Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
Некој линк или торент да ми пушти на ПП од целава серија...ја гледам на Сител и многу е јака,мора да се има во колекција и башка не можам да чекам недела да дојде па да гледам една епизода,па после недела за друга :)

Најди ги на замунда цели сезони ги има.
 
Најдобра серија дефинитивно...

Клипчето погоре...хахаха:vozbud::pos2:
 
Ги изгледав сите 4 сезони и сум запрепастена од тоа колку возбудлива, стресна и прекрасна приказна е претставена. За тие што мислат исто така, а се на почеток, само да кажам дека 4 сезона е врвот на се`! Ни на сон не може да претпоставите кои сплетки се случуваат, како се извртуваат работите и кои прикриени тајни излегуваат на виделина.
Навистина прекрасна серија, која сега ми е број еден и планирам да ја гледам повторно. Не може да не се ужива кога се гледа колку трнлив пат е потребен за да се стигне до правдата (ако се стигне, нели), колкава упорност треба и дали и колку се исплаќа. Исто добро е да се види колку е лошо човекот да е алчен за пари и слава, како и колку е добро и најважно, да без размислување правиш се` за тие што ги сакаш. Спокојот кој се чувствува кога сите се безбедни, слободни и добри, едноставно нема цена.
За сите што одбиваат да ја гледаат серијава, како што одбивав јас - почнете веднаш!:smir:
 
Дајте некој асален линк за да ги симнам сите сезони....
 
...За тие што мислат исто така, а се на почеток, само да кажам дека 4 сезона е врвот на се`! Ни на сон не може да претпоставите кои сплетки се случуваат, како се извртуваат работите и кои прикриени тајни излегуваат на виделина.
Напротив... 4та сезона беше дното на серијата. 3та и 4та сезона дури не ни биле планирани од страна на продуцентите, ама поради гледаноста решија да ја продолжат (и згрешија во тоа). Во 4та сезона има многу работи што никнуваат од земја, што не е случај со 1ва и 2ра сезона, бидејќи сценариото за овие 2 сезони било однапред смислено. Башка и кратењето на 3та сезона поради штрајкот на сценаристите во Америка придонесе серијава толку да падне. Според мене врвот на серијава е 2ра сезона од причина што имаме 2ца генијалци од спротивна страна (Scofield Vs. Mahoun), а во 3та и 4та тие се заедно, ама исто ко да не се. Некако чудно се склопени настаните во овие 2 сезони.
 
Сепак колкава и да е таа правда, самата таа има своја цена. Можеле барем да направат некој посреќен крај.
 
Па да имаше среќен крај ќе беше шпанска серија. :wink:

Иако 3та и 4та сезона се послаби од првите 2 сепак и овие се на ниво и си имаат своја популарност. Дефинитивно најдобра серија што сум ја гледал досега.
 
После исчитаниве неколку последни страни на темава ептен си сум вака горд на себе шо сум понапред за едно 3 4 години :smir: :kesa::baeh:
 
Ја гледав и осмата епизода. Многу добра серија, напнат ме држи цело време. Ама неможам по една недела да чекам за следните епизоди, ем ќе заборавам нешто и нема да ме држи напнатоста. Доста беа овие 8 иако би сакал сите на Сител да ги догледам, ја спуштив цела прва сезона ќе ги гледам на комп. па после на Сител како реприза.
 
Ја гледав и осмата епизода. Многу добра серија, напнат ме држи цело време. Ама неможам по една недела да чекам за следните епизоди, ем ќе заборавам нешто и нема да ме држи напнатоста. Доста беа овие 8 иако би сакал сите на Сител да ги догледам, ја спуштив цела прва сезона ќе ги гледам на комп. па после на Сител како реприза.

вчера беше осма епизода?
Може некој да ми ја раскаже на кратко епизодата од вчера зошто ја пропуштив?:icon_frow
 
вчера беше осма епизода?
Може некој да ми ја раскаже на кратко епизодата од вчера зошто ја пропуштив?:icon_frow
Имаш реприза на Сител во Недела од 1 саат двете епизоди ќе ги даваат. Подобро е да ги гледаш ако ти кажем што се деси нема да ти биде интересно.
 
вчера беше осма епизода?
Може некој да ми ја раскаже на кратко епизодата од вчера зошто ја пропуштив?:icon_frow
Каков трип еееееејјјјјјјј. Prison Break не се раскажува. Prison Break СЕ ДОЖИВУВА!!! Ако си ја пропуштил симни си ја од интернет.

линкот е отстранет - џимеј
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom