Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Кога од нигде никаде ќе ти се скине касетата... :/

vcp.jpg
 
Памтите порано на ТВ кога имаше да играш бокс преку телефон со политичари? Буки, Баки кои беа таму други. Двајца јавувачи си бираа по еден политичар и се боксираа. :D
Ники и Трифун Костовски - Трики :pos::pos::pos::pos: Ејј која лудило емисија беше тоа, се јавив еднаш, 160-тина денари плус на сметка али со Ники растур го направив тој другиот :pos::pos::pos:.

Ти текнува како се викаше?
 
Нема да ги знаат нервозите кога не можеш да се пријавиш за Изи Мизија или кога гледаш како некој губи, а мислиш дека ти би одиграл подобро:D

Изи Мизи.PNG


Изи Мизи.PNG
 
Дали само јас со ваквите касети си правев куќички/бази како дете? :D

Ти ваљда си имал цела видеотека дома чим си правел бункери како дете. Јас немав толку касети, нажалост...:)

Ама нема ништо поубаво од звукот на видеото што го прави додека да ја пушти касетата. Онака ќе стиснеш PLAY и 5 секунди уживаш во мелодијата на касетата и машината додека да се појави сликата на телевизорот :)
 
Ти ваљда си имал цела видеотека дома чим си правел бункери како дете. Јас немав толку касети, нажалост...:)

Ама нема ништо поубаво од звукот на видеото што го прави додека да ја пушти касетата. Онака ќе стиснеш PLAY и 5 секунди уживаш во мелодијата на касетата и машината додека да се појави сликата на телевизорот :)
И поготово ако е преснимувана па имаш малце снег, треперење на почетокот па почнува филмот :D
 
Koга чекаш да ја снимиш омилената песна од радио и ќе се изнервираш зошто водителката/водителот почнал на сред песна да збори. Исто така требаше да си вешт да изгасиш кога точно ќе заврши песната за да не снимиш и некоја шпица/реклама или зборење.

Кога ќе отидеш во цд-тека да си купиш некоја компјутерска игра, некој албум музика.. 15 - 20 минути и повеќе се мислиш таму што да одбереш.

Кога ќе се зачлениш во видеотека и изнајмуваш филм на касета па мораше касетата да се врати премотана одпочеток.[DOUBLEPOST=1513414179][/DOUBLEPOST]Кога ќе ти речеа ај стани смени програм на телевизорот бидејќи не беа со даљинско и беа до 10 канали.
Ова не знам точно од која година биле таквите телевизори ама сум фатил период кога дома имавме таков телевизор.

Телевизорите беа толку тешки што фаќаше доста простор во дневната.
 
Последно уредено:
Не е проблем, но е поврзано со емисија од минатото. Дали некако може да се добие барем некоја снимка од преносот на бразилска лига на Скај Нет со Сашо и Рубенс? Ми фалат тие коментирања :(
 
101.jpg


Е на вакви тастатури станувавме хакери на Виндоус 95 и 98 :). На истите овие игравме МАМЕ, пинбол, начколија учевме за Ворд и Ексел и сурфавме на дајл ап интернетот. Вакви тастатури користеа сите во јавната администрација...

Оваа мојава е во супер кондиција, малце е прљава и пожолтена од јазот на времето, а лабав е и space-от... али не се дава старата, одлично работи и во 2018 :)

20180119_070106.jpg
 
Иако црнобелите телевизори ни оддалеку не беа обележје на генерацијата во која се вбројувам, сепак овде-онде, како дете, налетував на телевизори со црно-бели екрани. Главно кај постари роднини или пријатели на моите родители и сл. Ги чуваа и користеа од различни причини (не само поради немаштија) - најчесто од навика и, за чудо, поради недостаток на преголема желба за гледање на тие два-три понудени тв канали. Кутија изработена од дрвен материјал, југословенско, понекогаш италијанско производство, а поретко и од други држави. На сликата е еден карактеристичен примерок. Гледањето телевизија на вакви екрани беше доживување, единствено поради тоа што не мораш да зјапаш во него цел ден. А, паметам дека пребарувањето канали или нешто подобра слика (тоа подразбираше вртење и вртење на оние копчиња, нема далечинско, освен пепелник) ја убиваше и онаа мала желба за гледање.
stari-televizor-crno-bijeli-panorama-alfa-slika-18510793.jpg


И стари, огромни радиоприемници кои и денес ги гледам и кои се' уште функционираат, иако радио ретко кој слуша денес.
slika-193479-549b2352346f5-default.jpg
 
Оваа мојава е во супер кондиција, малце е прљава и пожолтена од јазот на времето, а лабав е и space-от... али не се дава старата, одлично работи и во 2018 :)

Прегледај го приврзокот 184066

:sick:

Земи исчисти ја бе, гнасо! :D

Извади ги копчињата, накисни ги и избриши ги убаво едно по едно. Тоа пожолтеното излегува сето. Ќе светне како нова.
 
:sick:

Земи исчисти ја бе, гнасо! :D

Извади ги копчињата, накисни ги и избриши ги убаво едно по едно. Тоа пожолтеното излегува сето. Ќе светне како нова.


Несакам да ги чистам мрснотиите од храна направени Лето Господово 2002 година :(
 
Ливчињата (сметките) кои несмеевме да ги чепкаме како деца :)

20180207_093402.jpg
 
Нема да разберат денешниве деца кој се родија во време на ламинативе како беше кога имаше паркети и крцкаа или тропаа кога газиш на нив бидејќи се разлабавиле.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom