Premier League - Season 2016/2017

  • Креатор на темата Креатор на темата the_kop
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Sramota e ova Arsen so pravi ej sekoja godina eban da bides pamet da ne ti dojde da ne mozes da se prisposobis na tekot na fudbalot.Ne kupuva igraci si tera nekoj film negov.Abe i upravata e kriva ili izbrkaj go ili dadi mu kesh.Posle taa sezona koga izgubi od Liverpul 5-1 Celzi 6-0 City 6-3 trebase da go izbrkaat.
 
Талентите ги лапаат уште од одма...Ругани потпиша за Јуве, Умтити за Барса, Стонс во Сити, итн.
Му останаа опции како Коло Туре и Де Микелис со оглед дека не сакаат да искешираат за докажани дефанзивци.

Инаку Мустафи му е бинго во моментов на Венгер кога веќе навреме не тргна да бара дефaнзивци и ги пропушти еден Бенатиа, Манолас му беше скап слично како и Стонс и најде решение во дете кој го купи за џабе од Болтон.
Човекот е заглибен некаде пред 15 години со филозофијата на трансфер политиката.
Зезната е малце ситуацијата со Костас, и Мурињо го сакаше него ама Рома кога го купиле од Олимпијакос потпишале некој услов демек ако е продаден до извесен период, голем дел од парите ќе одат кај Олимпијакос и ова лето не доаѓало во предвид да го пуштат, ваква некоја заебанција беше.
 
Требаше да си тргне по Кресвел ама повреден е поброто.
Кресвел потпиша сега брзо договор, Вест Хем има многу амбиции годинава со засилувањата што ги донесоа, од друга страна Ливерпул не може да му понуди ЛШ и ми се чини дека ќе им беше тешка мета и да не беше повреден.

По мое Ливерпул требаше да тргне по Адриано од Барса кој потпиша за џабе пари за Бешикташ...И покрај што ја згази 30-та мене ми изгледаше како идеален човек за формацијата на Клоп кој преферира игра со офанзивни бекови, плус го има тој победнички менталитет со Барса и ќе се вклопеше во цела таа атмосфера што се труди да ја создаде Клоп.
Искрено за Морено ќе изгледа како засилување ала Роберто Карлос.
 
Sramota e ova Arsen so pravi ej sekoja godina eban da bides pamet da ne ti dojde da ne mozes da se prisposobis na tekot na fudbalot.Ne kupuva igraci si tera nekoj film negov.Abe i upravata e kriva ili izbrkaj go ili dadi mu kesh.Posle taa sezona koga izgubi od Liverpul 5-1 Celzi 6-0 City 6-3 trebase da go izbrkaat.
Па на управата и одговара работата на Венгер. Не се само Венгер проблемот во Арсенал. Да беше така, веќе долго време немаше да биде менаџер таму.
 
Добро, кој му курац на Озил и Жиру шо си тераат одмор, а почна сезоната? Колку шо знам не се повредени. Ако им е побитен одморот од утакмица, да им се намочам на професионалноста.
 
Добро, кој му курац на Озил и Жиру шо си тераат одмор, а почна сезоната? Колку шо знам не се повредени. Ако им е побитен одморот од утакмица, да им се намочам на професионалноста.
Ваљда е со препорака на лекар за да не завршат како Ремзи и Ивоби, не верувам дека самоиницијативно си тераат одмори.
 
Понекогаш говнарски настапуваш, со меко В. Ама па ти си нашето omileno druzence na podforumov, морам да сум нежен. А не заслужуваш. :)

Точно знаев дека ти ќе ме цитираш и точно знаев што ќе напишеш. Убеден сум дека го немаш гледано Мустафи повеќе од пет пати. И дека мислењето ти се базира врз она што го пласираат медиумите, а ти/ние честопати лесно загризуваме.

На европсково постигна гол, изигра една добра партија, медиумите веднаш почнаа да го поврзуваат со големи екипи (интерес за него постоеше само од Арсенал), но без разлика, тие редеа уште милион тимови од ПЛ и Сериа А. За хајпот да биде уште поголем придонесоа и фановите на Арсенал, од очај (јас се имам радувано на трансферот на Бенајун на пример и знам како е). Бидејќи ништо не пазарија летово, сега би го примиле со две раце и Калид Буларуж, а не Шкодран Мустафи.

,,Млад, игра во Валенсија и германска репрезентација, релативно евтин и секојдневно го читам по медиуми. Мора да е добар. "
:)

Сакав да остане на ова, но ми текна дека ќе следува прашањето ,,добро, а кој кур/јајца/муда/вметни безобразлук по твој избор ти си го гледал па Мустафи повеќе од мене? "

Мустафи го знам од Сампдорија. Од локал патриотски причини (сАкако) ја следев неговата игра таму. Беше океј играч, просечен. Ништо посебно. Го гледав и во Валенсија (повеќе поради кладионичарски причини). Првата сезона му беше солидна, покрај таков Отаменди изгледаше сосема пристојно. Втората сезона, во десеттопласираната екипа во шпанска лига, се врати на старо.

Ако собереме и одземеме се, Мустафи е просечен играч. Не верувам дека на Арсенал му недостига таков профил. Тие имаат потреба од стопер ала Бејли, Кулибали, Зума. Цврсти, агресивни, добри во воздух, прилично брзи и добри со топка.
Мустафи е друга приказна. Коста, Ибра, Лукаку и ним сличните, верувам дека добро би се забавувале кога би играле против Арсенал.

Батали ги досетките, здрав Мертесакер е Џон Тери за сограѓанинов. Германецов е бавен и неагилен, но е сериозно интелигентен дефанзивец. Не е случајност тоа што толку истрае во репрезентација и во Арсенал.

Ова последново, милионските суми повеќе од милионските суми ми е малку смешно и ќе го прескокнам.
Знам, гомно проклето сум позади тастатура а во живо сум нежно и кротко момче, права срцка. :D

А по ред, не знам колку пати сум го гледал Мустафи ама сигурно се повеќе од 5 и еве да речеме помалце од 30 утакмици. Повеќето додека играше во Сампдорија кај што имаше одлична сезона, ко и цела екипа каде заршија 5-6то место.
Ја мислам спротивно од тебе, дека на ЕП голем број луѓе го запознаа и почнаа да се смеат за името Шкодран Мустафи, германец со потекло од Струга... мора да е некоја избеготина. Една лоша утакмица имаше таму, на другите беше сосема добар.

Еве у Валенсија малце послабо го имам пратено поготово вторава сезона коа завршија таму на средина, покрај Отаменди изгледал сосема пристојно, еве го истиот Отаменди во Англија изгледа сосема непристојно. Ај сеа... :icon_mrgr:

Бејли, Кулибали, Зума... првиот тотален анонимус и 3та опција у Виљареал, почекај, има време да го видиме кој е и што е. Вториот првата сезона у Наполи ко мајмун од зоолошка избеган, тотално поима да се нема од фудбал, втората односно последнава сезона беше стварно добар, последниот беше земен за 3та опција у Челзи меѓутоа се наметна откако се повредија еден од Тери и Кејхил мислам, не е битно.
Таков профил на играч треба у секоја екипа, се слагам, но на Арсенал моментално му фали ИГРАЧ. А Мустафи е добар играч, не е класа, не е кујзне што ама ќе им користи доста поготово кога имаат 2 штопери од кои едниот е Мерцезакер, бил на времето играч сеа не е и за ораси берење. Спор, стар, за нигде.

Пишале и погоре, можеа порано да најдат боље играч од Мустафи, достапни беа Бенатија, Манолас, можеа и Муриљо да го добијат од кај нас ако понудеа 25-30 милиони на почетокот на летото. Ама тоа е Венгер јеби га, сеа ќе купува панично иако 25 милиони евра не е висока сума за Мустафи ама има среќа што Валенсија прифаќа све што ќе им понудат.
Боље играч за 25 милиони нема шанси да најдат, може да се коцкаат со некој талент ама имаат 2ца такви (Чемберс и тој од Болтон) нив им треба првотимец.

Еве глеаш не употребив ниеден безобразен збор, џабе викате дека сум безобразен, жими кур сум безобразен!
 
Абе ни треба Сол Кембел или Мартин Кион тип на играч. Е нема такви повеќе умреа. Сега се маникени се фудбалерите.
 
Liverpool covered 117.6km yesterday, the most distance of any Premier League team since camera tracking was introduced.
Затоа ќе паѓаат како круши до крајот на декември. Клоп се убаво, форсира убав динамичен фудбал со многу шутеви и шанси ама треба да сфати дека цела сезона нема шанси да издржи со тоа темпо. Посебно не играчи како Кутињо, Стариџ, Лалана...
 
Затоа ќе паѓаат како круши до крајот на декември. Клоп се убаво, форсира убав динамичен фудбал со многу шутеви и шанси ама треба да сфати дека цела сезона нема шанси да издржи со тоа темпо. Посебно не играчи како Кутињо, Стариџ, Лалана...
Бенефит е во случајов што го неаме заморот за Европа, и фитнесот поинаку ќе биде распределен. Би требало да имаме предност во поглед на кондицијата.
 
Затоа ќе паѓаат како круши до крајот на декември. Клоп се убаво, форсира убав динамичен фудбал со многу шутеви и шанси ама треба да сфати дека цела сезона нема шанси да издржи со тоа темпо. Посебно не играчи како Кутињо, Стариџ, Лалана...
Затоа и има куп играчи на средина, да се ротира повеќе а и нема играње во Европа што доаѓа одлично за замислава на Клоп. Од друга страна не верувам ни толку "дива" игра со Барнли викендов и останатите од тој ранг, пак ќе е пресинг и тој стил ама со помал интензитет ваљда.
 
На позајмица го испрати :D

Сигурно не мисли на тој, едниот бел ко сирење, другиот црна гламја :D
Ама Смит не се повреди.
@ob1 Ако мислиш на стоперот Џо Гомез оној црниот лани на почеток што играше лев бек - пак е повреден.
Ако мислиш на Бред Смит - продаден е во Борнмут за 6 милиони фунти.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom