Почина Лесли Нилсен

  • Креатор на темата Креатор на темата GTFO
  • Време на започнување Време на започнување
R.I.P :( ептен добар глумец ама тоа е тоа..
 
Голема трагедија, за филмската уметност. Иако многумина не гледаат сериозно на овој тип на филмови т.е. не даваат доволно кредит сепак за мене секогаш ваквиот тип на комедии (далеку од клише) биле нешто посебно и сум ги обожавал до крајности, потешко е некој да те насмее него да те освои со просечен филм. Главната причина за тие насмевки а богами и полудување од смеаа беше токму човекот кој не напушти денес, Лесли Нилсен или поточно хаотичниот,смешниот и пред се буквалистата Френк Дребин. Смеењето до солзи буквално на секој гледан негов филм ми стана повторувачки процес во кој уживав секогаш, едноставо само да застане пред екран и веќе немжеш да престанеш да се смееш, штета почивај во мир голем човеку! :(

Кога ќе размислам подобро денеска не треба да тагуваме, него да пуштиме некој негов филм и да се насмееме до солзи, мислам дека тоа Нилсен би го сакал. Само фрете око на овој поглед :)


292954_1253470151412_400_313.jpg
 
Си замина легенда...
Не знам колкумина знаат, човеков случајно станал комедијант, на предлог на еден режисер кој изјавил дека Лесли изгледа толку сериозно што човек не може, а да не се смее.
Почивај во мир легендо...
 
Моментално на Телма оди "Има ли пилот во авионот"
 
Ах, штета, штета...
Ми беше омилен актер. Легенда.
 
Си замина легенда...
Не знам колкумина знаат, човеков случајно станал комедијант, на предлог на еден режисер кој изјавил дека Лесли изгледа толку сериозно што човек не може, а да не се смее.
Почивај во мир легендо...
Да а пред тоа бил наратор па после глумел во хорори и драми и последните неколку години станал комедијант тоест после шоуто Police Squad каде што беше главен јунак :)
 
RIP
Ги сними можда едни од најдобрите комедии воопшто
 
Леле колку најбоље беше човеков. Едноставно не може тоа да се опише.

Не знам што да кажам, нема нешто шо би го опишало како актер.
R.I.P. Leslie Nielsen
 
Благодарам за многуте моменти исполнети со среќа и смеа.
Нека ти е вечна славата...
 
Eпик фаца, мислам дека 80% од форумџииве тука пораснаа со неговиве филмови со оглед на тоа дека 100 пати се вртеа по нашиве канали, еве и денес го истераа '' Има ли пилот во авионот '' на Телма каде и он глумеше ...
RIP !
 
Почивај во мир Лесли
Кога бев помал го викав смешниот глумец со белата коса.
Колку само ги гледав и се смеев на неговите филмови.

Да баш денес на Телма го даваа Има ли пилот во авионот заврши пред саат време
 
Барем си го изживеа животот 84 години ехеее кој ти ги дава :D RIP Shirley
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom