Почина Лесли Нилсен

  • Креатор на темата Креатор на темата GTFO
  • Време на започнување Време на започнување
RIP Leslie, за мене еден од најдобрите комедијанти! Ги имам изгледано скоро сите негови филмови и од сите бев презадоволен на крајот! Гол Пиштол, Неправилно обвинет секогаш ги гледам и ќе ги гледам без да ми станат досадни!

Денес е тажен ден за мене!
 
RIP легендо.
Никогаш нема да заборавам како само ме засмејуваше кога бев малечка. Израснав со твоите филмови.
 
Цар!! Еден од најдобрите комичари на сите времиња..naked gun,за мене е најдобрата комедија некогаш снимена.. R.I.P. легендо !
 
"Surely you can't be serious? - I am serious...and don't call me Shirley!"

Еден од моите омилени глумци што секогаш ме смееше до солзи. Баш како што некој претходно кажа, и јас на почетокот го знаев како - смешниот со белата коса.
Почивај во мир Легендо!!! :(
 
Лесна му земја. Навистина тажен ден за целата филмска индустрија, еден од најсмешните актери на сите времиња. Едноставно што и да направеше во своите филмови, секогаш делуваше смешно, тоа е нешто што не го може секој. Секако неговите филмови ќе останат и понатаму да се вртат по телевизиите и да се смееме со него.

Сепак со 84 години може да се каже дека го изживеал животот и тоа е, никој не може вечно да остане меѓу нас.
 
Штета, еден од моите најомилени актери. R.I.P.
 
Naked Gun 33 1/3 е за мене најсмешниот филм некогаш направен на планетава земја. Ги имало многу ама еден беше Лесли Нилсен. Нека му е лесна земја.
 
R.I.P

Беше еден од најдобрите комичари на сите времиња. :(
 
Царов од комедијантите омилен ми беше, и ке ми остане...
Лесна му земја...
 
Вечна му слава

Инаку човеков мислам дека беше и ќе остане пример за тоа како се прави комедија!
 
Бог да го прости...

Одличен глумец, комедичар прва класа!!!
Без него светот на глумата е многу осакатен , но бар за утеха е што барем 84 години ги изживеа... и во нив успеа да исполни одлични мемории за целиот свет а се надевам секако и за него уште толку повеќе !
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom