Ги изгледав сите 4 сезони и сум запрепастена од тоа колку возбудлива, стресна и прекрасна приказна е претставена. За тие што мислат исто така, а се на почеток, само да кажам дека 4 сезона е врвот на се`! Ни на сон не може да претпоставите кои сплетки се случуваат, како се извртуваат работите и кои прикриени тајни излегуваат на виделина.
Навистина прекрасна серија, која сега ми е број еден и планирам да ја гледам повторно. Не може да не се ужива кога се гледа колку трнлив пат е потребен за да се стигне до правдата (ако се стигне, нели), колкава упорност треба и дали и колку се исплаќа. Исто добро е да се види колку е лошо човекот да е алчен за пари и слава, како и колку е добро и најважно, да без размислување правиш се` за тие што ги сакаш. Спокојот кој се чувствува кога сите се безбедни, слободни и добри, едноставно нема цена.
За сите што одбиваат да ја гледаат серијава, како што одбивав јас - почнете веднаш!:smir: