Проблеми што денешните деца никогаш нема да ги разберат (90's and 00's problems)

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување
Баба ми прва у населба имаше телевизор у боја. Југословенски беше.
Немаа луѓето телевизори од странство.
 
Нема да разберат денешниве деца кој се родија во време на ламинативе како беше кога имаше паркети и крцкаа или тропаа кога газиш на нив бидејќи се разлабавиле.

Или гледаш мали дупки - црви .
 
Или гледаш мали дупки - црви .
A за чистење внимавале да не претераат со вода па да се дигне планина.

Денес ламинативе пројди колку сакаш со џогерот ништо не му е.
 
Кога ќе те излажеше некој да си ставиш парфемче

rose-oil-muskal.jpg
 
Баба ми прва у населба имаше телевизор у боја. Југословенски беше.
Немаа луѓето телевизори од странство.

Тогаш можеби (а можеби и нема) ќе те изненади што се нашите можат да довлечкаат од странство, па нека е и црно-бело.
Во времето кога јас начекував црно-бели телевизори, телевизорите во боја беа највообичаена работа. Секако, доминираа Ел. Индустрија, Горење и други ју производи, но веќе не беше реткост да се налета и на нешто што не беше југословенско.

Можеби вреди да се спомне случај на вратени од Австралија кои си носат видео рекордер, и кои морале да почекаат некоја година пред кај нас да дојде бранот на масовно купување видеа и претворање на секоја шупа во видео клуб.
 
...каде е ластикот? пак ќе ни паднат гаќите и пижамите, добро како можеше 5 м да ги потрошиш?:D

IMG_1054.JPG
 
Можеби ние родени во 90тите кратко сме го осетиле тоа но денешниве деца нема да разберат каков проблем било некогаш во кола да нема клима а да си на пат на одмор летен. Топло, се потиш, замирисано, отворај прозори дува ќе ти ја дупне главата. А кога татко ми/ти ќе наточеше бензин и кога ќе ти се напикаше миризот тој што не го поднесуваше нагон за повраќање имаше одма.

Сега со клима во коливе понови полесно се дише.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom