Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
80% од постовите што се напишани не се проблеми на нашето минато туку работи кои сме ги правеле во минатото. Тоа што сме играле (пример) граница не било проблем туку вид на забава, занимација, дружба :)
 
80% од постовите што се напишани не се проблеми на нашето минато туку работи кои сме ги правеле во минатото. Тоа што сме играле (пример) граница не било проблем туку вид на забава, занимација, дружба :)
Да. Темата се претвара у евоцирање спомени.
 
Ќе ја продолжиме битката море? :D

Си ги најдов последните два албума од колекцијата :D
Space Jam и албумот Хајди што го наследив од братучед ми :D
Средната страна од Space Jam и почетната и рандом страна од Хајди :D
IMG_20151106_181551.jpg
IMG_20151106_181607.jpg
IMG_20151106_181716.jpg

Си ги најдов жетоните од макс смоките :D
IMG_20151106_182147.jpg

Нешто што сигурно веќе поминало, дел од џамлиите и дијаболи што ги собирав од улица, а ги криев на струјомерот. Мислев дека така никој не може да ми ги најде, пошто беше високо место и ќесата ја симнував со стап :D
IMG_20151106_181810.jpg
IMG_20151106_181832.jpg
Која е веројатноста дека на улица ќе најдеш толку рандом испукани дијаболи?

П.с. Ги најдов и уште едни сликички кои припаѓале на татко ми и според него се првите самолепливи сликички со фудбалери. Светско првенство 1974...
Играчите се карикатури, ги има некои фаци од Заир и Хаити :D
IMG_20151106_190355.jpg
 
80% од постовите што се напишани не се проблеми на нашето минато туку работи кои сме ги правеле во минатото. Тоа што сме играле (пример) граница не било проблем туку вид на забава, занимација, дружба :)
Eпа еве јас ќе кажам и проблем еден.
Никад денешниве нема да разберат што значеше родителите да те казнат и да има расправии затоа што си направил голелма сума телефонска сметка јавувајќи се на квизови Бело глувче, Изи и на хот лајн :oops:
 
Праиме муабет кај мене на тераса ја и другар школски од основно за измеѓу малите одмори и на големиот одмор како мававме долга магарица, братучед ми (11 години) нема појма што е долга магарица и јанино јанино.
не знам дали бев единствен што сакав во тој момент земјата да се отвори и да ме голтне. :(:yid:
 
Проблем што денешниве деца нема да го разберат е кога бевме по цел ден во маало ти се јаде и се дереш од пред зграда

МАМОООООООООО МАМОООООООО МАМООООООООООО !!! мајка ти излага после 10 минути твое дерење на глас и ти и викаш напрај ми сендвич ми се јаде. Она ти вика дојди дома да јадеш а тебе не ти се иде па да се преврти светов пошо другарите и играта не се напушташе до 7 часот навечер дур не капнеш.

Мајка ти попушта ти прави сендвич од крајчето леб ајвар и сирење, леб и крем или нешто со саламче и путерче. Јадеш во маало и продужаваш да играш со деца. По некое време се слуша мајка ти

МАРКООООО (или зависно како и да ти е името) ајде дома касно е веќе утре сум на работа не можам тебе да те чекам цел ден ти се расправаш со мајка ти АМА УШТЕ МАЛКУ МОЖЕ !? Мајка ти вика не може и ти нервозен се враќаш дома со кавги со плачки со се, се додека утредента не ти пројде нервозата па одново истото секој ден.

Јас сум немал вакви проблеми бидејќи не сум живеел во маало ама одев секој ден во малото на другар ми и ги знам овие работи како беа со другар ми.
 
Проблем што денешниве деца нема да го разберат е кога бевме по цел ден во маало ти се јаде и се дереш од пред зграда

МАМОООООООООО МАМОООООООО МАМООООООООООО !!! мајка ти излага после 10 минути твое дерење на глас и ти и викаш напрај ми сендвич ми се јаде. Она ти вика дојди дома да јадеш а тебе не ти се иде па да се преврти светов пошо другарите и играта не се напушташе до 7 часот навечер дур не капнеш.
И тоа те мрзи да се качиш до горе па и викаш на мајка ти, иначе 10 пати ако треба ќе се качиш онака безвеза, ама тогаш да излезеш фраер у маало. :D
Мамооо маа, ме мрзи да се качувам. Пушти ми го.
Не можеее така Перица, качи се кога ти велам, да не се дерам, да не ме слушаат комшиите, цело маало ечи од нас.
Епа не се качувам тогаш, не јадам.
Качи се бе горе кога ти викаам. Ах, ќе видиш ти кога ќе си дојде татко ти...
И така се сожалува жената и го заврзува ќесето со конец и го спушта од 4 кат надоле сендвичот. Цела зграда се собрала и го гледа тој чин. Ти среќен, пресреќен. Сите другари те тапшаат по рамо за издвоената победа. :D

А најголема трагедија беше кога ќе го казнат другар ти за некоја глупост што сте ја направиле и ќе отидеш до кај нив на врата да ѕвониш. И ете ја од таму мајка му..
- Може ли да излезе Јовица да си играме? - Со онака некое милозвучно гласче.
- Не може, сега Јовица јаде и после ќе спие. Нема надвор.
- Ама малку самооо, нема веќе да крадеме сливи од комшијата. Ви ветувам. :oops:
Иде од таму татко му онака налутен целиот.. Не може Јовица да излезе, казнет е. Нема да излезе и следните 3 дена. Не го барај. И ти ја треснува вратата.
А Јовица, го гледаш онака на прозорецот стои и те гледа тажно. Срце ви се кине што два дена нема да се видите. :(
Сега ваљда ги казнуваат со забрана за играње мултиплеер на компјутер, конфискување на телефонот/таблетот и ги тераат да излезат надвор. :)
 
Се прибираш дома после цел ден надвор и првиот коментар на мајка ти "добро бе имаш ли ти куќа!" :LOL:


Береш и јадеш сливи на дрво цел ден, после пиеш вода и за неколку минути фаќаш шпринт дома зашо те стегнал пролив. Времиња :icon_mrgr:
 
Нема да знаат кое разочарување е долу во списокот во флаерот од космофон и мобимак да го нема твојот телефон бидејќи не поддржува сликички и рингтонови. А таман си решила да дадеш 50 денари, за да ја имаш 300 години од Адријан Гаџа или сликичка со некое бебче. :(
Screenshot_3.png
 
.дека сме се капеле со лејка
.дека вода сме немале дома
.дека не носеле на нива во кошовите на добичето
.дека најслатко ни било кришка со шеќер попрскана со вода
.дека сме спиеле во иста соба сите и во еден кревет со друго дете
.дека сме тркалале везден колце од точак со свиткан тел(буква У)
.дека прво сме го плукале мастеливиот милив за да почне да пишува
.дека сме заспивале со сто и една приказна секој ден во 19 часот.
.дека пред тоа осветлување сме имале на газиена ламба
.дека татко бил во војска цели три години,или туѓина десет години
.дека сме се санкале на најлонска вреќа ставена под гз
.дека сме играле камај, фота или челик без слушалки во ушите
.дека и поради сето горе наведено сепак сме биле среќни и наспани
 
Кога не не пуштаа во некој локал клубче/кафиќ. Не те пуштаат бидејќи те гледаат мал а другите некој од другарите ќе ги пуштат па молиш да те пуштат. Ако не не пуштеа опција друга беше пред локалот да седиме да чекаме да излезе некој на воздух од локалот и тој целиот возбуден ќе ти раскажува колку јако е внатре. Го молите и него да му рече на то вратарот да ве пушти.
 
Интерсни времиња беа кога само јас од населба имав храброст да се качам на дрво,да наберам кајсии,црешни,ореви,дудунки,.....
А во случај да излезеа сопствениците ги мавав со ореви,кајсии,црешни,.... и да бидам поголем инат од нив,односно да седам на дрво додека не влезе сопственикот дома а во меѓу време другите отишле да играат брканица,жмурки,јанино,јанино,долга магарица,........
Затоа па кога ќе се симнев...............
 
Памтите порано на ТВ кога имаше да играш бокс преку телефон со политичари? Буки, Баки кои беа таму други. Двајца јавувачи си бираа по еден политичар и се боксираа. :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom