си пари, испланирај и земи нешто што би ти фатило око. Оваа е некако... Мрачна, психотична, веќ видено на балканскиов простор. Нема лежерност, иако стилот е доста едноставен (што едино вака ми се допаѓа многу во книгата). А, да... Побарај го Гоце Смилевски. Посебно овие постариве (Разговор со Спиноза и Сестрата на Зигмунд Фројд), од изавачка куќа Слово чинам беа. Бужаровска е исто ок, ако сакаш циничен, саркастичен хумор, ѕирни ја Мојот маж, ако не ја реиздадат по трет пат до тогаш.
 
Три порано беа на ниво на Матица, речиси комплетната понуда им беше составена од викенд романчиња, Игор Џамбазов, self-help книги и тоа е тоа. Последниве години почнаа да издаваат доста квалитетни, интересни и докажани автори. Мајсторот и Маргарита од Булгаков, 2666 од Роберто Болањо, Богатство од Аристофан, Петроград од Андреј Бели, Црна Книга од Орхан Памук, Океан море од Барико, од Мураками имаат неколку книги преведено итн. Поминете на штандот на Три на саемот, може нешто евтино и интересно ќе ви фати око. Макар што за евтини не сум баш сигурен, инаетливи се со цените. Сте го споменале зимскиот саем на Три, па може и тогаш да испазарите од кај нив (поголем е попустот на нивниот саем).

Бегемот немојте да ги заборавите. Тазе преведени им се три книги од Борхес: Универзална историја на нечесноста, Фикции и Сеќавањето на Шекспир, подготвуваат и некој саемски пакет за овие три книги со добра цена (бар така највуваат...). Од Борхес исто така ги имаат преведено и Алеф, Книга од песок и Извештајот на Броди, така што најверојатно ќе може некое ценкање да падне. :) Јас планирам да ги земам новите од Борхес ако се со добра цена. Друго од Бегемот -- нобеловката Алис Манро ~ Бегалка, Буковски ~ Пошта/Холивуд, Булгаков ~ Кобни јајца/Ѓаволијада итн.

Антолог пред извесно време извадија неколку пакети, мене ми фати око Класици со: Кафка ~ Америка, Бохумил Храбал ~ Го имам служено англискиот крал, Флан О'Брајан ~ Долкиската Архива и Џорџо Манганели ~ Центурија. Промотивната цена беше 699 денари од 1180 денари. Ако го има истиот попуст, топ.

Taбернакул ми се скапи. Од кај нив можно е од Венко Андоновски да ги купам Падот на Масада и За секого има по една.

Тезгата со старите книги што секоја година е на саем. Истиот човек стои и на кеј, ама на саем се уште поевтини книгите, багатела. Фрлете око и таму, сигурно ќе се најде нешто за ич пари...
 
Ете знаев дека ќе заборавам на Антолог. Повеќето книги од Барико ми се оттаму, како и понекој добар психо роман. Супер се и они. Не знам кај им е книжарата, (нешо спомнаа дека имаат).
Табернакул се ниво на Т-мобајл. Имаат беспрекорно совршени изданија со превисока цена, дури и за странски потрошувач. И скоро никогаш немаат намаление. Ако планираш буџет и да инвестираш на сигурно во квалитетна книга, терај кај нив. Во никој друг случај не трчај на слепо.
 
абе се тоа разбирам, али ја нажалост го пратам саемов од пред едно три-четири години навака. Не знам што и како било претходно. Али овие години што го посетувам саемот ми е преубаво. Немам некоја голема листа за купување, зашто и самиот буџет ми е мал, скоро никаков, ама ко влезам во халата, самиот мирис на книгите, самата грандиозност на саемот наспрема мене некако ме исполнува, ова ми фати око, она ми фати око, целиот концепт ми е преубав. Годинава пак скромно ќе поминам и пред се планирам на домашна литература да се задржам и можда нешто англиско да подземам, евентуално француско (оригинал) ако најдам.
Академска книга пред 3 години ги даваа класиците по 100че, пред 2 години - 120, за лани мислам ако не се лажам 130 да беа. Не се 150 денари многу да дадеш за книги што варираат од 200 до 1000 страници (Грофот 900стр е), али годинава се си мислам дека ќе ги скокнам. Ако не ми фати око некоја некласична, ништо.
Од останатите, баш пред недела дена си го најдов ланскиот каталог од саемот на Магор и тука ми фати око по некоја домашна (Влада Урошевиќ и уште некој имаше), и планирам по некоја од помаливе куќи да посетам да видам што имаат од македонски „класици“ рецимо Петре М. Андреевски, Чинго, Блаже Конески и сл.
Матица од преведуваните освен некој океј трилер што слушам имале (оние на Каризи или како и да се викаше), другото ми е неинтересно, од домачи мислам солидна понуда имаа, па може нешто ако стварно го имаат на попуст да земам. Мада, знаат доста солени цени да стават на домашните.
Три само ќе разгледам, никад не ми правеле кејф, а бљуотини од типот Марија Јаневска и Игорче нејќам да земам.
Сакам книги ги скокам, Арс Литера ќе ги разгледам, пошто откако искочија на саем преиновативни ми се, со штандови, со се`. Од Конгресен сакам да ја најдам Моби Дик во превод на проф. Чемерски. Од Или-или, Филм.мкд обавезно ми е на шопинг листа, за друго не знам. Икона, па и Табернакул претпоставувам само ќе ги разгледам и тие се мислам.

П.С. пошто Сал доста читаш, дај предлог нешто добро домашно. Може и постаро, не мора овие од лани-полани што земаа награда. Или овој од Или-или што лапна роман на годината. :D Можда од Димовска ако не заборавам да ја побарам таа за Златка и Сребра, или нешто од Венко.
П.П.С. Злате, оној тв-филмот што ми го кажуваше по која драма на Вујадиновиќ е правен? И случајно да не знаеш дали ја има драмата на понуда од некоја куќа?:noze:
2003 - 2005 саемот беше во дури 3 хали, сега едвај една. ;)
Од македонските: и тебе најтопло ти ја препорачувам Вишнова хроника од Фросина Пармаковска во издание на Или Или. Резервен живот на Димковска не е лоша, но кај нејзе ме нервира претераното спомнување на темите на егзилот, животот во странство и споредбите со нашето, на домот, домувањето и др. поими тесно поврзани со постколонијалните теории. Истото го сметам за благо претенциозно. Фросе, од друга страна е раскажувач пар екселанс. Ќе уживаш! ;) Од другите македонски автори ти го препорачувам Ермис Лафазановски со Храпешко (пред сѐ), но и Роман за оружјето и Кога во Скопје ги беа измислиле чадорите (сите во Магор). Храпешко е пре-интелигентен роман-сатира кој многу реално и смешно ја отсликува македонштината и балканштината во контраст со европеизмот. Јас се газев од смеа додека го читав. Друго, ако го немаш читано Венко Андоновски со Папокот на светот (Култура) - задолжително. Од другиве понови наши автори вниманието ми го привлекува Игор Станојоски, но го немам читано сѐ уште. Пред некоја година со Гаргара (Панили) влезе во финале за роман на годината на Утрински, а годинава читам многу позитивни критики за новиот негов, во издание на Или Или, Првиот универзитетски ден на мојата ќерка. Владимир Јанковски, „Невидливи љубови” (Антолог), исто така многу го фалат.
За „Што сонува кучето” - направен е според драмата „Нема да верувате што ми се случи вечерва” од Ненад Вујадиновиќ (исто наш автор). Јас ја купив за само 80 ден. и тоа баш на саем пред неколку години, издание на Магор. ;)
А каде се наоѓаат нивнтие простории?
Не знам точно, ама ако не се лажам, @Erich Zann знае, па може он да ти објасни.
За првиов пасус, кај ТРИ ќе те поправам, иако ги даваат овие од Лајна и Коста, имаат и други одлични, рецимо Џулијан Барнс, Амин Малуф па и овие трилериве.
Ги заборавив Магор, изгледа затоа што не ми стигаат никакви известувања за нивни саеми. Супер се они, иако ова со „Ѕвездите од светската книжевност“ некаде може да наидеш на малку послаб превод. Али неспоредливо со Матица.
За предлог, убаво е да му ги земеш книгите на Ангелков (освен Филм.мкд, се` друго му имам читано, симпатично и непретенциозно пишува, баш релаксира). Ако си скопско дете (или добро му ја познаваш маалскава историја на градот) можеш да ја земеш Конзервирани Импресии од Владо Галевски (Синеманија/Слушајте филм на Равел). Резервен живот ми ја фалат, не е лоша само ја почнав но морав да ја прекинам. @Zlatikevichius ми ја спомна Вишновата хроника, он повеќе ги знае новиве писатели што се во подем. За оваа што доби награда од Утрински.... meh. Ако ништо друго евтина е. Мада за испланиран буџет, подобро собери си пари, испланирај и земи нешто што би ти фатило око. Оваа е некако... Мрачна, психотична, веќ видено на балканскиов простор. Нема лежерност, иако стилот е доста едноставен (што едино вака ми се допаѓа многу во книгата). А, да... Побарај го Гоце Смилевски. Посебно овие постариве (Разговор со Спиноза и Сестрата на Зигмунд Фројд), од изавачка куќа Слово чинам беа. Бужаровска е исто ок, ако сакаш циничен, саркастичен хумор, ѕирни ја Мојот маж, ако не ја реиздадат по трет пат до тогаш.
Најискрено, иако по малку неблагодарно од моја страна: ги знам повеќето од новите автори, но за жал не од што сум ги прочитал, туку од што сме студирале заедно / среќавале по ходници, читални, бифеа на ФЛФ / запознале преку заеднички пријатели и сл, па така не се сметам себеси за доволно компетентен како што ме претставуваш. :sramezliv:[DOUBLEPOST=1459635137][/DOUBLEPOST]
Ете знаев дека ќе заборавам на Антолог. Повеќето книги од Барико ми се оттаму, како и понекој добар психо роман. Супер се и они. Не знам кај им е книжарата, (нешо спомнаа дека имаат).
Табернакул се ниво на Т-мобајл. Имаат беспрекорно совршени изданија со превисока цена, дури и за странски потрошувач. И скоро никогаш немаат намаление. Ако планираш буџет и да инвестираш на сигурно во квалитетна книга, терај кај нив. Во никој друг случај не трчај на слепо.
Книжарницата на Антолог е во Дебар Маало, зад Броз кафе (па и не баш во близина, само не знам како да ти објаснам инаку, оти и нема некој познат објект во близина).
 
@Saladin ќе го бараш драгонски за локацијата. Мене тој ми објасни, на крај испаѓа дека е втерана во некое куќарче во тесно уличе, па книгата од Кафка ми ја зедоа од друго место, а не од купикнига пошто не го најдоа :D
 
дебар маало го знам секој милиметар од него, така да чим викаш дека е кај Броз, знам накаде алудираш.
Ти текиња бре, 3 факинг хали беше саемот + една за компјутери. У анексите беше толку тутма што не можеше лесно да се разминеш со луѓе. Првиот универзитетски ден на мојата ќерка ми е на листата за овој саем, ќе видиме кога ќе се доберам до примерокот дали одма да ја земам.
Од старокупуем може да се најдат книги од Ремарк јер освен Триумфална Капија ништо друго не е реиздадено. Од ПНВ Публикации ќе ѕирнам евентуално нешто од Ками. Скромен ми е буџетот а со тоа и wish листата за оваа година. Некои 5 наслови се` на се` + 3 од карти.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom