Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Најjако беше :D

Имаше можност да чатуваш со СМС пораки со други луѓе. Кога ќе ти здосади мирц .. :D
 
Никад нема да разберат денешниве деца дека секој ден се собиравме деца после школо во интернет кафе за играње Counter strike а околу собрани сурија други деца гледаат како се игра и навиваат за другарот.

Исто нема да разберат дека порано имаше телефонски говорници. Се купуваше картица и се зборуваше на телефон не знам точно колку минути траеше една картичка, по некое време се појавија и телефоните и почна со СМС пораки да се допишуваме, Viber, MSN, Facebook сеуште не беа ни во план сигурно за да се направат.
 
Последно уредено:
Од времето кога интернетот беше ретка појава, па моравме да купуваме цедиња од пазарите :)... имам уште игри за сони 1, само за другите сум ги изгубил паковките, само цедињата останаа. :(

IMG_20151014_155225.jpg
 
Кога од говорница ќе се јавиш во пожарна и ќе им пееш „Се запали пиле Трено одајчето“ и после тоа цело друштво го снемува за секунда.
Ситнежот од дома се собираше и одма се претвораше во жетони за флипери. Мустафа, Нинџа желки, Галакси, Кептан Командо... да свртиш игрица со еден жетон и одма те сметаа за божество :)
Парите за јадење ги претвораш во минути за Текен 3 или Креш за плејстејшн.
Ако не си ја свртел Супер Марио (без летање) со еден живот ондак си нуб и те заебаваат на улица.
 
И во денешно време купуваме цедиња со игри. :D

Или ако немаш скокано врз онаа желката, за да собереш 100 животи. :D

Јас заштедата на мајка ми и баба ми ја претворав во жетони. После брат ми почна да работи во едни флипери, па играв без пари. :cool:
Ја превртев Кептан Командо и сите деца зјапаа во флиперот. :pos:
 
Последно уредено:
Од времето кога интернетот беше ретка појава, па моравме да купуваме цедиња од пазарите :)... имам уште игри за сони 1, само за другите сум ги изгубил паковките, само цедињата останаа. :(

Прегледај го приврзокот 130704
Twisted Metal 2 & Heroes III of Might and Magic ги играм од тогаш (97-98ма) до ден денес.
Crush ја немам играно одамна а Duke Nukem... ја имам дури и на околус рифт хахаха

Сега ме натера да играм Хироус.. гад демн.

П.С. Твисед Метал 4 не ми се допаѓаше воопшто.. за 3 да не зборувам.

П.П.С: абе на никој не му го текнувало на Army Man.
 
Цена молам за Краш Тим Рејсинг?

Не е на продажба :D

Башка што ќе фрлаш пари кога можеш сам на компјутерот да си изрежаш ЦД што ќе ти работи на сонито.
1) Купи ЦД од 700 МБ
2) Симни ISO/Bin од CTR4
3) Отвори го ИСО-то со Неро режач и остај го цедето да се изрежа

Полесно здравје :icon_mrgr:
 
Видoв еднa сликa пa ми текнa. Фиксен телефoн, aли oнoј сo кружен брoјaч, гo стaвaш прстoт вo кругчетo и вртиш. Истo и oнa т.н. "двoјници нa телефoнскa линијa" :D
 
Јако беше да ставаш полифони и слики во пораки и да ги чуваш во сим за да може да се фалиш каква колекција имаш :misticen:
Ако некој у маало има компјутер, се збиравме цело маало да играме маме32. Ако немаш маме32 џабе имаш компјутер :kafence:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom