Целиот колапс оди на сметка на Емери според мене. Не знам дали и на други натпревари недоволно го следи текот на мечот и не ја чита навреме играта со цел да ја неутрализира предноста на противникот и да ги исправи сопствените недостатоци (тоа фановите на Арсенал најдобро го знаат).
Цело полувреме Делофеу ги бричи по нивна десна страна. Најлс далеку е од дефанзивно квалитетен, а Гендузи не му дава никаква поддршка зошто по средина ги има залетани Капу, Дукуре и Клеверли. Значи од старт на второ полувреме Делофеу константно шибаше по таа страна и секоја опасност баш доаѓаше преку него. Емери МОРАШЕ да направи некаква формациска корекција и да ја засили дефанзивно таа страна и да го изолира Делофеу. Да биде уште по трагикомично во 90 и некоја минута, Делофеу полумртов физички сеуште беше незатворен и опасност за одбраната на Арсенал. Значи кога веќе имаш водство 2-0 и гледаш дека противникот веќе влегува во фор, прави корекции да ги закочиш. 2 блиски линии помеѓу одбрана и средина и Обемајанг во фор да јури на контри. Измените криминални според мене. Играч за играч без ништо да промени формациски. Закачи го Чемберс на бек, Најлс нешто пред него да му помага. Згусни ја средината со Тореира до Гендузи и Џака. Лево уште еден играч пред Колашинац и чекај ги на контри. Имаш 2-0 водство и играта на Вотфорд не беше нешто премногу добра за да не се искористи нивни недостаток колку што беше Арсенал криминален во дефанзивна транзиција. Вака искрено смешно ми изгледаше како Арсенал без концепт што да прави во вакви ситуации.