Premier League - Season 2016/2017

Кој ќе биде шампион во оваа сезона?


  • Вкупно гласачи
    218
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
download.png

IT'S HAPPY HOUR AGAIN!!!
За точно 18 дена, започнува нова Премиер Лигашка сезона. 9 месеци исполнети со возбуда, нервоза, радост, тага, 9 месеци исполнети со Премиер Лигашки фудбал. Нема подобар викенд од тој во кој има Премиер Лига. До овој момент, сеуште не се знае дали некоја програма на Балканот ќе емитува Премиер Лига, или ќе гледаме на стримови.

Новата сезона ја отвараат екипите на Хал и шампионот од претходната сезона, Лестер Сити на 13ти август во 13:45 часот, а 6 дена претходно се игра Комјунити Шилд натпреварот, меѓу Лестер и Манчестер Јунајтед. Дербито на првото коло ќе се одигра на Емирати каде силите ќе ги одмерат Арсенал со ново компонираната екипа на Ливерпул на чело со Јирген Клоп.

Сезоната ќе трае 9 месеци и ќе заврши на 21ви мај 2017 година. Како и секогаш во лигата се натпреваруваат 20 екипи, од кои 19 се од Англиско тло а Свонси е единствената екипа која е вон границите на Англија и се играат вкупно 38 кола. Ланската сезона лигата ја напуштија Астон Вила, Норич и Њукасл а нивните места ги завзедоа Барнли, Мидлзборо и Хал.

download.jpg

Минатата сезона бевме сведоци на едно од најголемите фудбалски изненадувања во историјата на спортот. На општо изненадување, Лестер Сити беше најдобриот тим во сезоната и потполно заслужено беше крунисан како шампион на Англија. За нив оваа сезона ќе биде пеколно тешка. Раниери доведе неколку засилувања, но и го загубија Канте кој потпиша за Челзи. Следната сезона ќе играат и во Лига на Шампиони, па баш ќе биде интересно што може да направи Лестер во оваа сезона. Од друга страна пак, конкурентите на Лестер донесоа во своите редови врвни менаџери. Одиме по ред.

Сити го донесе Гвардиола, пред кој следи можеби најголемиот предизвик како менаџер, да го направи со Сити она што го направи со Баерн и Барса. Ќе му биде пеколно тешко, бидејќи ни Сити го има квалитетот на ростерот како тие со кои располагаше Пеп во Баерн и Барса, а и квалитетот/интензитетот со кој се игра во Премиер Лига не е ни близу во споредба со споменатите две. Засега Пеп ги донесе Гундоган (Дортмунд) и Нолито (Селта). Јунајтед го ангажираше Мурињо кој уште од старт знаеше дека на Јунајтед му треба свежа крв, па не штедеше пари, донесувајќи ги Микитарјан (Дортмунд), Бејли (Виљареал) и Ибрахимович. И кај него притисокот ќе биде огромен, бидејќи трпението кај навивачите на Јунајтед низ годиниве се намалува и од Мурињо ќе очекуваат брзи резултати. Конте ќе се обиде да го врати Челзи на врвот, после катастрофалната сезона. Бачуаи и Канте се играчите кои треба да носат Челзи кон нови успеси. Ливерпул со Јирген Клоп и со повторно новозименет тим, ќе направи обид да се протне во првите 4 екипи во оваа пеколно тешка конкуренција. Мислењата на навивачите на Ливерпул се измешани, некои велат дека ова се "Роџерс засилувања" а други пак тврдат дека "Клоп знае што прави." Кој и колку бил во право ќе дознаеме во следниот период. Нормално, не смее да се заборави на Тотенхем, кој лани само заради катастрофалниот финиш на сезоната не успеа да ја освои Премиер Лигата. Тука ќе е и Евертон, со нов газда и менаџер, кој низ годините ќе треба да созрее во уште посериозен тим. На дното, освен новајлиите, сметам дека грчевита борба за опстанок ги чека и екипите на Борнмут и Свонси.

Нормално, премногу е тешко да прогнозираш било што во една вака изедначена лига. Прогнози, кладби, првокации, издржани и неиздржани мислења ќе има многу на темава во следните 9 месеци. За нецели три недели ќе започне уште едно Премиер лудило кое едвај чекам да почне.

Од прилика тоа би било тоа кога воведот е во прашање. Да се надеваме дека ќе гледаме атрактивни натпревари, потркепени со прекрасна атмосфера на трибините и нормално, нека победи најдобриот!
 
A

Aexil Kong

Гостин
Го нема Вотфорд во анкетата? Штета, навистина голема штета. Зошто бре го нема идниот шампион на Barclays Premier League?
Со среќа нова тема.











P.S
... Со глупиот Мацари и со неговата глупа 3-5-2 можеме само да испаднеме.
 

chef_cook

._perlous
Член од
25 октомври 2011
Мислења
4.294
Поени од реакции
13.156
Сити и Челзи,односно Пеп и Конте нема да направат нешто особено бидејки се новајлии во Премиер.Венгер и Клоп ќе му парираат на Мурињо жестоко,но Манчестер Јунајтед,осовојува оваа година.Се надевам дека Лестер ќе испаднат во втора лига!
 
Член од
29 декември 2011
Мислења
2.988
Поени од реакции
2.438
Без да се спомне Арсенал во интрото а не завршивме четврти!

Shame! Shame! Shame!
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.336
Дајте уште првиот ден да ги стигнме италјанциве по број на страни, не заслужува таа мртва Јуве лига да има повеќе страни па макар и еден ден. :D
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489


Се знaе кoј е глaвен :cool:

Сaмo oдмa грешкa нaпрaви, не требa дa имa Barclays вo нaслoвoт. @Ilumious
Фатиме и Ленче викаат цел муабет да искочи на виделина.[DOUBLEPOST=1469564294][/DOUBLEPOST]
Кој ти даде тебе пермисии тука? :pos:
 

the_kop

Модератор
Член од
14 јануари 2011
Мислења
10.432
Поени од реакции
13.558
Фатиме и Ленче викаат цел муабет да искочи на виделина.[DOUBLEPOST=1469564294][/DOUBLEPOST]
Кој ти даде тебе пермисии тука? :pos:
Capture.PNG

Делот со црвено ќе те интересира. :D
 

Dani

1 + 1 = 10
Член од
22 јуни 2010
Мислења
24.005
Поени од реакции
57.044
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom