Проблем што денешниве деца нема да го разберат е кога бевме по цел ден во маало ти се јаде и се дереш од пред зграда
МАМОООООООООО МАМОООООООО МАМООООООООООО !!! мајка ти излага после 10 минути твое дерење на глас и ти и викаш напрај ми сендвич ми се јаде. Она ти вика дојди дома да јадеш а тебе не ти се иде па да се преврти светов пошо другарите и играта не се напушташе до 7 часот навечер дур не капнеш.
И тоа те мрзи да се качиш до горе па и викаш на мајка ти, иначе 10 пати ако треба ќе се качиш онака безвеза, ама тогаш да излезеш фраер у маало.
Мамооо маа, ме мрзи да се качувам. Пушти ми го.
Не можеее така Перица, качи се кога ти велам, да не се дерам, да не ме слушаат комшиите, цело маало ечи од нас.
Епа не се качувам тогаш, не јадам.
Качи се бе горе кога ти викаам. Ах, ќе видиш ти кога ќе си дојде татко ти...
И така се сожалува жената и го заврзува ќесето со конец и го спушта од 4 кат надоле сендвичот. Цела зграда се собрала и го гледа тој чин. Ти среќен, пресреќен. Сите другари те тапшаат по рамо за издвоената победа.
А најголема трагедија беше кога ќе го казнат другар ти за некоја глупост што сте ја направиле и ќе отидеш до кај нив на врата да ѕвониш. И ете ја од таму мајка му..
- Може ли да излезе Јовица да си играме? - Со онака некое милозвучно гласче.
- Не може, сега Јовица јаде и после ќе спие. Нема надвор.
- Ама малку самооо, нема веќе да крадеме сливи од комшијата. Ви ветувам.
Иде од таму татко му онака налутен целиот.. Не може Јовица да излезе, казнет е. Нема да излезе и следните 3 дена. Не го барај. И ти ја треснува вратата.
А Јовица, го гледаш онака на прозорецот стои и те гледа тажно. Срце ви се кине што два дена нема да се видите.
Сега ваљда ги казнуваат со забрана за играње мултиплеер на компјутер, конфискување на телефонот/таблетот и ги тераат да излезат надвор.