Prison Break

  • Креатор на темата Креатор на темата DarkAvenger
  • Време на започнување Време на започнување
Многу ќе плачам кога ќе заврши. Многу.

Се вратија после 7 години...кога ја видов веста дека ќе има нова сезона не знаев што да правам. Скокав од радост,викав,урлав. Едноставно ми се исполна сонот со оваа 5та сезона. Сите овие години имав надеж дека ќе се вратат со нова и најверојатно последна сезона. Изненадија милиони фанови ширум светот.
Пресреќен сум и за екипата што се заедно,горе-доле тука се сите освен Махоун што фали. Новата сезона е топ,само ме изнервира тоа што се малце епизоди али што е тука е,и веќе имате спомнато дека све се одвива премногу брзо,во 5 епизоди све видовме.
Останаа уште 2 епизоди,кој што одвај чекам да излезат посебно 9тата.

First,it was a prison. Now it's a nation!
 
Скокав од радост,викав,урлав.
Аман бе :pos:

Аматерска сезона, си се шеткаат од еден на друг брод низ целиот свет без никој да ги примети...:popce:
 
За разлика од првите 4 сезони оваа е далеку послаба. Сепак добро е што се вратија главните ликови да не освежат и да не потсетат на добрите времиња на серијата.
 
Одлична е сезоната, единствено лошо е што има само 9 епизоди и дејствието се одвива многу бргу, токму заради таа причина што 9 епизоди се премалку. Приказната која се случува во оваа сезона има материјал за најмалку уште толку епизоди, ама што е тука е.
Останува уште финалето да се види, кое мислам дека нема да има хепи енд, туку мислам дека сега конечно Мајкл ќе замине на оној свет. :D
 
Од Призон Брејк, она што треба да биде сезонава, до фалкруми, задкулисни игри на држава, двојни ЦИА агенти, паралелни влади, абе срање.
Сезонава ми е пјур булшит а ја глеам чисто пошто е Призон Брејк, Сколфилд е вратен и би ми било криво да кажам, да ја неам изгледано. Ова да е прва сезона од некој серијал во трета епизода ќе ја прекинев.

И да, ќе се согласам со Видук, губи на рејтинг што го нема Т-Бег повеќе во епизодиве.
 
Реално на сите им е потапа последнава сезона ама сите ја гледаме дека е МАЈКЛ, и дека ти го буди тоа чуство од пред неколку години што си го имал кога прв пат ја гледаше првата сезона :)
 
Одличен крај! Сите на некој начин си го добија заслуженото :P Али над се, Мајкл беше и остана царче :cool:.
Го баравте T-Bag со поголема улога, ете ви го :cuc:
 
Јас се разочарав, освен некои епизоди ми беа онака добри, другово некако не ми беше баш нај. Некако форсирано ми е.
 
Од 1 до 10 - 6.5 оценка би дал. Некако почна добро но дали поради малкуте епизоди некако ко да ја избрзаа премногу. И глупа беше сценана кога го убија вип хенд син му на т-бег. Не сум можеби разочаран ама пак и не ме воодушеви премногу. ОК за да се изгледа.
 
Сезонава мех. Over to House of Cards.
 
Подобро ќе беше да заврше со 4 сезони, и таа фајнл брејк да ја немаше!
Не дека не држи внимание 5тава сезона ама ептен исфорсирано.Плус бегаат од затвори и се шетаат низ Јемен како во сопствен двор да се, ептен Џон Вик сценарио :D
И крајов е 10 класи послаб од онај на 4тата сезона.Да не прочитав на темава, немаше да знам дек тоа е крајот, ќе мислев уште епизоди ќе излегуваат.Онака како од нигде никаде да заврши серијата во 5минути.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom