Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.338
Има повеќе слики, па нека одат во спојлер.
Мора да ви се познати.

Со картиве, табланетот ми беше многу поинтересен (кој мерак беше кога ќе ми го поделеа Фиго :D). Имаше и џокери, ама не се интересни.
20141109_182315.jpg

Имам уште едни слични вакви, но не е комплетен шпилот
20141109_182504.jpg

Заедно со првите, знаеше да се паднат и некои кошаркари. Еуро 2000 и покемон топка од задната страна :D
20141109_181856.jpg

Кога почнав со фудбалот, еве уште нешто што сум собирал како дете. Кои играчи, еј :D
20141109_184211.jpg

Некои картички од СП2002
20141110_003132.jpg

Се ова беше турско производство, па еве нешто од нивната фудбалска лига. Милошевски.
Покрај нив има и неколку репрезентации, меѓу кои и Турската... на домашен терен се, не може без нив, нели ? :D Од истите репрезентации се собираше и албум.
123.jpg

За крај една провокација до @Коњаникот Сабја :D Кажи дека ги немаш, кажи :D
20141109_181650.jpg

Ти си на ред. Можеш подобро од ова :D
 
Член од
17 ноември 2012
Мислења
4.547
Поени од реакции
5.305
Ми текнува како мал Торе Андре Фло го викав ТФЛО, баш како што го пишуваше на картите, пошто копиљ, од кај би му го знаел правото име :pos::pos::pos:
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Имав премногу срања од тоа Турските мастики, ама не можам да ги најдам :D
Се мислам дека ги испратив за да добијам фудбал од 150 денари :гик:
Се продаваа едни шкарт мастики од 2 денари и со секоја од нив ни даваа едни пошкарт сликички, ама тоа веројатно само кај мене во маало го имало :icon_mrgr:
Се паѓаа екипите на Бешикташ, Генчелбирлиги, Галата, Фенер, Анкараспор, Бурсаспор и Малатијапор :D
И јас го имам истиот шпил карти како тебе, со Едмундо, Батистута и Франк Де Бур :гик: Бергер беше последниот што ми фалеше да го комплетирам шпилот :D
DSC02516.JPG
DSC02515.JPG

И јас од другиот шпил ги немам сите карти :D
Не знам само која беше поврзаноста со картите од НБА, ама мислам дека се паѓаа во исти срања. Со нив играв на тапка за да ќарам сликички за фудбал:LOL:
DSC02523.JPG

DSC02524.JPG

DSC02527.JPG

Во наредниов спојлер ќе ги ставам дупликатите од СП 1998 :D
Педериште од каде ти се тие Депор сликичките? :D Немам таков албум, од Депортиво го имам само ова :icon_mrgr:
DSC02518.JPG
DSC02519.JPG
DSC02520.JPG

Ајде сега малце ја да те предизвикам откако успеам да најдам уште некои работи :D
Џебни албум дигимон, тасо жетони дигимон (два вида), тасо жетони покемон и некои срање сликички од покемон :D
DSC02521.JPG

DSC02525.JPG

DSC02526.JPG
Вечната борба беше кој ќе биде Тајчи, а кој Јамато :D
Кога дебатиравме кој бил појак, машките го браневме Јамато, женските го бранеа Тајчи :гик:

Легендарниот чибичан, што ми го донесе братучед ми од Германија :LOL:
Не можев да го носам на часови во основно и му го давав на татко ми :icon_mrgr: Татко ми тоа време ги водеше најголемите синдикални штрајкови во Македонија и преговараше со сите можни министри. Други времиња беа тоа, на независни синдикати, не како сега. И така отиден во влада на разговори со тогашниот премиер, го прекинал состанокот затоа што на пилето од чибичанов му се одело во веце :D Сегашноно гомце POU е модерна верзија на тогашниов чибичан :гик:
DSC02517.JPG


За крај, во кесата со тасо жетоните, го најдов и следново нешто :D
DSC02528.JPG

Кога ќе најдевме некој упаљач во основно, прво го пукаш сред час за да ги исплашиш сите. После го вадиш ова делче кое го имаше само на одреден вид на упљачи, мислам дека на оние кои беа на стискање, а не на легендарнине што се вртеа на тоа железото, па ќе ти рѓоса прстот додека да запалиш :icon_mrgr:
Одиш по луѓе и ги пецкаш :icon_mrgr: Исто, се фаќавме цело одделение за рака, така што бевме допрени само со показалецот. Еден се држи за кваката од вратата, а со другата рака ја пецнува кваката. Од металот демек струјно коло ќе се направи и сите се возбудувавме како сме осетиле пецкање, а уствари врска немаше :icon_mrgr:
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.338
Challenge accepted :D

Нaјпрвo еве јa твoјaтa мини кoлекцијa
20141118_224347.jpg
А еве јa мoјaтa целa.
20141118_222952.jpg
Сликичките oд Депoртивo ми се oд aлбумoв. 2004 ЛШ беше ?
Ги имaш лoгoтo и тимскaтa oд мене ;)
20141118_222237.jpg
Дупликaти. Фрaнцијa 98, Кoреa Јaпoнијa 02, ЛШ 2000/01 и нaјгoлемиoт дел oд aлбумoт пoгoре.
20141118_222329.jpg
Дупли дупликaти :D
20141118_222826.jpg
И зa крaј, нештo штo реткo кoј гo прaвел. Кoлку ли сaмo слoбoднo време, кoлкaви ли живци сум имaл зa вaквo нештo ? :D
20141118_222502.jpg
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.453
Поени од реакции
68.699
Последнине се исечоци од весници и списанија? :pos:
Сите го правевме тоа, ама воглавно сечевме некои разголени типки :icon_mrgr:
Врти татко ми весник, а во него исечени некои моделки на средните страни и слично :icon_mrgr:
За да не ми ги најдат (многу јако ги криев меѓу едни тетратки, ама се погоди мајка ми да прочепка таму), ги фрлив кај комшијата во канта (да не случајно ги најдат кај мене во кантата) :place::pos:
Останав без материјал тогаш :confused: Тешки времиња беа тогаш, дури бев во основно три програми фаќав на ТВ, а за компјутер и интернет можев да сонувам, така да освен весници и списанија ништо друго не ни преостануваше :icon_mrgr:
Уште еден проблем, непознат за денешните деца :icon_mrgr:
 
Член од
23 март 2014
Мислења
1.471
Поени од реакции
1.242
Хмм, ме замисли, по се изглеа од немањето на материјали во тоа минато време на оскудација, додека бев мал, произлегува мојата денешна незаситност за порки и слики на разголени женки :unsure:
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.066
Поени од реакции
57.338
ЛЕЛЕЛЕЛЕЛЕЛ АВИОНИТЕ ЧОВЕЧЕ! :place:

Јас ги комбинирав со овој сет:



Речиси ист ваков имав, каубијци vs. индијанци и зелени војници vs. жолти војници. А немаше авиони у него (имаше тенк, џип, иглу, големи лак и стрела...). Па уште коа ми купија и Ризик на мапата беше уживанција да кроиш стратегии за осојување на светот.



Коа веќе никој не ги знаеше точно правилата за Ризик и си измислувавме свои :D

Еве го мојот сет војници

20141119_154959.jpg


Не целосен сет од индијанци и каубојци. Имаше и приколка за коњите.
Покрај нив уште нешто што најдов уфрлив :D

1.jpg


И ризик.

20141119_151417.jpg


И мастикава :D Обично испод неа ќе наредев уште 3-4 прави мастики, или пак оваа одеше во обично пакетче орбит :D
Ама за кратко време брзо се рашири финтава, па не палеше веќе :D

2.jpg
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Има ли некој снимки од цртаните што ги даваа на А1? Ги гледав порано ко помал многу, па носталгија ми се :D
 
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.655
Поени од реакции
9.235
Лее...колку пати сум го јадел ради тоа пафте-пуфте (не знам по другите градови како го викате) со сликички на школо. Колку дупли ми земале учителките :pos::pos:

Памтам дека уште од ЕП 2000 ги пишував во тетратка сите натпревари со резултати и крајни табели, па на истата тетратка резултатите од СП 2002, ЕП 2004, за СП 2006 ја најдов баш и ги пишував и после тоа прекинав, ама тетратката и ден денес ми е добар спомен од детството.
 
Член од
15 јули 2007
Мислења
14.903
Поени од реакции
7.571
Се продаваа пакетчиња со прашак кој ако ги стиснеш јако се надувуваа и пукаа, па откако ќе пукнеа смрдеа гадно (најчесто на тазе гомна )

Имав купено такво како помал додека бев и во улаз на една зграда го рокнав смрдеше доста време :pos:

Слика за жал неможам да најдам затоа што и не знам како се викаше тоа чудо.[DOUBLEPOST=1423590605][/DOUBLEPOST]Исто во мојот град имаше една продавница каде имаше играчки и триста тракатанци кинеска шкарт и нешто добро од играчи за 60 денари. Секој ден киснев во неа, собирав пари железни и купував играчки.

Паметам во мода беа Јојо што светат кога го вртиш. Сите деца се заразија со ова.
На повеќето деца им се уплеткуваа врвката од Јојото, им прегоруваа сеаличките од многу играње :icon_lol:


Кај некој во пакувањето се паѓаше мало ЦД кое викаа дека најверојатно во него имало снимено видео со трикови како се прават со јојово.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom